- Член од
- 7 јуни 2010
- Мислења
- 110
- Поени од реакции
- 7
Анкара - Турската економија остварила раст од 11,7 отсто во првото тримесечје од 2010 година, објави Националниот статистички институт.
Турција е на второ место зад Кина меѓу државите со пазарни економии во Г-20, кои интензивно растат. Во Кина е регистриран раст од 11,9 отсто во истиот период. Турската економија, 17. во светот, почна да бележи пад во 2008 година за седум отсто. Турција почна да излегува од рецесијата кон крајот на 2009 година со раст од шест отсто во последното тримесечје и економски пад од 4,7 за целата 2009 година.
„Таквите цифри покажуваат стабилно излегување од рецесијата“, изјави министерот за трговија, Нихат Ергјун за НТВ.
Министерот очекува економски раст од шест до осум отсто за второто тримесечје од 2010 година и раст од околу 6,8 за целата година.