Во случајот можно е во поштата да го немаат процесуирано плаќањето на налозите и да не се префрлени парите на сметката на автошколата. ( доколку е згрешен бројот на сметката на примачот, или пак некој проблем со трансферот ).
Имаат доста проблеми со трансферите, уплатени налози кои "лебдат" неспроведени на сметките на примачите.
Оваа ситуација треба што побрзо да ја расчистиш.
Оди со лична карта во поштата, кажи им за проблемот, доколку се сеќаваш на приближна дата на уплата на налозите ќе пребараат.
Иако, по систем и матичен број треба да те имаат евидентирано во системот на налогодавачи.
Доколку е некој проблем со трансферот на пари треба да го расреши поштата и ќе ти издадат преписи од налозите.
Откако ќе го расчистиш ова ќе знаеш на што си.
Потоа комуницирај со автошколата.
Па тие да си проверат во нивната евиденција, дали е прокнижена уплатата.
Ако имаш докази во рака од поштата дека си платил слободно нека те тужат, сите трошоци ќе паднат на нивни товар.