Просечната плата во Бугарија под 200 евра
Макфакс
18.05.2008 14:36
Бугарија има најниска просечна плата во рамки на Европската Унија, која што изнесува 484 лева или околу 250 евра.
Просечната плата во Романија е за третина повисока од просечната плата во Бугарија, објави Ромпрес, повикувајќи се на податоци за приходите во првото тримесечие од годината на бугарскиот Национален институт за статистика.
Просечната плата во Бугарија во првото тримесечие изнесувала 484 лева, додека во истиот период висината на платата во
Романија била 1.192 леи или 330 околу евра.
Просечната плата во Турција поголема од минималната заработувачка во девет земји-членки на ЕУ
Анкара, 18 јуни (МИА) - Со просечната плата од 298 евра Турција се наоѓа пред девет земји-членки на ЕУ, објави турското електронско издание „Интернет хабер“, повикувајќи се на податоци на статистичката служба на Унијата, Евростат.
Во Бугарија минималната заработувачка е 92 евра, во Романија - 114 евра, во Летонија - 172 евра, во Литванија 217 евра. Словаците земаат минимум 217 евра месечно за својот труд, Естонците - 230 евра, Полјаците - 246 евра, Унгарците - 258 евра и Чесите - 288 евра.
Во другите балкански земји-членки на ЕУ - Словенија и Грција, просечната заработувачка изнесува 522, односно 668 евра.
Држава со највисока минимална плата во ЕУ е Луксембург со 1.570 евра, а по неа следува Ирска со 1.403 евра.
Како прво немате задоволителна просечна плата а не пак од другите аспекти да гледаме.