Твоето мислење за операта

  • Креатор на темата Креатор на темата almostanangel
  • Време на започнување Време на започнување

Твоето мислење за операта како музика е:

  • Обожавам да слушам опера, многу ме релаксира

    Гласови: 17 30,4%
  • Сум слушал кратки парчиња или популарни арии, но не е мој тип музика

    Гласови: 27 48,2%
  • Мразам опера! Ме живцира, никако не ме смирува!

    Гласови: 10 17,9%
  • Опера? А што е тоа?

    Гласови: 2 3,6%

  • Вкупно гласачи
    56

almostanangel

...за малку =)
Член од
22 декември 2008
Мислења
121
Поени од реакции
13
Возраст
35
Баш ме интересира вашето мислење за операта како музички стил!!!
Дали слушате или пак не можете да ја поднесете?
Зошто?
Колку пати сте гледале опера во живо? А колку на телевизија?
Ве релаксира ли или пак ве нервира?

Досега сум наидел на најразлични мислења, па баш ме интересираат и вашите.
Поздрав!
 
Сум слушала кратки парчиња... некогаш ме релаксира и можам по цел ден да слушам но некогаш не ја поднесувам, се зависи од расположението...
Во живо имам гледано три пати до сега. Едната беше Севилскиот бербер, таа ја гледав двапати, а другата беше Лебедово езеро.. хммм.. иако мислам дека ова езерово беше балет а не опера.. нема везе.. :)
 
Сум гледал неколку пати до сеа и ми се свиѓа. :) На телевизија не е ист филингот да гледаш отколку у живо морници да те полаза
 
Не го сакам тој стил на музика јас, можеби да пееш е стварно тешко но сепак овај стил не ме привлекува. Ево една песна што би ја одвоил и што ми се свиѓа


Прегледано
13,797,971 што не е мала бројка


 
Па искрено,незнам шо да одберам од горенаведените...по шо сакам да ја слушам,онака спонтано и ме релаксира,а пак да застанам и да ре4ам ќе гледам...тоа не го прави....Така да не е мој тип на музика....ама сакам да го слушам:):)
 
Многу моќна музика е операта,се ежам кога слушам секогаш ми побудува
силни емоции,ретко слушам,од време на време онака кога ќе ми дојде
и слушам ден или два нон-стоп и се чувствувам многу закон.
 
=) Да, операта слушана во живо е далеку појака од онаа на екран што се гледа и слуша.
Несун дорма е популаризирана арија која многу ја знаат! А многу е тешка!
 
Мразам опера .. ме нервира само што ќе зачујам :toe:
 
..најдобар начин за оштетување слух.:toe:
 
слушам коа ке ми пуштитаа музичко на час. :toe:
 
Имам слушано нешто од Павароти, од Карерас и од Бочели.
Особено ми е драга Con Te Partiro на Бочели, моќна и пријатна песна која секогаш кога ја слушам ме исполнува.
 
Операта ме релаксира како се друго од жанрот класична или сериозна музика. Претежно кратки парчиња слушам но имам и 3 гледано во живо: Моќта на судбината, Аида (Верди), Деспина и мистер Докс (Димитрије Бужаровски).
 
Не сакам опера ама ич...ме нервира малку.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom