Ќе учат со таблети? wow.. ајде да ги затупавиме децата уште од почеток... да ги направиме роботи..
Дали се нормални овие?
Ништо не може да го замени професорот! Тврдам.. затоа што знам и по себе, како сум ги учела лекциите во основно и во средно и какви ми биле професорите.
Проблемот со денешното образование и професори не е во луѓето, туку во државата и нејзината ужасна политика и принципот според кој се вработуваат одредени лица за да бидат професори.
За среќа, ја имав таа чест, да ми предаваат професори, кои навистина си ја сакаа работата и се трудеа часовите да ги направат што поинтересни.
Тоа беа професори кои имаа разбирање и за пубертет и за домашни проблеми и за целосната состојба во државава, беа професори кои не не ценеа според тоа на кого сме и како сме облечени..
Ќе ја издвојам бившата моја наставничка по историја во основно..
Беше жена која се трудеше секогаш да ни ја прикаже историјата како нешто забавно и интересно, нешто со што треба да се гордееме, но и да учиме од грешките низ историјата. Никогаш не одеше од збор до збор да кажува за лекциите, напротив секогаш кажуваше некои интересни факти поврзани со одредени настани, кои ги немаше во книгите.
Се обидуваше преку филмови да ни ја направи интересна содржината и преку дебати да не натера да размислуваме за одредени случувања.
Вториот пример, ќе биде мојот професор по македонски јазик .. во средно. Многу образован и принципиелен човек, секоѓаш се трудеше да ни го направи часот забавен, дали со дебати или со некои негови ставови во врска со одредено литературно дело. Имаше разбирање за нашите проблеми и секогаш се трудеше да ни излезе во пресрет..
Не натера да ги засакаме книгите и да сватиме дека човек треба да учи додека е жив. Никогаш да не се откажува или ограничува.. да се бори за тоа што го сака и да верува во себе.
Професорките кои ми предаваа педагогија,психологија,социологија,философија и етика... за нив ако почнам да пишувам.. одговоров ќе зафати 50 страни.. само ќе кажам накратко..
Принципиелни, генијални, искрени, непристрасни, оригинални..
Pillow Queen може да го потврди тоа за професоркиве... пошо и она ја имаше таа чест да и предаваат професори кои навистина си ја знаеја и сакаа својата работа.
Ниедна лекција не ја учев од збор до збор, нити морав да го правам тоа, затоа што пола од матрејалот го учев на самиот час.. останатото беше на нас, со свои зборови да се потрудиме и да ги прераскажеме тие лекции. Секако... сите не го ценеа тоа.. имаше и такви кои буквално бараа да ги пееме лекциите и не им беше битно што ќе научиме, али оние кои навистина се трудеа, направија, сами да се трудиме да научиме што повеќе за одредена област и да си го кажеме своето мислење.
Сега би ги прашала јас тие господа кои се слагаат со таквиот концепт... дали еден таблет може да го замени сето ова?
Дали еден робот е поспособен од човекот? Дали едно обично парче метал може да не научи повеќе и да не разбере повеќе отколку едно човечко суштество?
Што се однесува до дотичниот господин.. Стив Џобс... ако тој навистина беше загрижен за образованието и за напредокот на човештвото, немаше да ги малтретира кинезине, кои дење ноќе работат во неговите фабрики... и тоа ако не се лажам.. за 10 долари.
Па уште кога ќе видам дека некои му се восхитуваат...
