Убаво ...

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Се разбудив. Беше 6 ипол, јас не бев баш наспан, како и секогаш, и баш бев во веце и миев раце, кога го добив ова чудно чувство... Прв пат во животов се почувствував на таков начин... некако среќен... Прво се сетив на питата од мед што ја јадев пред 2 месеци, па ненадејно и незнам зошто се сетив на тестот по македонски во 8мо одделение, незнам ни како дојде во мојов мозок тој податок од минатото во 6 и пол сабајле.

Ова беше пред две недели. Сега не осеќам ништо. Изгледа неискреното општество ме престигна и мене... Или она со странецот во полн свет или полн свет со странци.. или како и да беше, не е важно.
 
убаво е, прекрасно е да живееш живот без проблеми.
 
Убаво ми е кога ќе станам рано, многу рано, но сепак сум наспана убаво и ведра. Надвор дождец, прекрасен мирис, ги слушаш капките на дождот.
Не ми пречи самотијата, уживам во неа. Читам убави мисли, ги затворам очите, и потонувам во мојот свет. Среќна сум без причина, тоа е најубаво.
 
ubavo-koga mi doaga nasmevka bez pricina
koga mirno sonuvam,a opstanokot ne e prima tema
 
Ми доаѓа сликата на кило ракија и шопска салата до неа. Може и комшијата кога е напушан до даска и зборува за историја и политика.
 
Убаво...
Кругови ананас....
Тој и јас на заедничка перница и мојата нога врз неговиот колк, неговата рака на мојата половина.
Ајвар и топло лепче за појадок.
Кога пеам без да ме нервира гајтанот од микрофонот.
Мама кога од никаде нигде ќе ми влезе во соба и ќе ми остави некое благо.
Кога татко ми ќе пројави желба да го рокнам Е. Присли а он да си чисти пиперки.
Сестра ми кога се смее за некој БТР музички спот.
Другарките кога мрчат, секоја на свој оригинален начин.
Колегиумот поднапиен, отвора невозможни убави теми, па се чувстувам интелектуално спокојно.
Утрата со ѓеврек и Били Ајдол започнати.
Нови чорапи, долен веш и нешто случајно, кога ќе си ги купам онака.
Свирките.
Тие што пеат на свирките.
Случајни 50 денари најдени во ташна некоја.
Ново млеко за тело и нареден плакар.
Убав ми е паркот пред зграда.
Фотографирањето со него и идеите.
Неговата кожа.
Косата моја, убава е.
Убав е светот, кога го гледам на калеидоскоп.
 
Убаво...
Кога не сум на факс и уживам дома:pipi:
Кога Манчестер Јунајтед победува:back:
Убаво ми е кога мајка ми ми го зготви омиленото јадење:back:
Кога брат ми оди за Скопје и нема да ме нервира:pos2:
Убаво кога баба не замара за јадење:uvo:
Убаво ми е кога гледам насмеани лица околу мене:)

to be continued:)
 
Убаво ми е кога барем на момент ги затворам очите и си замислувам како сум дома, во мојот кревет и мојата соба,надвор ладно, а внатре топло со убави филмови на тв и кафе...ништо друго не ми е потребо само барем на еден ден да сум таму и да уживам :)
Ама убаво е да посакуваш се додека не сватиш дека од таа желба во моментот ме делат 100 км :(
ама се надевам дека наскоро ке ми се исполни!
 
Општо убаво е кога животот не би ти бил проблематичен односно знаеш дека немаш проблеми у животот..
инаку мене лично ми е најубаво кога ке земам да се возам... колата под гз возикај се наоколу.. НАЈУБАВО!
 
Убаво за мене е кога личноста што ја сакам ми се насмее со таа слатка насмевка ми иде да ја срупкам!!!:icon_razz:icon_razz
 
убаво е кога конечно ќе се видиш со другарчињата што мн. ги сакаш ...и кога тие шо ги сакаш се среќни, кога во текот на целиот ден нема да примиш ама баш ни еден циничен поглед во фазон "шо се ќезиш ко будала, и се праиш дека животот е убав" :D убаво е кога околу тебе нема преозбилни фацки :D
 
Убаво ми е кога гледам на бит торент како се слегнува филм :toe:
 
Има премногу убави работи и моменти,не ги забележуваме мислејки на банален мизерен проблем со толку убави работи почнувајќи дека сеуште си жив ,дека имаш работи кои некој нема,дека имаш топол дом а некој спие на улица, дека можеш да го видиш изгрејсонцето и да слушнеш убава музика е тоа е убаво...
 
Нема ништо од природно, природара создала прекрасни нешта а нели и ние сме дел од природата.
Се што не е вештачко е прекрасно - та и живите коњи.
Беш нетал,бетон,бонзи...
Само природно - што и да е. А цвеќе и љубов најмногу!.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom