Tuning

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Од каде ги зеде за ескордот амортизерите? И шо пара те фати?
 
Член од
23 февруари 2007
Мислења
191
Поени од реакции
8
Не возам Ескорт, а амортизерите се Bilstein гасни, еден дечко од Кисела Вода ми ги донесе, 60тина еури од амортизер ме фатија. Презадоволен сум од нив. А спиралите ги земав од Tuning Centre, H&R е марката, 220еури комплет 4. Иначе гледав и мотор од Мондео V6 2.5 Duratec, ама беше без електроника(ECU) и така го баталив. 800еу беше без ECU. Така да моментално си се гуркам на 1.8 Zetec 16v...

Александар
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Викаш блинштајн се добри а? Пошто јас имам ескорд и ми се за менување, па се думам што да ставам... Некои викаат монро се ок, вујко ми ми рече дека ги полнеле старите за 1.000 денари парче во Ск некаде, незнам точно каде ама тоа ми е матна работа.
 
Член од
23 февруари 2007
Мислења
191
Поени од реакции
8
Тоа со полнењето имаш на многу места, Армстронг, Зајо итн итн... Цените се од 1000 до 1500ден ама не ти се исплати воопшто. До сега сум бил сведок два пати како се зезнуваат луѓе со таа опција. Како ги репарираат кај нас, за 6 месеци максимум пак ке им се вратиш.
Билштајнов гасни се закон, не се многу скапи а на стандард спирала кога ги возев беа мноооооогу удобни. Доста поудобни од стандардните маслени. После у комбинација со спортските спирали доста укрутија вожња ама тоа е тоа...

Ако ти требаат зимај ич не се мисли.

Александар
 
Член од
27 април 2007
Мислења
4
Поени од реакции
0
Drugarcinja!!!

Kade vo skopje ima da se nabavi amortizeri KONI или Bilnstein i spirali Eibach?
Imam jugo i go spremam malku... :)

Vi blagodaram odnapred!!!
 
Член од
23 февруари 2007
Мислења
191
Поени од реакции
8
Koni/Bilstein/Eibach дека ке најдеш конкретно за југо - тешко. Распрашај се по тркачиве од што коли возат тие. Мислам дека треба да нарачаш за некој фиат, и доле само се наварува еден држач. Кај и да отидеш да нарачаш, сегде ке чекаш, од една недела до еден месец. Тјунинг центар, кај Ристе од Кисела Вода итн итн...

Александар
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Пластика со спреј за метал? Може, но за 2-3 месеци ке почне да се лупи. За пластика да се фарба (конкретно браник да речеме) прво треба прајмер за пластика па после спреј за метал или боја.
 
Член од
27 април 2007
Мислења
4
Поени од реакции
0
Ne e problem vo cekanjeto, vazno e da nabavam amortizeri i spirali. A kade potocno se naoga Tuning Center ili nekoja slicna prodavnica kade sto mozes da nabavis sportski amortizeri i spirali??

Pozdrav
 
Член од
23 февруари 2007
Мислења
191
Поени од реакции
8
Прво за тој што праша за фарбање пластика, имаш во поснабдените продавници за бои и лакови прајмер за платика како спреј. Прв исшмирглај убаво, помини 2-3 пати со прајмер, после аутолак и би требало да излезе стаклара.

За тој што праша за амортизерите и спиралите, имаш дукјан на после семафорите на `Водњанска` лево, и на `Зајчев рид` по тоа главниот пат па на првиот семафор десно одма покрај патот, не можеш да го утнеш.

Александар
 
Член од
27 април 2007
Мислења
4
Поени од реакции
0
Aleksandar,

Brate da bev od Skopje mozebi ke znaev kaj se mestava ama bidejki sum od Ohrid tesko deka gi poznavam. Zatoa kazi nesto pogolemo i poznacajno okolu niv.

Pozdrav
 
Член од
23 февруари 2007
Мислења
191
Поени од реакции
8
Другар да знаев точна адреса ке ти кажев па фати такси и ке те однесе точно. Едното е зад Рамстор, а другото после палас првиот семафор лево, па цепаш право и на првиот семафор десно и од десна страна одма ке ти дојде на 100тина метри.

Има еден друг во Кисела Вода ама стварно не знам како да ти објаснам...

Поздрав,

Александар
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Најдобар тјунинг за наши услови е на Југо и тоа old school тјунинг значи без електорники, убризгавања... Класика 1,6 мотор два дупли карбуратори, остра брегаста, обработена глава, 4-2-1 издув... Значи за 2-3 000 евра имаш машина што тешко да је стигне и некое посилно BMW.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom