Учи за да не работиш

  • Креатор на темата Креатор на темата Aceso
  • Време на започнување Време на започнување
Јас не викам дека се било подобро, туку дека не може да се прави таа споредба зошто е нефер. Тогаш постоела средна класа. Денеска тоа го нема.
Да, на стаклени нозе....на товар на државата која доживеала распад. Има и други фактори тука, Скопје имал 300000 жители, сега има милион....конкуренција поголема. САД имаат потрошено у таа држава еквивалент на 500 милијарди долари може у денешни пари. Многу комплексна е споредбата. А од друга страна, стан и у Германија на пример тешко се купува, со нивниот стандард.
 
Денес треба да ги учиме децава не учи пошо АИ секако ќе ти ја земе работата.
 
Да, на стаклени нозе....на товар на државата која доживеала распад. Има и други фактори тука, Скопје имал 300000 жители, сега има милион....конкуренција поголема. САД имаат потрошено у таа држава еквивалент на 500 милијарди долари може у денешни пари. Многу комплексна е споредбата. А од друга страна, стан и у Германија на пример тешко се купува, со нивниот стандард.
Мене ме иритира несразмерот меѓу вложениот труд и добиената награда, односно начинот на кој се вреднува трудот. Не тоа што некој има повеќе пари од мене. Дали ме сфаќаш?

Еве, ќе ја земам медицината за пример. Живееме во ужасно лошо време да се биде доктор. Вложуваш години во образование, учиш, се надградуваш, напредуваш, работиш, преземаш огромна одговорност и на крајот од денот сè уште имаш простор да се запрашаш дали сето ова навистина ми се исплати? Сега некој ќе се дрзне да каже тоа е хумана професија. Да, во ред, ама се живее ли од хуманост? Утре детето нема да ти рече, мамо и тато, дајте ми малку хуманост да си купам сладолед. Ќе ти требаат пари, а тие пари мораш да ги заработиш без разлика на тоа колку си хуман и посветен на професијата. Сладоледот е банален пример, секако, ама како што тргнало времето, 150 денари за еден сладолед навистина почнува да биде луксуз.

Ајде, да не биде медицина. Еве ги наставниците. Вложуваш години во образование, се подготвуваш за часови, работиш со деца и преземаш одговорност за нивниот развој и образование, а на крајот од месецот можеби едвај успеваш да ги покриеш сите трошоци. Притоа, од тебе се очекува да бидеш и педагог, и психолог, и авторитет, и човек што ќе ги надомести пропустите на системот. Ама тоа е благородна професија, нели? Епа, благородна е, ама од благородност не се живее.

Еве ги и пожарникарите. Луѓе што го ризикуваат сопствениот живот за да спасат туѓи, што мора да бидат физички подготвени, обучени, дисциплинирани и способни да носат одлуки во ситуации во кои секоја секунда е важна. Нивната работа има огромна општествена вредност, но дали тоа автоматски значи дека се соодветно платени и дека можат безгрижно да си обезбедат пристоен живот? Не нужно. А во некои случаи, келнер може да заработува повеќе од пожарникар. Немам ништо против келнерите, ниту сметам дека нивниот труд треба да биде помалку платен. Напротив, секој треба да биде соодветно платен за својата работа. Но тогаш логично се поставува прашањето, според што го вреднуваме трудот? Според одговорноста, ризикот, годините вложени во образование и општествената корист? Или според сосема други критериуми?

Од друга страна, гледам луѓе кои немаат високо образование, не се особено заинтересирани за општа култура или за дополнително учење, а сепак успеваат финансиски да си обезбедат живот каков што многумина со години образование и работа тешко можат да си дозволат. Некој вози камион, гради куќа, има семејство и живее пристојно. И во тоа нема ништо лошо. Напротив, ако човек чесно си ја работи работата и добро заработува, секоја чест. Но, тогаш пак се враќам на почетното прашање, ако вложувањето во образование, знаење и професионално усовршување не гарантира ни финансиска сигурност, ни пристоен живот, тогаш што точно им порачуваме на младите кога им велиме учи за да не работиш? Зашто реалноста е дека ќе работиш и тоа како ќе работиш. Ќе учиш со години, ќе преземаш одговорност, ќе се усовршуваш и ќе се трудиш да бидеш добар во тоа што го правиш. А на крајот, можеби повторно ќе мораш да пресметуваш дали можеш да си дозволиш нешто што не би требало да претставува луксуз.

И не, не мислам дека сите треба да заработуваат исто, ниту дека човек мора да има факултет за да успее во животот. Мислам дека треба да престанеме да се однесуваме како образованието, трудот и посветеноста автоматски да водат до подобар живот. Не водат секогаш.
Мојот проблем не е што некој има повеќе од мене. Мојот проблем е кога одредени видови труд, и покрај сета одговорност, знаење и вложување што ги бараат, не се вреднуваат соодветно. А кога на тоа ќе му додадеш дека од луѓето што ги работат тие професии постојано се очекува да бидат хумани, посветени и да работат од љубов, тогаш веќе се поставува прашањето дали со тие зборови само ја оправдуваме нивната недоволна материјална вреднуваност.
 
Ја ти ја разбирам фрустрацијата, сум го осетил и на моја кожа лично ова. Ама реалноста е таа што е, багабонти, преваранти, дилери на дрога, криминалци полесно ќе дојдат до богатство од некој што учел и се трудел пола живот. Ај ти работиш, знаеш ли колку магистри има дома што седат у некоја агонија. Едноставно тоа е нашата реалност, неплански се работи...на крајот на краиштата тоа е најбитниот елемент. Ја имав пред 15 год некоја можност да бидам професор у едно школо, не се нафатив...едноставно не вреди. Преголем напор пред се психички за мала плата. Се расправам со циганарија сега ама барем има можност за заработка....и тоа е. Тие приказните на тие што нас не воспитаа не држат вода ич, затоа и они ништо не успеаа да направат, пропадна таа генерација.
 
Imas profesii na koi svesno se odlucvas da im posvetis vreme znaejki deka nema da zivees ko bubreg vo loj, tuku onaka prosecen zivot, nisto posebno.
Medicinata bi trebalo da bidi edna takva. Prosvetata druga.
Ako sakate zivot na visoka noga ke si ucite soznam, praven, ekonomski, IT taka nesto.
 
Јас одвај завршив основно
Не оставаш таков впечаток. :)
Да, на стаклени нозе....на товар на државата која доживеала распад. Има и други фактори тука, Скопје имал 300000 жители, сега има милион....конкуренција поголема.
А градот е проектиран до тие 300.000 жители, во однос на пумпи за вода и инфраструктура. Градот се шири, градежната мафија ќе си ги стави парите во џеб, политичарот ќе земе процент и се оди на наредната парцела. Државата треба да воспостави и други предуслови при градбата на тие згради, не само паркинг и одредена зелена површина. Градежникот, треба да инвестира во изградба или проширување на одредена градинка, треба да инвестира во изградба или проширување на некоја улица. Не може да сервира нови неколку илјади граѓани, тоа значи и нови возила во градот, деца, луѓе кои ќе треба да работат, и да си отиде.

Се гради без план и анализа, нешто што требаше да се стопира пред една деценија. Еве и најголемите противници на градежната мафија, кои дојдоа на власт со таа платформа, во Центар градат зграда до зграда. Кај ГТЦ веќе има 3-4 нови згради. Една ќе се крене кај НБРМ. И на “Гоце Делчев“ се гради цел комплекс. И тука е Барутана, што значи нови објекти на Водно. Идејата на Орце, за градење на куќи му беше одлична. Во пракса само се дигаат згради. И знаеш дека не се свесни дека со ова се менува и структурата на општината, за нив поважната- политичката, но и етничката. Чаир и Центар се спојуваат. :)
Само не треба да губи време у професии кои се у изумирање и немаат перспектива.
Секој гледа како најлесно да помине во животот. Да можам да се вратам и повторно да бирам, а не дека бев оставен на бирам (право или економија, тоа ми беше дозволено, затоа што има палета на работи кои можат да се извршуваат по завршување на факултетот, за разлика од другите каде си (по)ограничен, ако сакаш да работиш во струка), би избрал нешто друго.

