Убавината и паметот

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.856
Ајде, нова тема за филозофирање. :)

Јас лично мислам дека убава жена не може да е глупава!


Некој мисли така, некој обратно, некој дека нема врска едното со другото итн. Што мислите вие?
Дали од старт убавиот човек го осудувате дека е глупав или без разговор не донесувате заклучок?
Дали па за понеубавите луѓе мислите дека се попаметни?
Мислите ли дека овие две работи кај човекот се во постојана борба и секогаш се трудат едната со другата да се надополнат? Кога некој е убав да се пробива низ животот со помош на својата убавина, а кога некој не е, се труди да го прави тоа со помош на својот памет?
 
Убавината нема допирна точка со паметот. Убаво е да бидеш и убав и паметен, сите го сакаат тоа, но паметот е многу побитен ако сакаш да се снајдеш и да просперираш во животот. Ако човек сака да е успешен, исполнет, ќе се надоградува себеси, својот ум постојано ќе го надоградува.

Нормално дека немам предрасуди во однос на тоа ако е убав мора да е глуп или ако не е толку убав мора да е генијалец. Сите луѓе се интелегентни, ама за различни работи. Некој е за физика, некој за мода, некој за биологија...

Интелигенцијата е индивиудална и нема никаква врска со убавината на човекот.
 
Се согласувам со Крејзи дека убавината нема допирна точка со паметот.
Јас лично познавам многу убави девојки и машки кои си немаат два чисто, да седниш да правиш муабет со нив ќе ти се одмили се.
Но има и убави кои имаат завидна интелигенција и општа култура на која може секој да им позавиди.
Да не го тупам многу, Крејзи кажа скоро се што јас ќе пишував:smir:
 
Честопати се поставува прашањето: Што е подобро, да си убав и глупав или да си грд и паметен?
Па зарем не може да биде некој и убав и паметен?! Сега, убавината е премногу релативна работа и е прашање на вкус.

Пример, луѓето од светот на модата генерално ги сметаат за убави луѓе, но повеќето мислат за нив дека се истовремено и глупави. Да, тие успеале во животот со помош на нивната физичка убавина, но со ваквото генерализирање дека тие се глупави, се создал стереотип за нив.

Се` е индивидуално. Секакви комбинации постојат, и да е некој убав и паметен, и да е некој убав и глуп, и да е некој грд и паметен, и да е некој грд и глуп.
Но, најчесто се прави паралелата убав-глуп и грд-паметен, што според мене е една голема предрасуда што ја создале луѓето.

Паметот не се мери според убавината на човекот, и немаат врска едно со друго.
 
Убавината нема врска со паметот. Но, има врска со дигање на нос до таван и правење кој/а сум јас.... Сум видел 100001 таков случај и некогаш ми е преку глава од такви, а верувајте ги има со лопата да ги риниш.

Секоја чест на исклучоците.
 
Јас спаѓам во групата поединци кои што мислат дека едното нема врска со другото.
Досегашното искуство ги докажало моите мислења. Сето тоа се предрасуди. Познавам многу убави кои што исто така се доволно паметни и многу нетолку убави кои што немаат три чисти. Убавина си е убавина, а памет си е памет. Две засебни категории без допирни точки :toe:

Тоа дека убавината полесно ни ги отвора портите во животот е факт, но затоа пак паметта ни овозмужава подолго опстојување внатре. На крај краева не е се во убавината. Треба да си доволно паметен да се средиш и заличиш на човек така што убавината т.е. неубавината нема ни да се забележи. Ама треба да ти текне :)))
 
Честопати се поставува прашањето: Што е подобро, да си убав и глупав или да си грд и паметен?
Па зарем не може да биде некој и убав и паметен?! Сега, убавината е премногу релативна работа и е прашање на вкус.

Пример, луѓето од светот на модата генерално ги сметаат за убави луѓе, но повеќето мислат за нив дека се истовремено и глупави. Да, тие успеале во животот со помош на нивната физичка убавина, но со ваквото генерализирање дека тие се глупави, се создал стереотип за нив.

Се` е индивидуално. Секакви комбинации постојат, и да е некој убав и паметен, и да е некој убав и глуп, и да е некој грд и паметен, и да е некој грд и глуп.
Но, најчесто се прави паралелата убав-глуп и грд-паметен, што според мене е една голема предрасуда што ја создале луѓето.

Паметот не се мери според убавината на човекот, и немаат врска едно со друго.

Jaс, лично никогаш не сум наишол на вакво нешто и мислам дека апсолутно нема везе.
А подобро е да бидеш паметен (интелегентен) зошто убавината се купува. Од пластика до силикон, од какви не козметички третмани, солариуми, креми... од магаре човек прават.
Дивајн напиша:
Кога некој е убав да се пробива низ животот со помош на својата убавина, а кога некој не е, се труди да го прави тоа со помош на својот памет?
ДА. Убавината и паметот се два начини да се успее во животот. Тој што е паметен најчесто се пробива со својата способност, а тој што е убав.. има многу опции. Може да се закачи на нечиј грб и да цица паразитски (најчесто женски тоа го прават, но има и машки - пред да ме обвините дека сум шовинист:)- како на пример братучед ми што се ожени со Швеѓанка и се све му е равно), може директно да заработува од убавината како купишта модели и "пејачки" што немаат глас ама затоа имаат стас:toe:....
 
Според мене,нема никаква поврзаност физичката убавина со менталните способности,иако претпоставувам дека процентуално земено,многу убавите луѓе,(според мене) помалку се трудат ментално да се надоградат,имајќи ја во предност убавината,и со тоа донекаде држи вода тезата дека се,не поглупави,меѓутоа еве да речам помалку информирани:)
А иначе,доколку би се прашувал јас,со каква личност би можел да издржам,ако станува збор за избор на дијагонално различни,тоа би била личноста која нема питома фаца,бидејќи другата,уште со првата реченица ќе ке ја прекрие сета своја убавина.:smir:
 
Не се согласувам со тоа..Си има и убави и глупави,потоа и убави паметни,како што и од глупавите има од двете врсти,ама секој со својата среќа..Има девојки што ги знам стварно се убави,ама глупави се ептен,ама не викам дека и често има и исклучоци,исто така и за грдите.Значит од искуство,сум се дружела со секакви,па убавината и паметот не одат заедно секогаш,т.е ако е убава не може тоа да е условено со паметта,како и да си грда не значи дека е и глупава...
И мрам, да додадам дека ако си убава а глупава ти нема спас,вештачка интелегенција не може некој да ти даде,а ако си грда под хируршки нож и можеби ќе исападне и некоја лепотица,ако не друго барем поубава од предходно.....
 
Зависи од човек до човек сите сме различни, инаку убавината и интелегенцијата како комбинација посебно кај жена е многу фатално.Сакам некоја таква да ме порази и смести каде што ми е местото,ама се поретко и поретко се случува тоа.Инаку џабе убавина ако нема памет.
 
Женската памет е различна од машката и не можат да се мерат. Женската памет е сконцентрирана на рецепти за јадења, прости математики за на пазар (собирање и вадење) како и перцепција на “клот“ и “фртељ“ при плетење чингелаке. Жена која добро се снаоѓа во сите тие дисциплини е паметтна жена.
 
Пак ќе форумишеме за (разбивање) стереотип и тоа според две тези:
1. Убавите жени секогаш се и умни
2. Убавите жени неретко се глупави
Ако некој успее да докаже било која од овие тези користејќи ги методите на логиката, секоја чест:zver:
Јас не сум толку вешт логичар, па ќе си кажам што мислам на оваа тема.Паметните луѓе, без оглед дали мажи или жени, можат да бидат убави или грди, во зависност од тоа какви карти им поделила генетиката, но најчесто се шармантни, привлекуваат со духот па субјективно ги доживуваме како поубави од личност со сличен изглед, но глупава.
 
Jaс, лично никогаш не сум наишол на вакво нешто и мислам дека апсолутно нема везе.
Тоа за паралелата убав-глуп го спомнав баш во врска со мојот пример за манекенките дека има некакви предрасуди. А не реков дека е точно тоа. И не е само тој пример, има и други примери кога за некој убав човек се вели дека е глуп. Тоа според мене е предрасуда, мит, и не треба да се земе како точно (добро, има и исклучоци).
 
Мене ме нервира стереотипот дека убавите девојки се како кукли-убави однадвор, а празни одвнатре, посебно во пределот на главата. Дел од генерализацијава е до некаде вистинит, но само на поле на македонското манекенство и особено изборите за Мис.:icon_lol: Ама таква држава сме, срамота било да покажеш нескромност и да се пријавиш на Мис ако си убава и паметна, па се пријавуваат кај глупи, па и грди- но да престанам да си истурам утрински фрустрации. :pipi:

Да не должам, се сложувам со повеќето дека нема никаква логичка поврзаност меѓу физички изглед и коефициент на интелигенција. (освен кај манекенките :icon_lol: )
Единствена работа со која убавите луѓе се во преднос во однос на интелигенцијата е тоа дека човечките очи се поприемчиви за убави глетки, а човечкиот мозок е попристрасен во судот за убавите луѓе, и тоа е факт.
Иако нема логична основа за тоа, меѓу двајца исто паметни луѓе, од кои едниот грд а другиот убав, толпа од 10 души ќе „процени“ дека попаметен е поубавиот, баш поради таа пристрасност и слабост кон естетиката што ја имаме ние човеците.

Тоа е уште една олеснителна околност кои ја имаат убавите низ животот.

 
Од сопствено искуство (и од искуство со други луѓе) сигурен сум дека во најголем процент нема врска убавина/памет.
Еве (сопствено искуство) сопругата ми е убава ама и паметна така да... мислам дека си е до генчето.

Едино можда многу мал процент од лицата со надворешен одличен изглед најверојатно ја користат таа предност за пробивање низ животот, без многу мислење и мудрување, за разлика од лицата со послаба надворешност кои мораат да го впрегнат мозокот како предност за да постигнат одредено нешто во животот. Но сепак мислам дека е процентот премногу мал за да биде правило.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom