IgorChete
27
- Член од
- 4 февруари 2009
- Мислења
- 7.733
- Поени од реакции
- 7.549
Да речеме која корист би имале Америте доколку сите мислат дека они не го убиле Бин Ладен сега?
Ај сите знаеме дека се ненормални, ама до толку да прават вакви глупости, не знам баш дали се. Не мислите ли дека е можно САД намерно да дава вакви смешни изговори, за светот(ние, 'обичните смртници') да помисли дека тие не го убиле Бин Ладен, барем не сега и не на тој начин како што велат?
Како на пример, читав некаде дека теориите кои тврдат дека Кулите Близначки се срушени од самите Амери, најчесто ги финансира американската влада. Затоа што, на американската влада повеќе и одговара нејзиниот народ да мисли дека владата им е бездушна, отколку да мисли дека владата им е неспособна да воспостави ред и дека нема контрола да постави безбедност.![]()
Соут Парк го кажаа тоа (на свој начин), и најверојатно тоа е и точното сценарио.