myarmyofone
Time and Space Traveller
- Член од
- 23 март 2007
- Мислења
- 72
- Поени од реакции
- 67
Здраво на сите и едно големо благодарам за интересните мислења, што мене ко почетник во инвестирање многу ми помагаат.
Живеам во Германија и ја користам онлине платформата Trade republic. Последната година дена исчитав еден куп книги, стратегии, финансиски извештаи на фирми и вебинари и портфолија на "експерти" на Wikifolio, но не би се опуштила во големи инвестиции на почеток. Си давам година две да научам како функционира се тоа во пракса (иако тоа никогаш не може да се 100% научи) и за тој период планирам да си инвестирам по 800-1000 евра месечно. Стратегијата ми е buy and hold, за day trading немам ни искуство ни пари
На моето скромно и 6 месеци старо портфолио имам акции на Procter and Gamble, BP, Telefonica Deutschland ( оваа заради дивидендите од 7%) и штедам во две ЕТF (едната на sp500 другата на msci) чисто за да се учам. Дали е почетничка среќа или не, губам само на Xiaomi шо ги купив следејќи шпекулации на нет. Следно се мислам за SAP, дури јас се мислам они 10 евра поскапеа, но и тоа е дел од школото
Е сега ќе кажете за 1000 евра по трансакција се трошоците големи , но Trade Republic наплаќа 1 евро за трансакција без разлика дали е од 1000 или 10000 евра, a за други трошоци 5 евра повеќе или помалку многу не ми менува. А и вака неука да забодам 5000 евра на акција, ќе ми се смеат и чавките на плоштадот на Минхен.
Може ли некој да ми препорача литература на македонски за инвестирање во хартии од вредност? Посебно ме интересира читањето на финансиските извештаи на фирмите, би сакала поимите да ги прочитам на македонски.
имаше еден период околу 2010 или сл. некои обуки за инвестициони советници и имаа некои прирачници/скрипти (или како и да беа) кои што ги користеа, незнам некој од форумов да не има копија од тие, ако најдам ке ги закачам тука.