Трпе и Трпана

  • Креатор на темата Креатор на темата InF3cTeD
  • Време на започнување Време на започнување
Влегува мал Трпе дома и зема голем здив-Мамо Мамо за малку ке добиев петка
Како бе?
Па ученикот што седеше до мене доби петка
 
Му вели наставничката на Трпе:
Трпе кажи ми 5 домашни животни
Трпе: 2 мачки и 2 кучиња !!!
 
Трпе ги однел двете свинчиња на ветеринар.
- Еднава свиња ти е супер, а другава, да бидам искрен, потечени и се очите.
- Е како нема да и се отечени , вчера два саата ме гледаше како швајсувам!
 
Тргнале Трпе и Трпана на крстарење околу светот со луксузен брод. Така една вечер додека вечерале во ресторанот Трпе рекол:
- Замисли Трпано, оној бродскиот доктор се фалел дека успеал да ги легне сите жени на бродов, освен една.
- Ах, тоа мора да е онаа одвратната баба што седи сама на шанкот.
 
Ја носи Трпе жена си по риба. Ги фрлаат тие трските, кога по некое време ете ја Трпеица се јавува:
- Абе, љубави, скапи се овие тапиве?
- Не многу, зошто?
- Мојата потона пред малку, ама не бери гајле, ќе ти купам нова.
 
Се враќа соседката од работа и по скалите гледа Трпеица го држи детето за нога и го симнува по скалите-трескајки го надоле по скалите.-Застанува соседката на Трпеица и зачудено ја прашува

- Море Трпеице што така си го затрескала детено по скалине-не гледаш ке му падне шапката

Трпеица

-не се грижи комшивке шапката му ја заковав со шајка-тешко да падне.




Трпе му се жали на својот татко

Тато,добив 3 кеца!

Е добро бе сине како доби 3 кеца?!!!
Трпе: Па по македонски пишувавме реченици и Никола напиша: Ана го сака Перо, Марко напиша: Ана го сака Митре и Стефан напиша: Ана го сака Трајче.
Таткото: Е добро бе таа Ана ку*виште невидено!!!
Трпе: Па и ја тоа го реков...
Таткото: Е добро бе а како по математика доби кец?!!!
Трпе: Па наставничката рече дека 2+3 е 5 и мене ме праша колку е 3+2?
Таткото: Па исти к*р!!!
Трпе: Па и ја тоа и го реков...
Таткото: Е добро бе, а како по веронаука доби кец?!!!
Трпе: Па наставничката викаше дека Господ е насекаде...кај нас дома, надвор...насекаде...и јас ја прашав:
- А наставничке и кај Цветко во подрум? И она ми вика: Да Трпе.
Таткото: Е жими ку*ов! Цветко нема подрум!
Трпе: Па и ја тоа и го реков.




Трпе бил гробар и баш копал еден гроб, кога ете доаѓа една баба и го прашува:

- Извинете, знаете ли можеби каде е оној мал гроб покрај големиот даб?

- А Трпе: Па добро бабо бе, што излегуваш кога не знаеш да се вратиш?

Си седеле Трпе и двајца индијанци во шаторот и одеднаш тропнува нешто надвор. Изглегува едниот индијанец да види и се слуша само едно ТУП и влегува во шаторот со модро око. Бидејки не им кажал што се случило излегува вториот индијанец да види кога пак ТУП и тој влегува со другото око помодрено. Радознал Трпе излегува последен да види што е работа кога се слуша двапати ТУП... ТУП... - Тогаш едниот индијанец смеејки му вели на другиот: Изгледа дека брат Трпе двапати нагазна на МОТИКАТА.
:pos2::pos2::pos2:
 
Малиот Трпе ја прашува мајка си.
- Мамо, на тато му помина проливот?
- Каков пролив, нема татко ти пролив.
- Е како нема, вчера вечер те чув кога му кажа на тато: "Кога ќе ти се стврдне тоа гомно веќе"
 
Под бандера навечер Трпе бара нешто. Доаѓа Стојан и прашува:
- Што бараш бе?
- Клучот. Помагај ако сакаш.
Барале двајцата 15 мин. и на крај Стојан прашува:
- Добро бе, кај точно го изгуби?
- Еее, онаму.
- Па што не го бараш таму?
- Нема светло таму.
 
Трпе и Трпана се возеле во Титаник и капетанот рекол дека бродот ќе удри во Санта Мраз и дека ќе потони. Трпе почнал да плаче и Трпана го прашал зошто плачеш кога ние ќе се спасиме. Трпе и рекол:
- Абе види колку железо ќе пропадне.
 
Трпе уловил златна рипка. И како тоа обично бива, рибата му иполнува три желби за да биде пуштена назад во вода.
- Првата желба ми е .... жена ми повеќе да не ме изневерува со други мажи.
- Втората желба ми е, ако случајно ме изневерува, јас тоа никогаш да не го дознаам.
- И третата желба ми е, и да дознаам некогаш, да не се нервирам.
 
Учителката ги испрашува децата на буква, на буква. Трпе цело време крева рака ама оваа не го дига бидејќи знае дека ќе тресне нешто безобразно. Дошла до буквата Ф, само Трпе крева рака а учителката решава да му даде шанса, бидејќи нема ништо безобразно на таа буква.
- Ајде Трпе, кажи збор на Ф?
- Фичка!
- Трпе, па не постои таков збор бе дете.
- Фостои, фостои!
 
Трпе ја носи жена му на брачно патување на сафари во Африка.
- Миличок, што би направил кога некое горило би ме грбнало?
- Не зборувај глупости мила, толку глуп мајмун не постои!
 
Го прашуваат на школо малиот Трпе како умрела баба му!
-Умре од секс, им рекол тој!
-Е како може да умре од секс?
-Епа така,се сјеба по скали
 
Малиот Трпе напишал пи*ка на табла и наставничката го избркала од час. Наишол тој на директорката и таа го прашала:
- Што бараш ти тука?
- Ме избркаа од час.
- А наставничката што прави?
- Ништо ја брише пи*ката.
 
Машиновозачот Трпе го судат затоа што со цела композиција при голема брзина влегол во поле со пченка.
- Добро бре Трпе, како успеа со толкаво големо искуство, да излезеш од шини.
- Е како да не излезам, кога на шините ја видов жена ми!
- Па што не ја згази!!!
- Е како да ја згазам кога почна да бега накај полето!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom