Трендови во МК медиумите од кои ни се кења

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Сега нека се решат што е фотомонтажа или видеомонтажа.:facepalm:
ВИДЕО: Ударот на авион во кулите близначки е фотомонтажа?

На јавноста и е позната една од теориите на завера, дека она што се случи на 11-ти септември 2001 година во САД, е дело на американската влада, а не напад на Ал Каеда.
Неодамна на „Јутјуб“ се појави снимка од удар на авион во една од кулите близначки, која беше објавена по несреќата, но со нови коментари и детали кои на прв поглед не се воочливи.
Авторот нагласува дека не знае дали видеото е вистина и вели дека оригинална приказна има многу дупки.
Тој појаснува дека е невозможно авион да ја пробие челичната структура на зградата и како со нож да ја пресече, како што се гледа на снимката.
Другата нелогичност според него се однесува на крилата на авионот, кој поминува зад зградата, наместо пред неа, што укажува дека снимката е фотомонтажа и има грешка.
Видео записот за само неколку дена е прегледан два милиони пати.
 
7. Округот Хори во Јужна Каролина

koi-se-najopasnite-plazhi-vo-svetot-189231.jpg

Можеби е позната по кристално чистата вода и специфичната зелена боја која произлегува од алгите, но сепак на оваа плажа починале околу 500 луѓе. Плажата е живеалиште на опасни ајкули и анаконди.
 
Со перика упаднал во секс шоп и ја нападнал продавачката со вибратори!
34 годишен Австралиец преку покривот упаднал во секс шоп во Бризбејн, облечен со еротска облека, со перика и високи потпетици!
FOTO-427-.jpg

Сакал да украде еротски помагала во вредност од 2 000 евра, а кога сирената почнала да свири, почнал вибраторите да ги фрла по продавачката и се обидел да избега - пак преку покривот.
- На почетокот бев фрустрирана поради обидот за кражба но потоа сфатив колку смешна страна има целиот случај. Облеката што ја имаше на себе беше прилично забавна - вели сопственичката на продавницата, Фиона Колдрик.
Откако се вклучила сирената полицијата бргу пристигнала и го уапсила баксузот.
 
7. Округот Хори во Јужна Каролина

koi-se-najopasnite-plazhi-vo-svetot-189231.jpg

Можеби е позната по кристално чистата вода и специфичната зелена боја која произлегува од алгите, но сепак на оваа плажа починале околу 500 луѓе. Плажата е живеалиште на опасни ајкули и анаконди.
Анаконди во јужна Каролина шо живеат во длабока солена вода. :D

A oва дали го прочита?
4. Плажата Маршал, САД

Се наоѓа на островот Маршал во САД, а најмногу е позната како живеалиште на разни видови змии, леопарди и опасни ајкули.

Леопарди?

Леопарди?

Леопарди?

Од кај го ископирале ова кајгана нека го избришат одма. :D
 
Анаконди во јужна Каролина шо живеат во длабока солена вода. :D

A oва дали го прочита?

Леопарди?

Леопарди?

Леопарди?

Од кај го ископирале ова кајгана нека го избришат одма. :D
ОК за тоа ќе зажмурам, пошто гарант у текстот од кај што е препишувано стои дека (ваљда) станува збор за ајкула леопард, која живее во северен Пацифик.

Се наоѓа на островот Маршал во САД
Инаку по страшно е тоа што "Маршал плажата" и "островот Маршал" се најверојатно Маршалските острови, кои се далеку од САД колку ние што сме.
А тоа дека ние си имаме име за Marshall Islands, а тоа е Маршалски Острови, тоа веќе е премногу да се очекува некој да го знае.
 
Па на сликата е Golden Gate bridge у СФ, значи не е на остров. А Маршалските острови незнам дали се американски ама американците таму правеа нуклеарни тестови за време на студената војна. :)

Усвари Вики вика дека се посебна држава, секој ден се учи по нешто ново. :)
 
Па на сликата е Golden Gate bridge у СФ, значи не е на остров. А Маршалските острови незнам дали се американски ама американците таму правеа нуклеарни тестови за време на студената војна. :)
Не се, од '79.

Сликата може да е од било што, сеа не заебавај и ти. Да не сакаш сеа специјално за тебе од Маршалски Острови слика?

Ја сум уверен дека станува збор за Маршалски Острови. Све се поклапа и ајкула леопард и све.

Колку и нелогичности и грешки да најдовме во текстов, сепак жалосната вистина е дека по нашиов нет има многу по страшни текстови по порталите.
(е јеби га коа им пишуваат за без пари)
 
Инаку вики вика дека леопард ајкулите никогаш не убиле човек, или па повредиле. :)

Oк сега влагаме многу у детали. :D
 
7. Округот Хори во Јужна Каролина

koi-se-najopasnite-plazhi-vo-svetot-189231.jpg

Можеби е позната по кристално чистата вода и специфичната зелена боја која произлегува од алгите, но сепак на оваа плажа починале околу 500 луѓе. Плажата е живеалиште на опасни ајкули и анаконди.
Не е мое дело текстот и не дека ја „застапувам“ Кајгана, ама зошто всушност е чуден болдираниот дел во приказнава?
Инаку, текстот, колку што видов е преземен од тука.
 
Не е мое дело текстот и не дека ја „застапувам“ Кајгана, ама зошто всушност е чуден болдираниот дел во приказнава?
Инаку, текстот, колку што видов е преземен од тука.
Без разлика од кај и да е пренесен, анаконди у Јужна Каролина?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom