Надигран беше Милан во 1 полувреме али џабе беше надигран кога Тотенхем не успеа да направи ни една шанса.Играта им се базираше на центаршутеви кон Крауч кој што ни еднаш не се закани посериозно.Во второ полувреме Тотенхем само еднаш помина средина и даде гол а пред тоа можеше да прими минимум 2 гола.
Проблемот кај Милан е што најсериозните прилики ги имаа преку Јепес, централен играч од одбрана, што значи од мртва игра создавале шанси, а преку изградени акции не ми текнува дали создадоа нешто посериозно, али у секој случај немаа 100% шанса од активна игра.
Дали еднаш или 100 пати поминале центар Тотенхем сеедно, нив и 0-0 им одговараше, така да у второ повеќе одеа на тоа да не примат гол а шансата ја бараа од контри ( со Ленон во тим и Антонини ко лев бек сакал нејкел ќе имаш убитачен против напад ), поставија игра аналогна на пасивниот Милан и нивните јалови напади, требаше корна или слободен да добијат за да создадат прилика за гол.
Како и да е, ништо не е готово и тоа најмногу поради фактот што од една страна Тотенхем имаат 0 искуство во вакви мечеви, а Милан од друга страна 1 тон, не дека ова нешто значи, еве денес видовме уствари, али у секој случај баш ради истово и викам дека Милан сеуште има шанса за прогрес, иначе за било кој тим со здраво искуство у ЛШ во една ваква ситуација реваншот би бил рутина.