Трето полувреме

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Имам познаник скоро на секоја сцена што е статист и роднина кој работеше на светлото во цел филм - веруј, се знам. :D
Во ред е тоа, верувам дека знаеш. Ама муабетот „зар има некој (демек секој ја знае) што не ја знае целата приказна“ само затоа што ти ја знаеш, не беше на место :)
Како и да е, точниот датум за премиерата во Скопје се' уште не е познат. Кој сака да го види најрано, ќе мора да се прошета до Битола :)
 
Во ред е тоа, верувам дека знаеш. Ама муабетот „зар има некој (демек секој ја знае) што не ја знае целата приказна“ само затоа што ти ја знаеш, не беше на место :)
Како и да е, точниот датум за премиерата во Скопје се' уште не е познат. Кој сака да го види најрано, ќе мора да се прошета до Битола :)

Наслушнав дека ќе е 10 дена по премиерата на Манаки. Заедно со "Балканот не е мртов" би требало да идат али кујзнае како ќе средат тоа. :D
 
Премиерата на Трето полувреме во Битола е на отворањето на фестивалот Браќа Манаки и тоа со две проекции веднаш по отворањето во 20:00 и уште една истиот ден во 23:00 кога ке се тргнат гужвите и камерите (y). Добро што им текнало вака и ние "обичните" луѓе да можи да го гледаме, освен наконтените политичари и слични створења што ке продефилираат пред камери на црвениот тепих колку за да бидат видени дека дошле на отворање во 20:00.
Овде ја имате официјалната програма http://www.manaki.com.mk/web PROGRAMA manaki 210x240_150 dpi koregiran.pdf
 
Да бе. Исто ко фирмиве со тендериве.... :D

Вие не знаете али јас добив улога. Швалерот на Катерина Ивановска. На тоа мислеше Ејсид демек спојлер. Дека Катерина ќе има швалер.
 
Во филмов има се што сака Холивуд. Евреи, историја, забранета љубов, спорт... Очекувам да има успех.
Точно, и тоа го прави неверојатно клише (одамна го имам читано сценариото). Уште еден филм за кутрите Евреи што играле фудбал у МК. Мене ми е преку к*р од филмови за Евреи и Виетнам. А дали ќе има успех, ќе видиме. Во Холивуд странски филмови многу ретко успеваат. Проста е причината: американските продуцентски куќи промовираат свои филмови.
 
Ми се чини дека овој филм ќе е многу сличен со итаљанските филмови кои одвреме навреме ги даваат по телевизиите, а своевремено биле и хит. Не очекувам да има некој голем успех надвор затоа што такви филмови се снимани често и е веќе видено.
Истотака Балканкан беше типичен шпагета вестерн (за неупатените Итаљански вестерн) и нормално како копија на тие вестерни немаше успех надвор.
Со други зборови мислам дека ова ќе е филм за педесет годишни теткици со трајна фризура кои работаат како наставнички, професорки евентуелно или друга еквивалентна државна служба.
 
Уште коа најавија нов филм од Дарко Митревски имав големи очекувања. Бал-кан-кан си го поштувам доста , а за Досие Скопје треба награда 13 Ноември да му се даде ... Е сега ко што се наближува премиерава некако ми спласна оптимизмот. Знам дека ке е добар , али не ми делува на одличен... Профи е изработен , од режија , сценографија , костимографија ( се гледа по трејлерот ) а се надевам и до глума , али сепак ми делува на нешто веќе видено - колку и да е глупо што зборам пред да го имам видено ... Али нормално се надевам дека ке ме изненади :)

Е сега да се надоврзам за муабетот што некои го номинираа веќе за Оскар , некои и фаворит го направија .. Уште пред неколку месеци Роберт Насков најави дека се надеваат ке влезе на некој од врниве фестивали , ај за Кан може не ни бил готов, али го немашe ни во Венеција , ни во Торонто, нит па на другиве што објавија веќе програма. Таму веќе се издвоија фаворити како Amour , Rust And Bone и други така да мислам дека е далеку од дискусија за номинација ...

Како и да е , очекувам да е најгледан досега во Македонија , очекувам да е солиден , а се надевам дека ќе е топ, да не испадне го измрчив пред да излезе
 
581616_463608480339756_1256725281_n.jpg
 
Можеби е дискутирано за ова, но нели преводот на The Third Half би бил - „Третата Половина“?

The Third Halftime - Третото полувреме
(А) Third Halftime - Трето полувреме
The Third Half - Третата половина
(А) Third Half - Трета половина

Не сум grammar nazi, али дали и вие заприметивте или јас сум нешто грешка?
 
Терминот Half во фудбалот се користи за она ние што најчесто го викаме полувреме , а Halftime за паузата или периодот меѓу двете полувремиња . Ние у принцип исти назив користиме ( не знам колку е тоа правилно ) али на англиски трето полувреме е Third Half , или The Third Half членувано ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom