Трошење пари на искуства или предмети?

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување

Што би избрале ако мора да одберете едно ?

  • Искуство

    Гласови: 64 79,0%
  • Предмет

    Гласови: 17 21,0%

  • Вкупно гласачи
    81
А

Атомската мравка

Гостин
Значи под предпоставка имате заштедено одредена сума на пари која ви е за трошење, на што повеќе преферирате да ги потрошите на искуства (одмори, патувања, забави, викенди, концерти, фудбалски натпревари итн) или пак на предмети (телефони, часовници, автомобили/мотори итн) ? Првите во принцип ти остануваат повеќе во сеќавање во животот но пак од друга страна од предметите (скоро) секогаш може да се врати одредена сума од парите ако не ти е потребен веќе.

Знам дека сите имаме многу желби и потреби па се трудиме што повеќе да ги задоволиме истите но некогаш во моментот мора да избереме помеѓу две работи, на пример да посетиш утакмица на твојот омилен тим или пак истите пари да ги потрошиш на накој добар часовник.. да отидеш на концерт на некој бенд или да си купиш велосипед, да си купиш нов автомобил или месец дена да одиш на некое егзотично патување (работите предходно се дадени само како примери за споредба) што мислите кои работи се подобри / и не прават повеќе среќни предметите или искуствата кои ги доживуваме..

Знам дека и двете се скоро-подеднакво битни, но што би избрале кога би морале да бирате помеѓу овие две работи ?
 
Искуства, по оние кај МТВ :D
 
Од секогаш сум бирал искуства,т.е. патување. Заеби ти часовникот или телефонот,после 2-3 год ќе го фрлиш,патувањето ќе ти го бележе животот до крајот, и повеќе ќе бидиш исполнет отколку телефон кога ќе купиш.
 
Искуства...
-Патување,одмори,забави,добро испланирани викенди со друштво,концерти и тако даље.Проводот е најдобар,зошто еднаш се живее и треба тоа да се искористи...Ке имаш најубави спомени од младоста кои ке ги кажуваш со години...
Ке запознаеш нови личности,ке споделуваш мислења на разни теми кои можат да ти се најдат во понатамошниот дел од животот...И кога на крај ке се гледаш на сликите остарен со задоволство ке се смееш слатко на тоа време...
А за телефон,часовник не сакам да давам огромна сума на пари...
Добро кажаа пред мене...утре ке се расипе тој предмет и ке го немаш...Расипан,изгубен или поминат мерак...
 
Не баш подеднакво но потребно е и искуство а и предмети. Како голем љубител на часовници би одвоил поголема сума на пари доколку ми се засвиѓа некој часовник сега, за искуството, без него пак ништо не бива. По одмори не сум и толку многу него патување во некој град и негово детално истражување.
 
доживување. или предмет кој ќе ми овозможи доживување (автомобил, ако го немам, а не сакам да зависам од други; книга - но таа овде не се брои, не е доволно скапа ;)).

во секој случај, трошење за предмет-трофеј (еј, виј колку сум јак!) ми е фрлање пари за чалами.
 
доживување. или предмет кој ќе ми овозможи доживување (автомобил, ако го немам, а не сакам да зависам од други; книга - но таа овде не се брои, не е доволно скапа ;)).

во секој случај, трошење за предмет-трофеј (еј, виј колку сум јак!) ми е фрлање пари за чалами.

колку е неточно ова, може и да се фали некој сум бил ваму таму, а предмет да се купи ради потреба на пример може да купам ајфон зашто ми треба имам потреба
 
на пример може да купам ајфон зашто ми треба имам потреба

:pos:

Ајфон бил потреба.
What's next? Мерцедес е потреба?

И Нокиа 3310 ќе ти заврши работа ако ти е потреба.

Он: Искуствата се паметат цел живот, предметите што ги поседуваме се минливи.
 
:pos:

Ајфон бил потреба.
What's next? Мерцедес е потреба?

И Нокиа 3310 ќе ти заврши работа ако ти е потреба.

Он: Искуствата се паметат цел живот, предметите што ги поседуваме се минливи.

:facepalm: зашто толку си ограничен тоа само како пример го дадов еве на пример купувам самсунг галакси пошто имам потреба а нокиа 3310 нема подршка за гледање филмови слушање музика нема слот за микро сд нема интернет
 
:facepalm: зашто толку си ограничен тоа само како пример го дадов еве на пример купувам самсунг галакси пошто имам потреба а нокиа 3310 нема подршка за гледање филмови слушање музика нема слот за микро сд нема интернет

Ок, те сфативме, тебе предметите ти се побитни.

ПС. Имаш евтини кинески смартфони кои ги имаат набројаните работи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom