Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.997
Твитер беше либералната лулка, оазата за ширење на Демократската партија, без притоа да се сносат ниту со Твитер прозорчето кое дава fact checking на содржината односниот твитит, ниту да ги сносат последиците за кршење на самата политика на Твитер. Така профилините на еминентни конзервативци како Трамп или Питерсон, конзервативни дрижења, како Прауд бојс, сатирични медиуми, како Бабилон Би, беа или блокирани или избришани пораки кршењето на политиката на Твитер.
По преземањето на Твитер од страна на Маск, Маск најави дека ќе ја врати слободата на говор на Твитер, но одма се појавија прашалници околу зголемената стапка на говорот на омраза, дури и барање за воспоставување на регулативи и дел од либералната елита реши да го напушти Твитер. Среќа Твитер повеќе нема да биде алатката за ширењето на агендата на Демократската партија, па дури и самиот Маск им најави своевидна војна на воук кловновите кои не го сакаат неговиот критицизам кон претходното раководство на Твитер, нападите на сржта на модерната либерална доктрина, нападите на месијата Фаучи, па дури и објавувањето на тајните документи на Твитер, каде најчесто и без знаење на Дорси се кроеле политиките на супресија на одредени вести, одредени профили, па дури и банирање на одредени профили, без навистина да ги прекршат политиките на Твитер, само поради барање од страна на звучни имиња на Демократската партија, па и на федералните власти. Така, пред 10тина денови, преку Мат Таиби (кој беше новинар на Ролинг Стоун, работеше на претседателските избори, па во неколку интервјуа говори за нападите со кои се соочувал додека бил новинар само за пренесување на одредени мислења на анкетирани граѓани кои не биле во коорелација со духот на овој либерален весник), Вери Вајс (поранешна новинарка на ТNJT) и Михаил Шеленбергер (економист и еколог) објавија серија твитови поврзани со, досега, податоци кои беа сведени со категоријата теории на заговор.
Првата серија твитови, од Мат Таиби, се однесува за лаптопот на Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо Бајден и неговата сага поврзана со инкриминациите на меѓунардно ниво, со Украина, и на домашно тло, поврзани со употребата и купувањето наркотици. Сеуште нема истрага за Џо, кој побарал украинците да го отпуштат јавниот обвинител кој ги истражувал евентуалните криминални активности на шефот на Хантер, во замена на хуманитарна помош, што истото и се случи. Постапката во Украина беше запрена. Воедно, либералните медиуми и воопшто да не информираа за оваа вест, ја отфрлаа како теорија на заговор, а од друга страна секојдневно не бомбардираа со лажни вести, поврзани со Трамп, по изјавата на анонимен извор. Станува збор за класична супресија на конкретна вест, па дури и профилот на Кејли Мекенини, поранешната секретака на Белата куќа од администрацијата на Трамп, се соочила со привремено блокирање на профилот само поради споделување на оваа вест.
Втората серија твитови, од Вери Вајс, е за црната листа на Твитер каде со помош на алгоритам креирале потешкотии одредени профили и вести да стигнат до очите на обичниот човек. Од ковид паранојата и вакцините за деца до позвучни конзервативни имиња за американското општество како Ден Бондино.
Третата серија твитови, четвртата серија твитови и петтата серија твитови, од Мат Таиби, Михаил Шеленбергер и Бери Бајс, се за банирањето од Твитер на тогашниот актуелен претседател на САД, Доналд Трамп, после генерално мирниот протест во Капитол (така либералните медиуми ги оквалификуваа протестите и бандализмот на БЛМ), без знаење на Дорси, по притисок на политичари од Демократската партија, Трамп беше баниран од Твитер. Имаше жестока реакција од страна на Трамп, затоа што се фрли сенка кон изборите во 2020 година, каде имаше серија неправилности, како кршење на Уставот на Пенсилванија, пролонгирање на роковите за предвремено гласање, промени во избирачките правила, во, пример, Невада каде сите регистирани гласачи по пошта добиваа гласачко ливче, кое можат да го искористат, а можат да гласаат и во живо, па дури и со Доминион (апаратите и системот на гласање), чиј систем можеше да се критикува на претседателските избори меѓу Обама и Ромни. Сето ова помина под медиумскиот радар на либералните медиуми кои сеуште мака мачат со ниските рејтинзи. Во последната серија твитови е опфатен внатрешниот процес за банирање на Трамп.
Опфатив само дел од информациите, другото останува на индивидуалната љубопитност.