Полски фудбалски хулигани убија навивач со мачета
Навивачите на Висла од Краков со мачета убија приврзаник на конкурентскиот клуб Краковија.
На снимката на една безбедносна камера се гледа како навивачите на локалниот клуб Висла со мачета убиваат приврзаник на градскиот ривал Краковија.
Убиството се случило дење кога несреќниот навивач на Краковија случајно наишол на навивачите на Висла, познати како „Ајкули“.
Полска одамна е позната како земја која има проблеми со хулиганите, а нивните фудбалски навивачи се нагласено брутални. Токму во Полска, и Украина, догодина ќе се одржи Европското фудбалско првенство.