Со едно гуглање можеш да решиш прост правен спор, алатките кои во иднина ќе ги бидат достапни, а чии никулци ги гледаме уште сега, ќе мора правните грешки да ги сведат на минимум.

И предосадна е сета таа општост, вакво сфаќање, такво сфаќање. Ваква теорија, таква теорија. Во праксата, во секојдневниот живот, тоа не ти треба. Губиш време на глупости, на непотребни работи, наместо целосно да си фокусиран на практичниот дел. И тоа се учи на самиот почеток, потоа се нема време за практичниот дел, што значи ти е скратено образованието, истото губи на квалитет. И да, колку кредити, колку материјал (страници). Се крати од пракса, за теорија. Правосудниот ти е чиста пракса, таков треба да биде и правниот факултет. Кој сака теорија, нека оди скалило напред, таму нека има конкретизација на правото, но и целикупност на таа правна гранка. Сепак титулата треба да означува и потесна експертиза.

Дел од овие административни работни позиции мора да бидат искоренети, треба целосна дигитализација, добивање на документ и/или информација со неколку клика. Од дома, не мора да се чекаат километри колони и редици. Дел е веќе дигитализирано, дел не. Трупањето на администрација нема голема општествена продуктивност, служи за мир во нароната маса. И се цицаат пари од приватниот сектор, кој добива се повеќе и повеќе тегови. Најлесно се трошат туѓите средства. Еве, пример, за неколку години луѓето кои работат на патарина ќе бидат редуцирани. М-таг, картичка, плаќаш и си возиш. Може да остане некоја лента со физичко присуство на човек, ама ќе доминираат алатките на технолошката ера.

Способните, во рамките на таа институција, се товарени магариња. Неспособните, се оставени да се шлаат низ ходници.

Вака-така станав Мики1. :)
 
Како што поп има некои инсајдерски информации у религиска смисла така и политичар кога ќе дојде на власт има одредени информации кои обичен човек ги нема. Тие се дека све е превара, не постои сувереност, ние сме капка у море и т.н. и откако ќе ја поминат таа обука и просветлување сите идеали паѓаат у вода. Откако ќе се качиш над законот и ќе ја погледнеш рајата ти станува јасно дека никакви идеали немаат благе везе со реалноста. И тогаш никнување згради, местење тендери, купување државно земјиште за 1 евро и тд и тд се неминовни.
Не очекувај од никого на кого би му дале власт да не црпе од медот, посебно не у нашава ситуација у која сите знаат дека оваа држава еден ден ќе ја нема.
 
Imas profesii na koi svesno se odlucvas da im posvetis vreme znaejki deka nema da zivees ko bubreg vo loj, tuku onaka prosecen zivot, nisto posebno.
Medicinata bi trebalo da bidi edna takva. Prosvetata druga.
Ako sakate zivot na visoka noga ke si ucite soznam, praven, ekonomski, IT taka nesto.
Па не е дека и со правен и економски нешто превише пари се заработуваат. И IT еве, со прогресијата на технологијата, ја стварно мислам дека нема да има толку простор за сите тие програмери и информатичари. Пример, во фирмата кај што работев, имавме информатичар околу 50 годишен, но, имформатиката што тој ја имаше завршено врска немаше со тоа што е информатиката денес. Па некои колеги знаеа полесно да го решат проблемот, отколу он :).

Нејсе, еве сакам да ги спомнам и музичарите, зошто имам такви во близина. Еден бенд може за една свирка да заработи 1.200 до 1.500 евра. Ако се тројца, тоа се по 400 - 500 евра за една вечер, доколку заработката ја делат подеднакво. Со неколку свирки месечно, приходите можат да достигнат суми за кои некој со високо образование може само да сонува.

И повторно, немам ништо против музичарите. Ако некој е талентиран, си ја работи работата и успеал да заработува добро, секоја чест. Но, кога дел од приходите се остваруваат непријавено, тогаш веќе не зборуваме само за разликата во заработката, туку и за тоа дали сите ги исполнуваат своите даночни обврски и дали институциите соодветно го контролираат тоа. УЈП каде е во сето ова?

Зашто едно е да заработуваш повеќе од некој друг, а сосема друго е дали твоите приходи се пријавени и дали ги исполнуваш обврските што ги има секој граѓанин.

Плочкар, молер, електричар…долг е списокот. Некој може да работи на две три куќи истовремено, да има одлична заработка, а притоа дел од приходите да не ги пријавува. Правилата во системот очигледно не се за сите исти.
 
Последно уредено:
Како што поп има некои инсајдерски информации у религиска смисла така и политичар кога ќе дојде на власт има одредени информации кои обичен човек ги нема. Тие се дека све е превара, не постои сувереност, ние сме капка у море и т.н. и откако ќе ја поминат таа обука и просветлување сите идеали паѓаат у вода. Откако ќе се качиш над законот и ќе ја погледнеш рајата ти станува јасно дека никакви идеали немаат благе везе со реалноста. И тогаш никнување згради, местење тендери, купување државно земјиште за 1 евро и тд и тд се неминовни.
Не очекувај од никого на кого би му дале власт да не црпе од медот, посебно не у нашава ситуација у која сите знаат дека оваа држава еден ден ќе ја нема.
Другиот проблем е егалитаризмот. Знаеш, двајца со различен степен на образование, на исто ниво, еве во училиште, едниот математичар, другиот јазичар, земаат идентична плата, а едниот е дефицитарен кадар, другиот и не баш. Едно време беше тепачка за наставници по математика, дел предаваа и во две училишта. Сличен проблем имаш и во медицината. Дали ваквиот систем е правичен? Нели понуда и побарувачка. Индивидуална стручност и компетентност. Вештини, познавања од материја, доближување на истата до учениците. Приватно можеш по слободна волја да ги цениш луѓето, државно мора да работиш по шаблон. :)
 
Со сета должна почит, вчера го водев и муабетов со татко ми, заглавен во времето на Југославија и тоа како било тогаш. Значи, Југославија може да биде релевантна точка за споредба за вас кои што сте ја живееле младоста во тоа време, но треба да го имате предвид фактот дека никогаш не сте биле млади во времето во кое сега живееме. Значи не, мене не ми е проблем да слушам анегдоти и убави доживувања од младоста и времето кое што сте го живееле, ама проблем ми е кога сопственото искуство го земате како доволен доказ дека младите денес ги имаат истите можности што сте ги имале вие.

Почетната плата во тоа време на некој што бил обичен административен работник, кога ќе се земат предвид куповната моќ и трошоците за живот, можела да обезбеди животен стандард што денес е многу тешко да го постигне било кој на почетокот на својата кариера. Да не зборувам за цените на недвижностите и за тоа колку време денес е потребно за човек да си обезбеди сопствен дом.

Економската реалност денес не е иста со економската реалност во Југославија.
Исто како што сте вие заглавени во овој систем, полн експериментални проекти кај основците, собрани од негде од Европа (главно перење пари се тие проекти, не и реална основа за учениците).
Очигледно алудираш на претходниот систем (низ дискусиите на темава) па ако ти звучат као анегдоти, не е до мене.
Ние сме заглавени во времето кога незначителен број можеа со врски да земат дипломи. Од 200 души генерација, само 24 завршивме на време. Другите преполагаа, се откажаа, отпаднаа. Сега моеш и доктор на науки со моќ и пари да станеш. А тогаш имаше работа и за среднисти и со основно. Но, ти алудираш на
Така да секој е заглавен во своето време. Само што јас го знам ова време, ти не го знаеш тоа време.

Пак да повторам, не сме биле воспитани да учиме за да не работиме. Имаш погрешни информации. Секој работи, зависи што завршил. Сега е калакурница со дипломи и вработувања.
Еве да те прашам, пошто самата тема е анегдота (очигледно), ги спомена анегдотите. Па да прашам, ти зашто си учела, за да не работиш? Си можела хигиеничарка, болничарка????
Значи треба прво треба да дефинираш едуцираноста и да посочиш кој тоа учи за да не работи како и зошто ти си учела па потоа да преминеме на други аспекти. Вака испаѓа навистина кармакаша.

Од друга страна ако веќе споредуваш (а се приметува жичка споредба), споредуваш 2 различни системи за 180степени.
 
Последно уредено:
Исто како што сте вие заглавени во овој систем, полн експериментални проекти кај основците, собрани од негде од Европа (главно перење пари се тие проекти, не и реална основа за учениците). Ние сме заглавени во времето кога незначителен број можеа со врски да земат дипломи. Од 200 души генерација, само 24 завршивме на време. Другите преполагаа, се откажаа, отпаднаа. Сега моеш и доктор на науки со моќ и пари да станеш.
Така да секој е заглавен во своето време. Само што јас го знам ова време, ти не го знаеш тоа време.

Пак да повторам, не сме биле воспитани да учиме за да не работиме. Имаш погрешни информации. Секој работи, зависи што завршил. Сега е калакурница со дипломи и вработувања.
Еве да те прашам, пошто самата тема е виц (за некого мит, за мене е виц), ги спомена анегдотите. Па да прашам, ти зашто си учела, за да не работиш? Си можела хигиеничарка, болничарка????
Поентата ми е дека не може да се прави директна споредба меѓу времето во кое сте живееле вие и времето во кое живееме ние. Условите биле различни, а сметам дека во многу аспекти вашата генерација имала поповолна положба. Тоа што од 200 студенти само 24 успеале да дипломираат на време, само по себе зборува за тогашните критериуми и за тежината на студирањето. Но, дали мислиш дека нам денес ни е лесно кога имаме инфлација на дипломи, кога секој втор се претставува како квазиинтелектуалец и кога самата диплома сè помалку гарантира дека знаењето и трудот ќе бидат соодветно вреднувани?

Јас буквално од најмали нозе сум сонувала да го работам ова што го работам денес. Мене многу ми значи кога некој ќе ми каже благодарам, кога ќе ми каже дека сум во право, кога луѓето ми бараат совет и покрај тоа што веќе не сум таму каде што бев. Ми значи кога гледам дека имаат доверба во мене, дека ме почитуваат и дека знаењето што сум го стекнувала со години некому навистина му користи.

Но, што фајде од сето тоа ако општеството не го вреднува доволно трудот што стои зад таа професија? Што фајде од личното задоволство кога истовремено се прашуваш дали ќе можеш да му обезбедиш пристоен живот на сопственото семејство? Не можам да плаќам сметки со благодарност, ниту да му обезбедам сè што му е потребно на моето дете со сознанието дека сум добра во она што го работам.

И да бидам јасна, немам апсолутно ништо против болничарите, хигиеничарите или која било друга професија. Јас ги почитувам луѓето поради нивните човечки квалитети, а не поради тоа што го работат. Не е прашањето кој е повреден како човек, ниту сметам дека некој што нема факултет вреди помалку. Прашањето е дали годините вложени во образование, знаењето, одговорноста и посветеноста треба да бидат соодветно вреднувани. Според мене, треба.

Која е поентата? Зошто јас да го учам моето дете дека треба да учи, да се труди, да биде одговорно и да работи на себе, ако реалноста постојано му покажува дека тие нешта не се гаранција за пристоен живот? Не велам дека знаењето нема вредност. Напротив, токму затоа што верувам во неговата вредност, ме разочарува кога гледам колку малку таа вредност може да значи во смислата на постоењето. Животот не е само учи, учи, учи, па работи. Има и друг многу важен аспект на животот, за да функционираш, нормално. Да излезеш, да прошеташ, да си купиш нешто, итн.

Многу време ми требаше за да дојдам до овие ставови. И искрено, жал ми е што воопшто почнав вака да размислувам за нешто што отсекогаш сум го сметала за важно. Жално ми е што нешто што треба да биде двигател на човекот, желбата за знаење, за напредок и за личен развој, кај мене почна да се меша со разочарување од реалноста.

Не затоа што престанав да верувам во знаењето, туку затоа што почнав да се прашувам дали општеството сè уште знае да го препознае и вреднува истото.
 
“Секој дел од кодот го прегледав и одобрив лично јас, нормално.”

Значи, ако добро те разбирам, без претходно стекнатото знаење и искуство во програмирањето, не би можел со иста сигурност да го процениш квалитетот на генерираниот код, така? Слично е и во медицината. Со помош на АИ можеш да добиеш анализа на медицински резултати, но тоа не те прави доктор, ниту ти дава автоматски способност правилно да ги интерпретираш наодите и да донесуваш клинички одлуки.

Сепак, во контекст на темата, мислам дека тука се наметнува едно друго важно прашање, дали општеството и пазарот на трудот ќе продолжат да ги наградуваат знаењето и експертизата, или најголемата корист ќе ја имаат оние што најдобро знаат да ги користат новите алатки?

Не сум од таа бранша и искрено ме интересира како размислуваат луѓето што се занимаваат со програмирање. Дали се плашите дека доаѓа време во кое и вашата професија би можела сериозно да биде загрозена? Порано, за да создадеш апликација, требало да знаеш програмски јазик и да вложиш значително време во пишување код. Денес, со помош на АИ, дел од тој процес драстично се забрзува. Можеби поискусните програмери ќе успеат полесно да се адаптираат, но што ќе се случува со почетниците и со оние што допрва сакаат да влезат во професијата? Ако АИ превзема се поголем дел од задачите преку кои порано се стекнувало искуство, како ќе добијат можност да научат, да напредуваат и да станат експерти?

Не мислам дека знаењето некогаш целосно ќе ја изгуби својата вредност. Но мислам дека вреди да се запрашаме дали неговата вредност секогаш ќе биде соодветно препознаена и финансиски наградена.

А што се однесува до образованието во поширока смисла, верувам дека постојат нијанси што не можат целосно да се доловат преку диплома, тест или било каков друг генериран одговор. Начинот на кој размислуваш, поврзуваш информации, аргументираш и разговараш со некого многу брзо открива колку навистина разбираш нешто. Понекогаш, во разговор лице в лице, за само неколку минути станува очигледна разликата меѓу тоа да поседуваш информација и навистина да ја разбираш.
Не реков дека не треба учење, само реков дека ќе биде многу мноогу полесно, ако воопшто и од човекот се бара некаков напор. Затоа што ако не се вмеша човечки фактор/власт да каже стоп, мои груби прогнози се дека АИ ќе стане целосно автономно до 2035 и ќе може да го замени човекот во буквално секоја работа што постои. Како знам? Секој ден се бафтам со АИ то, знам како изгледаше и пред 3 - 4 години, и што стана за само 3 - 4 години.

Мојата професија веќе е загрозена, и би рекол дека е една од првите професии што се соочи со тоа. Пазарот на работа во индустријата софтверско инженерство, со тук таму по некој реален оглас, е практично мртов. Можеби во Македонија нема сеуште масовни отпуштања и сите висат на конец, ама нови работни позиции моментално не постојат. Дури и ако си поискусен, ако си невработен, денес на ваков пазар да успееш да добиеш добро платена работа е рамно на подвиг. Луѓе со децениско искуство не успеваат да поминат интервју, ако дојдат до такво нешто, со месеци и години.

p.s. немам факултет, комплетно сум самоук.
 
Другиот проблем е егалитаризмот. Знаеш, двајца со различен степен на образование, на исто ниво, еве во училиште, едниот математичар, другиот јазичар, земаат идентична плата, а едниот е дефицитарен кадар, другиот и не баш. Едно време беше тепачка за наставници по математика, дел предаваа и во две училишта. Сличен проблем имаш и во медицината. Дали ваквиот систем е правичен? Нели понуда и побарувачка. Индивидуална стручност и компетентност. Вештини, познавања од материја, доближување на истата до учениците. Приватно можеш по слободна волја да ги цениш луѓето, државно мора да работиш по шаблон. :)
Не постои правда, снаџи се па живи, тоа е мотото у универзумов. Тоа е и пораката на Ниче, Бог е мртов....моралните парадигми се превара, светот се ствара у таа дијалектичка борба у која за универзумов е битна негентропијата.
Качи се на Хималаите допри го небото, трансцендентирај ја природата на оваа реалност и врати се назад и живеј го животот у некоја симбиоза на Буда и Дионис.
Тоа наивно верување дека некој ќе ценел нешто и ќе почитувал заборави го.
 
Па не е дека и со правен и економски нешто превише пари се заработуваат. И IT еве, со прогресијата на технологијата, ја стварно мислам дека нема да има толку простор за сите тие програмери и информатичари. Пример, во фирмата кај што работев, имавме информатичар околу 50 годишен, но, имформатиката што тој ја имаше завршено врска немаше со тоа што е информатиката денес. Па некои колеги знаеа полесно да го решат проблемот, отколу он :).

Нејсе, еве сакам да ги спомнам и музичарите, зошто имам такви во близина. Еден бенд може за една свирка да заработи 1.200 до 1.500 евра. Ако се тројца, тоа се по 400 - 500 евра за една вечер, доколку заработката ја делат подеднакво. Со неколку свирки месечно, приходите можат да достигнат суми за кои некој со високо образование може само да сонува.

И повторно, немам ништо против музичарите. Ако некој е талентиран, си ја работи работата и успеал да заработува добро, секоја чест. Но, кога дел од приходите се остваруваат непријавено, тогаш веќе не зборуваме само за разликата во заработката, туку и за тоа дали сите ги исполнуваат своите даночни обврски и дали институциите соодветно го контролираат тоа. УЈП каде е во сето ова?

Зашто едно е да заработуваш повеќе од некој друг, а сосема друго е дали твоите приходи се пријавени и дали ги исполнуваш обврските што ги има секој граѓанин.

Плочкар, молер, електричар…долг е списокот. Некој може да работи на две три куќи истовремено, да има одлична заработка, а притоа дел од приходите да не ги пријавува. Правилата во системот очигледно не се за сите исти.
Ne me sfati, a mozi i me sfati ama stvarno ne mi se citase kilometarski post.
Znaci zborame za profesii kade humanosta a ne parite treba da bidi vo prv plan i profesii kade svesno ke ti ebi mater bez tronka zal.
Znaci pravnik mozi da bidi i nekoj ko Dambi, da se vrtka po hodnici i da ceka plata, pravnik mozi da bidi i izvrsitel ( si velam de deka treba praven da ima) koj ke te ostaj na ulica i oko nema da mu trepni. Takvi se profesiite jbg.
Kaj medicinata ne bi trebalo da bidi toa motiv posto se raboti za profesija kade osnovniot motiv e da im se pomaga na ljugeto.
Ste gi zgresile profesiite ocigledno :toe:
 
Епа седни прочитај ми ги сите километарски постови, па ќе правиме муабет :)
 
Back
На врв Bottom