Трпе и Трпана

  • Креатор на темата Креатор на темата InF3cTeD
  • Време на започнување Време на започнување
Трпе чека пред шалтер.
- Вашето име?
- Т-т-т-т-т - трпе Стружанчев.
- Вие пелтечите, не ве разбрав баш најдобро?
- Не пелтечам мори, кумот пелтечел.
 
Трпе и Трпана сакале да пренесат твор преку граница, иако бил забранет пренос на животни. Пред граница:
-Жено ставај го творов во гаќи!
-Ама Трпе смрди многу.
-Ставај го мори!
-Ама смрди труе...
-Абе ставај го па ако треба нека се отруе!!!
 
Трча Трпе на лекар и му вели на лекарот:
- Докторе, брзо помагајте син ми го проголта пенкалото!
- Ма нема проблем, еве земете го моето!
 
Трпе фатил такси, ама имал само 30 денари и го молел таксистот за тие пари до дома да го однесе.
Таксистот на тоа возбудено:
- Јас треба на децата леб да им купам.
- Е добро де, ќе почекам, не се брзам толку!:pipi:
 
Директорот се фали:
- Ја жена ми за 8-ми Март ја пратив малку во Солун.
Заменикот на директорот:
- Ја жена ми ја пуштив до Бугарија.
Помалиот шеф:
- А ја до Охрид ја пуштив.
Трпе бил магационер и си молчел.
- Трпе, ти бе шо ќутиш? Кај ја прати жената?
- Ја немам пари, ќе морам сам да си ја дупам!
 
Го прашува Трпана својот дечко Трпе:
-Имаш ли раце?
-Да.
-Имаш ли уста?
-Да.
-Па направи нешто.
Трпе ја става раката на устата и прави:
-Брммм...брм...брм.....
 
-Трпе,како не ти е срам?! -го кара мајка му
-Зошто да ми биде срам?!
-Затоа што броиш на прсти! Голем си,почни веќе еднаш да се служиш со главата!
-Ама , мамо... како кога немам десет глави, туку само една?!:pos2:
 
- Трпе, зошто татко ти денес беше на училиште?
- Учителката го викна за да се жали од мене.
- И што стана?
- Е па ништо, учителката ми кажа сега да ја викнам мајка ми, за да се жали од татко ми!
 
Се качува Трпе на воз,влегува
во купето и гледа пет црнци:
-Овде нешто изгорело???
 
Отишол Трпе во ќебапчилница и прашал:
- Колку ви се ќебапите?
- 15 денари - му одговорил келнерот.
- А колку ви е лукот?
- Епа тоа е џабе...оди бесплатно со ќебапите.
- Епа дај ми тогаш еден ќебап и една вреќа лук!!!
 
Трпе го кара синот:
Доста со тоа спортската, фати малце книга.... колку се 3:3?
Нерешено, тато:pos2:
 
Колегите го прашуваат Трпе што и земал на девојката за роденден.
- А бе имаше само 500 денари во новчаникот, да имаше повеќе и тие ќе и ги земев.
 
Се враќа Трпе дома и и вика на Трпана:
- Леле жено ме еба Интер и тоа на гости!
- И мене Милан комшијата, дома.
 
Перо бутка буре по улица, го сретнува Трпе и го прашува:
- Перо, каде со бурево?
- На лекар. Ми рече за месец дена мокрача да му однесам.
 
Оди Трпана во книжарница и му вели на продавачот:
- Дали ја имате книгата "Жената господар на куќата"?
- Штандот за научна фантастика, госпоѓо, е од другата страна.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom