Трендови во МК медиумите од кои ни се кења

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Абе им ги чита некој статиине од типот:

Нема да ви се верува! Најзгодната девојка во Скопје поминуваше на пешачки

И тука фотосесии од некоја рандом типка што не е ни блиску до најзгодна :yid:
Озбилно тие луѓе што ги пишуваат статиите се нарекуваат новинари?:unsure:
 
Абе им ги чита некој статиине од типот:

Нема да ви се верува! Најзгодната девојка во Скопје поминуваше на пешачки

И тука фотосесии од некоја рандом типка што не е ни блиску до најзгодна :yid:
Озбилно тие луѓе што ги пишуваат статиите се нарекуваат новинари?:unsure:
Статиите се прекрасни, со прекрасни девојки, напишани од прекрасни новинари.
Тоа што ти и многу останати љубоморите на прекрасните девојки со прекрасни облини е причината за твојот коментар.
 
Screenshot_3.jpg
:facepalm:
Screenshot_5.jpg
Добро, нормални ли се овие? Ова не е веќе ниту класичен спин и пропаганда туку клевета од најдолен вид. Треба да попијат тужба и сендвичите низ нос да ги повратат за ова. Којзнае за какви дебили ги сметаат тие што се „информираат“ од нив.
 
Основни НЕпознавања и тресење зелени после земјотрес...Епицентарот на земјотресот бил кај струшкото село Мислешево, 8 км ИСТОЧНО од Охрид.:confused: https://youtu.be/lmJnfNuaZNw
 
КРИМИНАЛОТ СТАНУВА ФОРМА НА ВЛАСТ ВО МАКЕДОНИЈА: Наместо „живот“, Македонија се повеќе наликува на некоја јужно-Американска криминална енклава!

Почина бебе на возраст од два месеци, сообраќајка во која животот го загубија две жени и еден маж, уште едно загинато лице во сообраќајка, крвни злосторства и убиства, штипјанец пронајден мртов во неговиот стан, трагедии во Охрид, пожари со жртви, средношколка со тешки телесни повреди по сообраќајка, претепано семејство со палки, обид за убиство на вработен во Макошпед. Вака изгледаат „животот“ во Македонија по партизацијата на администрацијата од страна на новата владина коалиција

Нимфомакс во најдобро издание :busi:
 
Во бикини за МАШАЛА: Земјотресот го тресе Охрид ама Благица Павловска му враќа посилно (ФОТО)
19488926_143971496156110_5830269728937905856_o.jpg


и овој наслов исто ми се свиѓа:
ФОТО: Елена Ристеска си стави тетоважа, она што го има ќе го гледате со љубопитство!
 
Во бикини за МАШАЛА: Земјотресот го тресе Охрид ама Благица Павловска му враќа посилно (ФОТО)
19488926_143971496156110_5830269728937905856_o.jpg


и овој наслов исто ми се свиѓа:
ФОТО: Елена Ристеска си стави тетоважа, она што го има ќе го гледате со љубопитство!
*Според некои ако еднаш ставиш тетоважа на себе, тешко дека таа ќе остане единствена, како и тоа дека доколку се одлучиме за боја во себе, тоа мора да биде нешто значајно за кое нема да зажалиме подоцна.
:eek:



На Иванден се случуваат чуда: Еве што треба да направат сите кои сакаат да станат мајки
 
mastercoverfoto1.jpg


Истава слика и на Република и на Пресс24 за топлотниот бран во Македонија, со картата на Србија (сосе Косово нормално).

Во истава тематика пак од Пресс24:


Манипулирање со времето: Дали ХААРП е виновен за шокантното време во регионот

harp-nevrijeme.jpg


Програмот HAARP се состои од голем број на радиотрансмитери кои имаат огромна енергија. Се состои од преку 180 антени сместени на неколку хектари земја. Главниот HAARP антенски комплекс е сместен на Аљаска. Овие моќни трансмитери секојдневно во континуитет испраќаат преку 3,000,000 волти користејќи шест генератори со јачина од 3,6 илјади коњски сили. Тоа е 100 пати појако од антените кои што на пример ги користи Телевизиската станица Би-Би-Си.

Биологот Дејан Маркуш е уверен дека ваквите неверојатни температури имаат врска со климатските промени во светот, а балканскиот пекол од 62 степен директно е поврзан со HAARP антенските системи кај Барајево.

Веќе скоро десет години во САД каде што живеам и работам, се водат полемики околу климатските промени и ефекти за „стаклената градина“, а противниците на HAARP јасно предочија дека овој антенски систем прави голема штета на земјината јоносфера менувајќи ја климата и зголемувајќи ги енермно температурите. Самиот систем прави дупка во сферата која што не заштитува од сончевите честици, дозволувајќи истите да продрат до земјината кора.

На оваа тема објавивме неколку текстови кои можете да ги видите на линковите подолу – сега го објавуваме и документарниот филм поврзан со Хаарп системот.
 
Психопатологија "за клик повеќе". После топлотниот бран со температури над 40 се очекува да падне снег....на Алпите, Андите, Хималаите и на јужен пол.
Не може да не е сензација, па макар и за време да е муабет. Ова да не прва братучетка на нимфомакс куртоните?

sketch-1502350454062.png
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom