Анализа на странски акции 2/4:
Nemetschek ($NEM) - Скриен скапоцен камен на германската берза
Анализа на странски акции 2/4: Nemetschek ($NEM) - Скриен скапоцен камен на германската берза
www.linkedin.com
Добра анализа и интересна акција, читав пред некое време на yahoo finance за овие.
Побарувачката на BIM софтвери ќе расте во нареден период (очекувањата се околу 3 милијарди во наредни 3 години, од 7.4 на 10.4 со САД како најголем пазар), но имаат и доста силни конкуренти (Autodesk, Bentley, Trimble).
Сепак мислам дека ќе го држат домашниот пазар, што е солидно голем, а за на американски пазар многу тешко да им помине со тоа што останатите конкуренти нудат и многу други решенија за истата индустрија, и се репер во инженерстo.
Пример Trimble ти нуди end to end солуции почнувајќи од мерна технологија, нивни сателити и корекциони сервиси, софтвери за секакви инженерски намени, па се до asset management системи кои имаат интеграција со гис и бим.
Autodesk и Bentley нудат исто решенија за се што ќе ти текне во инженерство, вторите се многу силни и на UAV пазарот, и имаат доста голема корисничка база. Генерално во овие индустрии е ствар на навика кај инженерите, и најбитно владините институции/локалната самоуправа и факултетите се оние кои го диригираат пазарот кај приватниот сектор. Може да имаш и 10 пати подобар продукт, но тешко е да го пробиеш, ако во општината користат Autodesk сите подизведувачи ќе го користат истиот за полесна комуникација и интеграција.
Моментално е интересно и кој ќе интегрира подобри AI модели за computer vision во овие решенија, спасуваат огромни трошоци за контрола на квалитет и навремено реагирање при потенцијални оштетувања на самите објекти.