„Убиство од милосрдие“

  • Креатор на темата Креатор на темата Јоан
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Убиство од милосрдие - проста реченица, но убиствена во нашиот став за живот. Се прифаќа, или се одбива, не постои средина, еднаш вака, еднаш онака.
Прво да го кажам она што сметам дека е добро да се каже за да се има дискусија која ќе биде дискусија, а не чорба-каша.

Ве молам за темата да дисикутирате од морален и етички карактер, а не законодавен.

Ве молам да изнесете свој став. Ставот на Црквата на која припаѓате, или некоја заедница е нејзин став, и воглавном на сите ни е познато дека Црквата е против „убиството од милосрдие“. Нејзините ставови можат да го изградат и твојот став по тоа прашање, но сепак кога дискутирате, изнесувајте го својот став.

Ве молам да при дискусијата имате на ум дека се работи за човек кој треба да биде „убиен од милосрдие“. Тој човек, не е статистика, не е бројка, не е предмет. Тој човек, е нечиј татко, мајка, брат, сестра, син...
Затоа кога зборуваме за „убиството од милосрдие“, да претпоставиме дека се работи за твојот татко, мајка, син, брат, сестра... Имајте го тоа на ум.

Мојот став, за „убиството од милосрдие“ е дека човек за да се одлучи на тоа нема љубов, нема трпение, тој не може да трпи, а не болниот, и затоа се одлучува на „скратување на болките, трпението на болниот“ со цел да му „олесни.
Никој НЕМА ПРАВО ДА ОДЛУЧУВА ЗА ЖИВОТ И СМРТ. Никој нема право да ОДЗЕМА ТУЃ ЖИВОТ во име на „милосрдие“. Тоа е лицемерие. Без разлика, што во некои земји со закон е дозволено да може да се убие беспомошен, човечќи тоа е злосторство.
 
Кога некој има ужасни болки, се мачи, секоја секунда му е агонија и се знае дека е неможно да му се помогне, зошто да не му се скратат маките? Зошто да му се продолжува агонијата? Јас тука негледам никакво лицемерие, напротив тоа е најчовечното кое може да се направи.
 
Зошто да не му ги скратам маките на ранетиот војнички другар на туѓа територија на кој рацете и нозете му одлетале од нагазната противпешадиска мина и неможе самиот да си ја скрати маката бидејќи е невозможно да остане жив?
Да го оставам да крвари додека дојдат непријателите и да го мачат колку што можат повеќе?
 
се наоѓа темава на Религија подфорум ... така да терајте ја од религиска гледна точка или да ја преместам во Општи ..
 
Бидејќи имаме забелешка од модераторот, истата забелешка се прифаќа, и оваа тема евтаназија - „убиство од милосрдие“ ве молам да ја коментирате од гледиште на вашето верување во Бога. Сметам дека и атеистите можат слободно да дискутираат, иако немаат религија и вера, барем не онаква какво исповедаат верниците, но човечката етика и морал им дава за право и тие да коментираат дали е издржлив ставот на некој кој се базира на неговата вера или не.
 
Ако коментираме од гледиштето на нашето верување во Бога , во никој случај не смее да се дозволи тоа “убиство од милосрдие “ . На сите нас ни е познато дека се она што Бог го дал , Тој треба и да го одземе . Така е и со човечкиот живот. Кои сме ние да одлучуваме место Него ?
 
Во христијанството се верува во силата на молитвата и гласното обраќање кон болниот ( дали е во кома, или е во тешка ситуација). Душата ја има таа моќ да се предаде.
Добро е да се направи исповед на болниот, каде олеснува обврската кон животот и недореченото, потиснатото или ветеното.
Ако болниот е во бессознание тогаш доаѓа отец кој иако е во бессознание болниот го врши обредод на исповед и проштевање.

Потоа е добро да се простат сите блиски, да се поздрават и да дадат поддршка на неговото заминување колку и да е тоа тешко.

Молитвата која е заедничка е во име на болниот- повредениот да се осободи од маките и Господ да помогне во тоа. Или да се исцели или да го напушти овоземскиот свет. Молитвата ја има силата да го отвори вистинскиот пат.

Убиството е грев за оној кој го починил. Божјата воља е да живеат луѓето и да сакаат, а не да се убиваат. Болеста е дел од животот, а не од смртта. Надежта е онаа искра која ги одржува храбрите.
Ситуацијата која допрела до оној кој го постави ова прашање несомнено е на работ на лудило и смртта е подобар избор од животот кој го живее болниот. Ужасот не е во моментот, ужасот е во одуката, која ќе направи хаос потоа.

На мојот пријател му умираше синот и еве што му зборуваше додека малиот беше во бессознаие :
„ Зборувај со Господ, зборувај, ти имаш право да разговараш со него, тој ти е татко исто колку и јас, и повеќе, тој има право да одлучува. Избори се. Јас не те давам, не сакам да те пуштам од тука, но тој можеби те сака до него. Еден од нас двајцата е твој избор. Јас велам да се бориш. Но, моето срце зборува дека сака да ти биде добро“.......
 
Евтаназијата или „убиството од милосрдие“ е ПЛАНИРАНО, НАРАЧАНО И ИЗВРШЕНО убиство на беспомошна личност. Човекот не е господар на животот, па според тоа не може да одлучува дали некому ќе му го одземе животот или не во име на „милосрдието кон болниот“. Ова е лицемерие.
Кога некој е болен, да претпоставиме од рак, можеби некој има и некој близок или познаник кој е болен и болеста е во последна фаза, сега се поставува прашањето, дали ќе сугерираш да се изврши евтаназија, или пак ќе му помагаш во болќите што болниот ги има да минува преку иситите.

--- надополнето ---

Ако коментираме од гледиштето на нашето верување во Бога , во никој случај не смее да се дозволи тоа “убиство од милосрдие “ . На сите нас ни е познато дека се она што Бог го дал , Тој треба и да го одземе . Така е и со човечкиот живот. Кои сме ние да одлучуваме место Него ?

Да, Црквата тоа го вели и пропагира. Па дури има и изјави на некој свештеник за таа тема или некоја напишана книшка. Но во праксата како тоа се остварува? Еве Холандија, не е некоја земја која ја карактеризира верата кон Бога, повеќе може да се смета како атеистичка, но корените се христијански. Сепак нешто има таму христијанско, па макар и да не е христијанско, има религиозно потекло. Евтаназијата во Холандија за 1995 година, значи податоците се за пред 15 години, изнесуваше скоро 20% од починатите во текот на една година. Значи на секој 5-ти холанѓанин му е извршено евтаназија.
 
Ќе бидам искрена. Слегувам во долината со лепрозни и останувам. Не бев поштедена од такво искуство. Од каде е некој сигурен дека е поседна фаза? Верникот никогаш не се откажува. Знам што прашуваш, но не можам да те поддржам.
 
Религиски мислам дека не е дозволено зошто само бог имал право да дава и да одзема живот.Ама кој го почитува неговиот збор денес?Ни оние верници што се нарекуваат ниту веруваат, ниту почитуваат, ниту знаат во што треба да веруваат и што и како да почитуваат.Зборувам за христијаните сега.Бог рекол многуу работи кои никој, ок да не навредам некого ке речам мноогу верници не ги почитуваат.Зошто ова би го почитувале?Денес кога моќта на бог и неговиот авторитет меѓу верниците се нарушени и доведени во прашање некој верува дека само бог има право да даде и одземе живот?Искрено?Па да поминам на улица со милион евра и да откупувам крстови сите ке си ги продадат своите и ке почнат да си ги крадат меѓу себе кој повеќе да продаде.Религијата и бог немаат никаков удел во ваквите одлуки на луѓето.Се молат кога бараат, сум ги видел и сум ги слушнал.Кога им е тешко го бараат бога, тоа да.Ама кога ке дојдат во ваква ситуација и кога ке треба да издржат и да живеат со нешто и цел живот да се мачат, тука бог не го прашуваат туку својата мака ја гледаат.Нема никој да се моли и да праша господе што да правам?Религијата и бог можеби не дозволуваат вакво нешто но верниците за тоа не бараат дозвола од бога.Забораваат на се и гледаат да си ги скратат маките...
 
Да, Црквата тоа го вели и пропагира. Па дури има и изјави на некој свештеник за таа тема или некоја напишана книшка. Но во праксата како тоа се остварува? Еве Холандија, не е некоја земја која ја карактеризира верата кон Бога, повеќе може да се смета како атеистичка, но корените се христијански. Сепак нешто има таму христијанско, па макар и да не е христијанско, има религиозно потекло. Евтаназијата во Холандија за 1995 година, значи податоците се за пред 15 години, изнесуваше скоро 20% од починатите во текот на една година. Значи на секој 5-ти холанѓанин му е извршено евтаназија.

Тоа за мене е политика за помалку очај. Од практично гледиште на оние кои остануваат им се скратиле маките и последиците од долготрајно боедување на некого. Но, дали ја елиминирале психолошката последица на верникот?
 
Евтаназијата или „убиството од милосрдие“ е ПЛАНИРАНО, НАРАЧАНО И ИЗВРШЕНО убиство на беспомошна личност. Човекот не е господар на животот, па според тоа не може да одлучува дали некому ќе му го одземе животот или не во име на „милосрдието кон болниот“. Ова е лицемерие.
Кога некој е болен, да претпоставиме од рак, можеби некој има и некој близок или познаник кој е болен и болеста е во последна фаза, сега се поставува прашањето, дали ќе сугерираш да се изврши евтаназија, или пак ќе му помагаш во болќите што болниот ги има да минува преку иситите.

--- надополнето ---



Да, Црквата тоа го вели и пропагира. Па дури има и изјави на некој свештеник за таа тема или некоја напишана книшка. Но во праксата како тоа се остварува? Еве Холандија, не е некоја земја која ја карактеризира верата кон Бога, повеќе може да се смета како атеистичка, но корените се христијански. Сепак нешто има таму христијанско, па макар и да не е христијанско, има религиозно потекло. Евтаназијата во Холандија за 1995 година, значи податоците се за пред 15 години, изнесуваше скоро 20% од починатите во текот на една година. Значи на секој 5-ти холанѓанин му е извршено евтаназија.


Значи секој има различни верувања и за животот и за смртта . Јас верувам дека не смееме да одиме против вољата на Бога . Се согласувам со Јассна - како верници никогаш не се откажуваме.

Примерот што го спомна , дали да се одлучиме на евтаназија или да му помагаме на болниот додека поминува низ болки ,секако дека ке помагаме . Не можеме и не смееме ние да одлучуваме наместо Бог . Од една страна , тие болки се еден вид на страдања за кои исто така одлучил Бог .А зошто , никој од нас не може да знае. Никој од нас не ги знае причините поради кои што се случува тоа што се случува . Од друга страна , јас лично можам да ви кажам пример за болна особа каде што докторите немале повеќе што да кажат , и како опција останувало молење и надевање дека самиот организам ке се избори . Да не навлегуваме премногу во детали , но како ке сме сигурни кога Бог ке одлучи дали тој организам ке се избори или не? И што ако се одлучиме на евтаназија ? Верувам дека постоја “чуда“ како што беше и со овај случај што го познавам јас .

Така што останувам на ставот дека ние не смееме да одлучуваме за туѓ човечки живот.
 
Кривичен законик на Република Македонија : Убиство од благородни побуди


Член 124

Тој којшто друг ќе лиши од живот од благородни побуди, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.
 
Многу е неблагодарно да се коментира (бе)смисленоста на ваквата одлука, да се скрати некому живот, поради неиздржливоста на истиот. Ете, Jassna посочи еден доста реална можност, ако ја разбрав добро, еутаназијата повеќе да претставува растоварување на живите од одговорност или страдање поради туѓите маки, а помалку да се применува како спасоносно решение за болниот. Од друга страна, постојат многу случаи каде што навистина болни луѓе, со неизмерни болки и неиздржлива состојба, свесно самостојно се решаваат на еутаназија.
Повеќето од верските институции не ја оправдуваат еутаназијата. Арно ама, низ историјата истите многу често оправдуваат војување (под војување се подразбираат многу убиства/често војските биле благословувани од соодветен папа-патријарх-калиф-ајатолах и сл. со цел тие да бидат што е можно поуспешни и поефикасни, и во извесна смисла, посмртоносни. Зар тука не се одзема човечки живот даден од Бога? Или тоа во вакви случаи не важи?
И навистина ме интересира како тоа даден од Бога? Мислам, каков е ставот на Црквата во однос на зачнувањето дете? Дали бог одлучува во кој случај животот ќе биде даден, а во кој не? На пример, мене ми е прилично тешко да поверувам дека Бог би решил да благослови со плод едно силување, еден инцест или пак, прељуба...
Човекот е господар на својот живот, со целосна слобода и одговорност пред себеси и пред другите (ако сакате, и пред Бога). Имаме можност да бираме и треба да бираме независно од сите можни последици од нашиот избор. Од нас зависи :smir:
Лично, не сум дошол до ситуација да решавам било што околу било чија еутаназија и искрено се надевам дека нема да дојде до таков момент. Најверојатно, ако би се работело за некој друг, би се спротивставил, оти го почитувам животот (што секако не мора да има некаква врска со мојата вера), но и би бил ставен пред тешка морална дилема.
Што се однесува до решението за сопствена еутаназија, односно помош околу самоубиство, би рекол дака се работи за крајно себичен чин, оти се занемаруваат потребите, љубовта и желбите на блиските, но од друга страна, секој си ги знае сопствените граници на издржливост, нели?
Не знам колку е продуктивна дебатата на ваква тема, која бара навистина интимни одговори од една, а која во најголем дел се одвива меѓу личности кои не понеле ваков товар, од друга страна.
 
ЕВЕ ШТО ПРОНАЈДОВ, НО, НЕ СЕ СОГЛАСУВАМ ...

Евтаназија
Некои американски лекари од општа пракса сметаат дека принципот неповредливост не ја исклучува примената на евтаназијата. Веројатно најдобар пример за прекршување на формалната изјава за неповредливост е лекарот Џек Кеворкиан (Jack Kevorkian) кој во 1998 година беше обвинет за убиство од втор степен, а тоа следување по прикажување на активна евтаназија во емисијата „60 минути”. Во некои земји евтаназијата е прифатена како стандардна медицинска постапка, а правните регулации ја поврзуваат со медицинската дејност. Во тие земји целта е да се ублажуваат болките на пациентите кои се болни од болести за кои нема лек. „Primum no Noncere“ се базира на сфаќањето дека доколку не постои можност медицинскиот експерт да понуди помош доаѓа до секојдневно страдање на пациентот. „Да не се презема зафат” се смета за предизвикување на поголема штета, отколку активно олеснување на болката на пациентот. Очигледно можноста за да се помогне зависи од ограничувањето на постапките кои треба да ги преземи лекарот од општа пракса. Овие ограничувања се карактеристични за начинот на лекување и правниот систем во заедницата. Целта на „неповредливоста“ е сѐ уште иста. Во случаи кога не постои лек на лекарот од општа пракса му се дава одговорноста да му помогне на пациентот со намерно и активно олеснување на болките.


Општа согласност
Општа согласност во етиката се однесува на идејата дека пациентот мора да биде информиран и да ги разбере можните придобивки и ризици за избраниот третман. Доколку пациентот не е доволно информиран постои ризик тој да направи избор со кој нема да се одразуваат неговите или нејзините вредности или желби. Тоа не значи процес на добивање согласност, ниту пак специфични правни барања кои варираат од земја во земја. Пациентот може да одбери дали самиот ќе донесува здравствени одлуки или ќе му ја предаде должноста на друго лице за донесување на одлуки. Ако пациентот не е во можност да донесе одлука, тогаш според законот се назначуваат различни процеси за добивање на општа согласност. Обично се поставува личност од страна на пациентот или негов најблизок роднина да донесе одлука во негово име. Општата согласност како вредност е поврзана со автономјата и кажувањето на вистината.


Доверливост
Под поимот доверливост најчесто се означува дискрецијата во разговорите помеѓу лекарот и пациентот. Овој концепт е познат како привилегија помеѓу пациентот и лекарот од општа пракса.
Правната заштита во Америка се гарантира според ХИПАА (HIPAA) законите, особено правилото за дискреција (Privacy Rule) и други државни закони, а кои дел од нив се построги и од законите на ХИПАА. Сепак се направени повеќе исклучоци. Голем број на држави бараат од лекарите од општа пракса да ја известат полицијата доколку примат пациент со прострелни рани, аисто така што ги пријават возачите кои имаат оштетен вид во Министерството за моторни возила (Department of Motor Vehicles). Доверливоста е вклучена и во случаи кога е дијагностицирана сексуално пренослива болест кај пациент кој одбива да му ја открие дијагнозата на партнерот,но исто така и при прекинување на бременоста на малолетно лице без знаење на родителите. Во Соединетите Американски Држави постојат закони според кои здравственото лице мора да ги извести родителите, доколку малолетното лице изврши абортус.
Медицинската етика ја смета доверливоста како релативно непренослив принцип на медицинската пракса. Критичарите, како на пример Јакоб Апел (Jackob Appel) се изјаснуваат за понијансиран пристап до признавање на потребата за флексибилност.


Критика кон оксната медицинска етика
Се смета дека конвенционалната медицинска етика е тенденциозна и дека е рамка во која поединците едноставно не се слободни да склопуваат договори едни со други, за да го обезбедат медицинскиот третман кој е потребен. Бидејќи голем дел од медицинската нега обично се обезбедува преку социјалната држава и бидејќи има правни ограничувања каков третман може да биде обезбеден за секој пациент и од страна на кого, мора да постои разграничување помеѓу желбите на пациентот од една страна и препораките на здравствените лица од друга страна. Тасано (Tassano) се сомнева дека добротворноста во некои случаи има предност над автономијата. Тој смета дека нарушувањата на автономијата почесто ги одразуваат интересите на државата отколку интересите на пациентите.


Значењето на комуникацијата
Повеќето таканаречени „етички недоразбирања“ во медицинската етика се должат на недоволната комуникација. Прекинувањето на комуникацијата води кон недоразбирања помеѓу пациентот и здравствениот тим, помеѓу членовите на семејството или помеѓу членовите на медицинската заедница. Таквите прекини на комуникација треба да се избегнуваат , а одредени „ненадминливи“ етички проблеми можат да се решат со отворен разговор.
[уреди]Контрола и одлука

За да се осигура дека се применуваат соодветните етички вредности во болниците, болничкото акредитирање бара да бидат земени предвид етичките почитувања. Тоа ќе биде постигнато на пример со почитување на интегритетот на лекарот од општа пракса, конфликт на интереси, научноистражувачката етика и етиката за трансплантација на органи.


Насоки
Постојат некоку етички насоки. На пример Декларацијата од Хелсинки (Declaration of Helsinki) се смета за авторитативна во областа на научноистражувачката етика. Во Обединетото Кралство, Генералниот Медицински Совет (General Medical Council) овозможува пред сè современ советник во форма на изјава која се вика „Добра Mедицинска Пракса“. Други организации како на пример Медицинското Друштво за Заштита (Medical Protection Society) и голем број на катедри се советуваат со британските доктори во врска со прашања од етиката.


Етички комитети
Обично само комуникција не е доволно за да се реши конфликт и мора да се свика етичкиот комитет во болницата за да се реши проблемот.
Овие тела се состојат пред сè од здравствени лица, но во нејзиниот состав може да има и философи, лаици и свештени лица. Во многу делови од светот нивното присуство се смета за задолжително, со цел да се одржи балансот во етичките комитети.
Очекуваниот состав на таквите тела во Соединетите Американски Држави, Европа и Австралија го применува следното.
Препораките на Соединетите Американски Држави велат дека Одборите за Истражување и Етика (Research and Ethical Boards) треба да се состојат од пет или повеќе членови, вклучувајќи барем еден научник, еден лаик и една личност која не е поврзна со институцијата. Одборите за Истражување и Етика треба да се состојат од луѓе од областа на правото и да се запознати со стандардите за пракса и професионално раководење. Според протоколот посебно ќе се разгледуваат проблемите на хендикепираните и инвалидизирани лица.
Европскиот Форум за Добра Клиничка Пракса (The European Forum for Good Clinical Practice) предлага Одборите за истражување и етика да вклучат двајца лекари од општа пракса кои имаат работно искуство во областа на биомедицинските истражувања и да не работат во институцијата каде што ќе се одвиваат истражувањата. Да биде вклучен еден лаик, еден адвокат, едно помошно медицинско лице на пример: медицинска сестра или фармацевт. Тие за кворум препорачуваат лица од двата пола со цел одразување на културолошкиот склоп во локалната заедница.
Препораките на Австралискиот Комитет за здравствена етика беа насловени „Општо Членство за Институционалните Етички Комитети“. Пожелно е претседателот да не е вработен или на било кој друг начин поврзан со институцијата. Треба да биде вклучена и личност која има знаење и искуство во професионалната нега, советување или лекување на луѓе, потоа духовно лице или негов еквивалент, како на пример Абориџинскиот старешина (службеник во Презвитеријанската црква ) , лаик, адвокат и медицинска сестра.
Задачите на философите или на религиозното лице го одразуваат значењето на општеството кога се вклучени основните вредности.

ВИДЕТЕ ГО ОВА

[video]http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%98%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0_% D0%BD%D0%B0_%D0%88%D1%83%D0%B4%D0%B0%D0%B8%D0%B7%D 0%BC%D0%BE%D1%82[/video]

Во Аушвиц, голем дел од камповите веќе биле во изградба, именувани под името Аушвиц 2 (Биркенау). Овој дел пораснал во средиште на четири огромни гасни комори, употребувани за масовно истребување. Идејата за масовно убивање потекнувала од програмата Убиство од милосрдие, која ја применувале докторите за евтаназирање на болните и немоќи цивили од окупираните Австриски и Полски територии.

--- надополнето ---

[video]http://www.mpc.org.mk/Knizarnica/Premin/Broj%2021-22/05%20Evtanazija.pdf[/video]

Детално опишано, на добар начин, од МПЦ

Веќе на почетокот на нашево столетие, познатиот правник Биндинг и психијатарот Гохе предложиле етимолошко толкување на втаназијата:

укинување/искоренување на т.н. недостоинствен/безвреден/ништотен живот. Очебијна е монструозноста на предложената егзегеза. Како резултат на оваа малигна интерпретација, евтаназијата наоѓа широка примена во нацистичка Германија. Жртви на евтаназијата биле неправилно развиените новороденчиња, душевно болните, болните од туберкулоза, инвалидите, старците... На

1 септември 1939 година, со таен указ Хитлер ја озаконил евтаназијата на неизлечливо болните. Се случиле и првите морбидни злоупотреби.
Евтаназијата произволно се применувала во елиминирањето на политичките противници на нацистичкиот режим. До август 1941 година со програмата евтаназија биле убиени 70 000 луѓе. Била создадена специјална индустрија за убивање со гасни комори, крематориуми, коли за убивање со плин и др. Се случиле и првите протести. Фон Гален, епископот Минстерски, на 28 јули 1942 година го алармирал Минстерскиот земен суд и барал да биде санкционирано /не/делото на групно убиство со евтаназија извршено над душевно болни луѓе. Програмата втаназија била запрена за кратко време. На 26 септември епископот фон Гален го обновил својот протест, огласувајќи се од амвонот на Олденбуршкиот округ. Нацистичката програма за убивање ги зафаќала неизлечливо болните но, и т.н. безвредни (ништотни) народи: Евреите, Циганите и Словените. Програмата ‘евтаназија’ била најавена со декретот за заштита на здравјето на нацијата од 14 јули 1933 г.

Меѓународниот воен трибунал во Нирнберг евтанастичката програма на нацистите ја оквалификувал како престап кон човештвото.
Во шеесеттите години од нашево столетие евтаназијата е повторно актуелизирана. Веќе самиот термин ‘евтаназија’ се одликува со екстремни противречности. Тие го отежнуваат еднозначното толкување и предизвикуваат терминолошка збрка. Во зависност од ефинирањето на поимот евтаназија, се менува пристапот кон проблемот евтаназија. Во таа смисла јасно се издеференцирани два
типа на евтаназија: пасивна и активна. Второто име за евтаназијата е метод на одложен шприц. Пасивната евтаназија се извршува така
што се прекинува давањето на т.н. насочена медицинска помош за продолжување на животот. Со тоа се забрзува настапувањето на
природната смрт. Пасивната евтаназија е често употребувана во докторската практика кај нас. Но, кога се зборува за феноменот евтаназија, најчесто се мисли на активната евтаназија.
Под активна евтаназија или метод на полна инјекција се разбира употреба на какви-годе докторски или други средства, чија
функција е да предизвикаат брза и безболна смрт. Активната евтаназија се изразува во неколку форми. Првата, убиство од
милосрдност - се применува во случај кога докторот станува сведок на неподносливо мачните страданија на безнадежно болниот човек.
Останувајќи беспомошен, во елиминацијата на болките, докторот дава прекумерни дози на палијативни (обезболувачки) препарати.
Како резултат на тоа, настапува саканиот исход - смртта. Втората, самоубиство во присуство на доктор - се случува кога докторот му
помага на пациентот да си го одземе животот. Третата, личноактивна евтаназија, се случува без помош и надгледување на доктор. Пациентот сам го вклучува апаратот што го приведува кон брза и безболна смрт. Такви се проблемите на активната евтаназија. Кон тоа число ќе ја вреднуваме и намерната евтаназија на болниот извршена од докторот поради сожалување или по барање на болниот или на неговите блиски. Овој тип на активна евтаназија е енергично и безусловно осуден во повеќето од државите, вклучувајќи ја и нашата.
Во 1977 година во Калифорнија, САД, после долги референдумски натегања бил изгласан, првпат во светот, закон за правото на
човекот на смрт. Според овој закон, неизлечливо болните можат да подготват законски документ во кој ќе биде изречена желбата за
вклучување во реанимационата апаратура. Иако овој закон постои до денес, ниту еден граѓанин на Калифорнија официјално не го применил.

...повеќе има на линкот....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom