Vanlok, смешно е тврдењето дека 99% од ресурсите одат за развој на воена технологија и водење војни. Смешно е да кажиш и 40%.
Спореди ги воените индустрии со остатокот од индустријата во последните десет години во двете воено најразвиени земји и ќе видиш дека воената индустрија е смешка во споредба со остатокот.
Се согласувам дека премногу ресурси одат во воената индустрија, но позитивното од тоа е што во последните години се повеќе и повеќе ресурси одат кон развој на технологија за војување од која сите би имале бенефит.
Исто се согласувам дека повеќе ресурси треба да одат кон развојот на технологии за освојување на вселената, но воопшто не се согласувам со тоа дека Марс е иднината на човештвото.

Доколку би сакал да го задржеш моменталниот развој на човештвото во случај на некаков настан на истребување тука на земјата, треба да пренесеш десетици милиони луѓе на Марс. Пренесување на сто луѓе е голем проблем со технологијата за 10 години. Но тоа е едната страна на проблемот, другата е многу поголема. За да преживее еден човек на Марс треба да се обезбедат истите услови како тука. Иако скоро сите услови може да се создадат
, останува проблемот со гравитацијата со кој секој ќе има сериозно проблеми со останување на повеќе од 1-2 години на Марс.
Точно, технологиите не се создадени од војската, но војската има вложено огромни средства во унапредување на истите, нешто што не би го сторил цивилниот сектор заради огромните трошоци и долгото време за бенефит од истите.