Трендови во МК медиумите од кои ни се кења

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Имам впечаток дека веќе и на мобилен ги склопуваат вестиве. Тоа "излегување на терен", недајбоже "дописник од странство" - шта је то?

Ова, не ми е идејата да навредам, ама "тоа кај циганите негде.....сеа, не ми е да се е**ам по ладново"...па подобро ич да не пренесуеш грешна информација, кога веќе те заболе за "тие".
 
Со модринки ме исфрли на улица со двете ќерки, раскажа Амернис Нокшиќи

Повторно наслов што нема врска со поентата на текстот и е ставен само да привлекува кликови. Па уште и на социјалните мрежи фрчат коментари од тие што не ни отвориле да прочитаат што е работа за тоа како Борјан ја тепал жена му.
 
Со модринки ме исфрли на улица со двете ќерки, раскажа Амернис Нокшиќи

Повторно наслов што нема врска со поентата на текстот и е ставен само да привлекува кликови. Па уште и на социјалните мрежи фрчат коментари од тие што не ни отвориле да прочитаат што е работа за тоа како Борјан ја тепал жена му.
:facepalm:
Мајко мила... И таман коа ќе си помислиш дека не можат покретенски...
 
Зошто не ги тужат за ова бе? Му се знае намената на ова.
 
https://makfax.com.mk/svet/путин-светот-многу-брзо-се-трансфорим/
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека светот е во состојба на моќна трансформација, која динамично се одвива и дека ако Русија не разбере на време што и како треба да работи, постои можност засекогаш да биде во заостанување.

„Светот во целина е во состојба на трансформација: многу моќна трансформација која динамично се одвива. Ако на време не разбереме што треба да правиме и како можеме засекогаш да останеме во заостанување“ рекол Путин на Конгрес на партијата „Едноставна Русија“ во Москва.

Според него, без јасно разбирање за тоа што треба да се прави, не треба ни да се доаѓа на власт, зошто, како што вели, неопходна е програма за делување.



Пак очекував некое повисоко ниво од Макфакс, во однос на куртон-селскиве портали, ама не.
 
Не престанува ОффНет со својата игнорантност и незнаење:
https://off.net.mk/lokalno/balkanshtina/sin-bozhji-i-pred-se-gospodin


"Господин" е зборот кој Хрватите го употребуваат наместо нашиот "Господ". Тука пишува: "Верувај во Господ Исус Христос" и не глеам ништо смешно во тоа.[DOUBLEPOST=1545246461][/DOUBLEPOST]Гебелс, неговата жена и неговото семејство.
Овој цитат од Вечер, е толку многу погрешен што не сакам ни да објаснувам.


" .... Имале шест деца кои ги убила Магда, зашто не можела да се помири со фактот дека ќеморад а ги одгледува во свет со кој ќе владее човекот кого таа и нејзиниот сопруг го обожавале – Адолф Хитлер... "
https://vecer.mk/life/gebels-tajniot-zhivot-na-nacistichkiot-ljubovnik-0
 
Последно уредено:
16b22bcce66153f8cfe5c1aeeaafacf5.jpg


Њхо тхе фуцк ис Солшер?
 
Ова со Солшер ме потсети на еден ретро тренд од кој богами ми се кењаше. Едно време некои наши весници (ми текнува на Дневник) имаа идиотска навика во имињата на бразилските и португалските фудбалери да ги заменуваат С со Ш и О со У. Мислам дека секогаш кога ќе прочитав „Луиш Фигу“ животот ми се скратуваше за пет минути.
 
Па и лондончани не го викаат Тотенхем, туку Тот'нам. Ова било предмет на дискусија многу често. Во нашиов јазик се чита како што се пишува, меѓутоа, немаме па и некое правило за импорт на странските имиња пред се, па и други зборови. Треба да имаме терк. Хрватите гледам дека ги пишуваат и изговараат автентично, ама на нив им е латиница поблиска. Англичаните не ебат никого и си изговараат туѓи имиња по свој кеиф, па од таму на пример Ronaldo не го изговараат како португалците....и ние по нивни терк, мислиме дека тоа е правилно. Е сега, стварно има јазици што имаат тешко изговарање како португалски, унгарски, арапски...тешко за луѓе што не ги зборат, па истиот тој Дневник, на пример не држеше константа, туку Сорос го пишуваше Сорос, а не Шорош, како што го изговараат Унгарците.
Дневник ги нервираше многу луѓе со овој принцип. Не сум запознаен со техничките детаљи на правописот и граматичарите, иако поприлично многу читам, ама и книгиве преведени во поново време очигледно ги преведуваат полуписмени идиоти и можноста за налетување на добра книга уништена со лош превод е се' поголема. Треба таа јавност (да ја наречам) да заземе став и по тој терк да тераме.

Со актуелниов папа, за кој ние немаме автентично локално преведување на името како Хрватите и сега, гледам најавил посета на Скопје во мај 2019, ќе се изначитаме од глупиве новинарчиња разни варијанти, во зависност од каде го украле текстот, дали е Франциск, Франсиско, Франческо, Фрањо, Френсис...

Ова нема врска со медиумите, ама мене најизразито што ме нервира е тврдото изговарање на името Youtube како "Јутуб", кога се знае дека tube e "тјуб", цевка, катодна стаклена цевка каква што имаа старите телевизори и така сленговски се нарекува телевизија во англискиот....као копиљациве не знаеле македонски, пошо све на англиски збореле, жими стојан знаат....кој курац е "туб".
 
Не пишуваат Хрватите автентично. По таа основа нивното правило е сосема недоследно, иако на прв поглед не личи така.
Како пишуваат они?
У оригинал - на пример, Њу Јорк го пишуваат New York, како што го пишуваат Американците.
Гелзенкирхен го пишуваат така како што го пишуваат Германците, во оригинал.
Марсеј го пишуваат така како што го пишуваат Французите.
А Шангај?
А Пекинг?
А Владивосток?
 
Многу е глупо да преведуваш директно кога можеш транскрипција да направиш, сеа нема Роналдо да го викам Кришчиану Роналду да кршам јазик кога можам само Кристијано Роналдо да речам по нашки. Или па Пекинг да го пишувам Бејџинг кога може едноставно Пекинг итн.
 
Не мешајте, Пекинг го смени името во Беиџинг.
Исто како Бомбај во Мумбаи.

@Beric Dondarrion мислев на тие со латинско писмо. Нормално не и мандарински.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom