Трик! Со помош на гаранцијата да добиете нов телефон

  • Креатор на темата Креатор на темата Jane
  • Време на започнување Време на започнување
Абе мое мислење е ако некој ми продава тел. без гаранција и ми вика дека е добар, би го зел. Ако нешо не чини и се заеби (не по моја грешка во наредните 3-4 саати) треба да ми го смени. Е сеа ако ми вели дека е екстра сочуван нема шо да се мислам дали ке ми се расипе или не посекако може и нов да е па да се расипи.
А за ова со горење на телефонот... Немојте да се заебавате со такви работи! Ако ти е добар телефонот работи го и ќути или продај го купи си поарен. Зашо сите гледаат да направат некоја штета и да се офајдат на туѓа сметка? И тоа едно фајде мобилка 1 година стара што вреди 70% помалку пред една година. И што кога ке ти дадат нов телефон? Ист ке биде ко стариот. Нема да има никаква разлика. Само штета да се правело...ебати Македончето... да му цркне на комшијата козата.
 
Dzish напиша:
И што кога ке ти дадат нов телефон? Ист ке биде ко стариот. Нема да има никаква разлика. Само штета да се правело...ебати Македончето... да му цркне на комшијата козата.
Јас сега имам Нокиа Н73.стар (2 месеци али не е битно тоа). Кога би ми дале нов исти ваков би добил плус 90-100евра. Незнам баш дали нема разлика.:tapp:
 
Jane напиша:
Јас сега имам Нокиа Н73.стар (2 месеци али не е битно тоа). Кога би ми дале нов исти ваков би добил плус 90-100евра. Незнам баш дали нема разлика.:tapp:

значи ако ти дадат нов таков, во поголемите случаеви не!
 
A што ако не ти дадат? Некако поголеми се шансите да не ти дадат и да те откријат отколку да ти дадат. Ни телефон ни пари? Тогаш што? А колку вреди Нокиа Н73 200-300 евра? А и да ти дадат ти ке го продаваш?
 
Necrophilia напиша:
значи ако ти дадат нов таков, во поголемите случаеви не!
Сакав да му објаснам што е разликата помеѓу НОВ и СТАР мобилен. А ова дали успева триков нека провери некој па нека каже.:vozbud:
 
п.с. ако сте до толку болни и сакате штета да правите на некој што сака да си работи нормално/поштено и да ве услужи како човек ке ви кажам како најдобро да цркнете мобилен телефон ама важи само кај некои модели како самасунг, лг, шарп, нец, моторола итн...
за нокиа не сум сигурен.
па дури и на мене да ми го донесете т.е. што има искуство со вакви работи многу тешко да препознаам дека цркнал од тоа...

значи мора да е конектиран преку дата кабел и преку писи суит префрлате фајлови насред префрлање го вадите кабелот ако неке од прва од 5пати сигурно еднаш ке се умртви.

за симбианците имам и вируси што умртвуваат епром, ама тоа се решава со флешување...
 
Абе немој да кажуваш... Ке си експериментира некој па на крај да не испаднеш ти крив. Ке речат овај ни кажа. А и јас сум слушнал дека така може да се оштети телефонот (незнаев до која мера). Ист случај е со флеш мемориите за на усб. Ако не се прави стоп на хардверот пред да се вади од усб (во кое има и напојување меѓу дугото) има големи шанси да изгори.
А ако ти донесе некој прегорен тел. во иднина прво прашај да не дошол во контакт со кајгана форум :)
 
Necrophilia напиша:
хехе... се сложувам, ама не е кај сите така тие од алфа копи, германос, импулс, мобико и промо се со средно.

т.е. на нив не им е битно дали ке ти го напраат телефонот или не, битно им е на крај месец да си земат 15.000ки...

додека повекето од сервисерите работат на процент, кој е будала да ти признава гаранција на се? како би заработил тогаш???

се знае, гаранција има само на работите што не се расипуваат т.е. на ништо. А во случај ако се случи да се расипе нешто што подлежи под гаранција секогаш е виновен купувачот.
Пробаа да се заебаваат едни од гореспоменатите фирми (не е коректно да кажувам која јавно, затоа што на крај го решивме проблемот) со мене, баш како што вика Некро - ги боли кур сервисерите за гаранцијата. Што ми се случи? Купувам нов бежичен, не работи микрофонот. Им го враќам и ми викаат: ќе ти го поправиме и ќе ти се јавиме. Јасно им дадов до знаење дека нема да прифатам отваран и поправан телефон, бидејчи е неисправен уште од стартот. Климна со глава сервисерот, го зеде телефонот, ми даде потврда и ми рече дека ќе ми се јават за ден два. Поминаа 7 дена, ни повик ни бутур, па решив да отидам и самиот да се информирам до каде е процедурата. Отидов во продавницата, телефонот уште не им ни беше испратен во сервис. И пак истата приказна, дека ќе биде поправен, и пак истиот мој одговор дека не прифаќам да го поправаат поради тие и тие причини. Спиздев. Излегов пред продавницата, се сталожив 15 секунди и пак им влегов и со остар тон им реков баш вака: "Утре кога ќе се вратам од работа точно во ова време, ако не ме чека нов телефон - мислете му ја". И - си излегов пред да ми одговори муфљузот било што.

Отидов дома, пратив мејл до дирекцијата на фирмата, а и до продажниот салон (да знаат дека е пратено и до дирекцијата и дека ќе го јадат ако проблемот е поради нивната неажурност) во кој го опишав проблемот и незаинтересираноста на сервисерот. Ги прашав дали се работи за неажурност на фирмата, на сервисот или на сервисерот од продажниот салон како поединец.

Наредниот ден, кога се враќав од работа накај дома, ми пратија порака на моб: "Ве очекуваме во нашиот продажен салон, телефонот ќе ви биде заменет за нов". Значи, сега можеа да бидат точни и прецизни. Тоа што не можеа да го завршат за седум дена, го завршија за неполни 24 часа.

Влегов во продавницата, сервисерот се глеа дека го рибале, па тоа персирање, па сугестии, па лижење гз...

Што ми е поентата? Во проблематични случаи со гаранции, обратете се секогаш до повисоките инстанци, не дозволувајте некое мрзливо копиле кое гледа само да му пројде време на работа да ве дупи. Компаниите некогаш воопшто немаат претстава што прават нивните вработени.
 
Dzish напиша:
А ако ти донесе некој прегорен тел. во иднина прво прашај да не дошол во контакт со кајгана форум :)
:pos::pos::pos:
Јас како автор на темава да си кажам дека не сум виновен ако некој го проба ова и си го заебе телефонот. Јас само преведов зошто ми се виде инересно.:smir:
 
исто така можете и ова да го напрајте...

значи земате еден проводник т.е. жица и ги спојувате страничните два, дали се четери или се три средните се само приземјување.
и одкако ке ја стаите жичката на ја ставате батеријата оти може да се подуе туку го ставате телефонот малце подолго време на полњач едно 10 минути...
п.с. пред да го правите ова напрајте си бек-ап на подтоците... можеби ке ви затреба нешто.
 
Знам малку мајтап. А стварно јас не би се осудил да го заебам мојот телефон за да ми дадат нов кога се функционира како што треба. А ова може да е корисно ако те заебава телефонот и ако ти е сеедно што ке биде со него па да си правиш експерименти.
 
Мистичен напиша:
Пробаа да се заебаваат едни од гореспоменатите фирми (не е коректно да кажувам која јавно, затоа што на крај го решивме проблемот) со мене,

јас сум сигурен дека некој колега ме чита и мава сеири... :pos2:
 
Еј љуѓе мене вчера ми успеа ова, на една 6280 нокиа.
Беше се исправен телефонот освен саатот што не му работеше, го подесуваш пример во 17.25 и кога искачаш од менито се врака на 00.00. И јас будала со цел памет, забораив дека се работи за ББ5 платформа зимам стартерот за батерии кој е на 6.8 волти со 1200 милиампери и ја стартуваам батеријата на саатот али многу малку ни 2-3 секунди т.е. само доправ + на + - на - и пробам да го уклучам телефонот глеам нишо не праи и си реков можно е уемот да цркнал?
Идам кај еден колега го прашувам за совет и ми вика телефонот е моментално погоден за да ти служи како макета во дукан.
И го прашав воопшто нема шанси да се оживее ке си платам колку шо треба?
и ми почна да ми набројува УЕМ чип 30 евра + рака 10 евра + флешување 10 евра + декодирање 80 евра ти испага 130 евра а истиот телефон можеш да си го купиш за некои 150 евра башка ке ти остане од стариот дисплејот, флетот маската, мемориската итн... и ке си ги извадиш парите назад...

Јебеш... последниве 18 саати сум под стрес.
Не за 150те евра туку типот имаше преку 800 броеви кои соработува ширум планетава...

п.с. иначе бев во преку 6 сервиси за мобилни телефони што наводно сите ги сметаат за најдобри сервисери и на никој не му кажав од што и како ми е цркнат и сите се чудеа што му е на телефонот, го чита компјутер, на инструмент влече струја а неке да пали...

а муабетот го праев со Легија, добар семеен пријател и еден од најдобрите на балканот за мобилни...
 
п.с. да не му се наога на некој 6270 или 6280 за шиткање??? ајде сеа можете вие мене да ме сечете!!!

п.п.с. зошто форумов вчера цел ден не беше активен????
 
Necrophilia напиша:
Јебеш... последниве 18 саати сум под стрес.
Не за 150те евра туку типот имаше преку 800 броеви кои соработува ширум планетава...
Некој колега чита.... и брка сеири....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom