Тумор на лице

  • Креатор на темата Креатор на темата Matador :)
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
6 март 2009
Мислења
979
Поени од реакции
853
Човекот слон

Кинезот Хуанг Чунчаи, познат како „човек слон“ е подготвен за втората операција за која се надева дека ќе биде успешна и ќе му овозможи нормален живот.
covek%20slon2.jpg
Докторите во јуни минатата година отстраниле тумор тежок 15 килограми од лицето на 32-годишниот Хуанг. Новиот оперативен зафат ќе го изведат докторите од болницата „Фуда“во Јужна Кина. Пред првата операција Хуанг едвај можел да зборува поради големината на туморот. Левото око му било потполно затворено, левото уво му било спуштено до рамото, а десното уво и вилицата му биле потполно прекриени со ткиво.
covek%20slon1.jpg
„Се надевам дека мојата болест се лекува и дека по операцијата ќе се вратам среќен дома и со семејството ќе уживам во пролетниот фестивал“ вели Хуанг. Докторите се оптимисти и очекуваат позитивен исход од операцијата. Единствен проблем е што туморот се наоѓа во близина на увото, па ќе мораат да вложат големи напори да го отстранат туморот, а да го сочуваат увото. Ако се биде како што треба, телото на овој 32-годишен човек ќе почне да се враќа во нормала. А тоа е многу битно затоа што туморот Хуанг го отргнал од нормалниот живот. Поради необичната болест бил присилен да го напушти школувањето, а татко му дури и добил понуда да го продаде синот во циркус каде би бил прикажуван како чудовиште.
covek%20slon3.jpg

човекот слон


Уу језиво :S
Како може вака да живее ...
 
ОМГ!!

Гадно..неможам ни да замислам како се чувствува човекот..
 
Да мислам дека има знакчиња за предупредување пред да отовориш тема.Јас не можам ни да читам ни да гледам:(
 
Греота,којзнае колку му е мачен ваквиот живот.:(
Се надевам дека оваа операција ќе биде каде-каде поуспешна од претходната и дека конечно ќе може да има нормален живот.
Инаку..стварно гадно изгледа.:pov:
 
...која смешност и интересност ја има, се чусвувам како во среден век, кога ваквите дегенерации ги користеле да го забавуваат народот... се разбира на паузите меѓу 3-4 спалувања на вештерки.
 
Имаше еден со ист проблем, од Шпанија ако не се лажам, на Discovery ја гледав емисијата за него пред некое време. Исто така тумор кој му го покрива целото лице... Жално во секој случај. Се надевам успешно ќе помине операцијата и барем делумно ќе му се врати животот.
 
...која смешност и интересност ја има, се чусвувам како во среден век, кога ваквите дегенерации ги користеле да го забавуваат народот...

Исти курац, Апо. Само различна сцена.
Место на сред плоштад, на интернет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom