Трендови во МК медиумите од кои ни се кења

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Содржината и насловот од првата вест се дијаметрално различни од оние во воведниот пост за Станија и Кардашијан.
Станија и Кардашијан е „старлети“, или на нашки - курви кои не прават ништо и служат исклучиво за задоволување на љубопитноста на простата маса.
Ирина Шајка е супер-модел и партнерка на најдобриот фудбалер во светот за 2013 година. Штом Станија и Кардашијан ги рамниш со Ирина и Роналдо и за тебе вестите поврзани со нив претставуваат „шлајм“, тогаш претпоставувам дека тебе те интересираат само вести поврзани со скаларните честички и физиката на елементарните честички. Да беше толку префинет, претпоставувам дека ќе ги читаше исклучиво стручните магазини, а не интернет порталите. Објавата за Ирина Шајка и провокацијата од новинарите Г'зот на Коко и бременоста на Кардашијан. Барем не според мои критериуми.


Втората вест никаде не е објавена како „шокантна, фрапантна, неверојатна или скандалозна“. Иако ти сакаш да ја претставиш како таква.
И Кардашијан е супер-мега-ѕвезда во светски рамки, партнерка на познатиот рапер и освојувач на Греми наградата - Канје Вест.

И тебе ти е јасно ова за Шајк, ама не ти е по кејф па продаваш софизми.

Втората е баш така објавена, „најмистериозната“ - сигурно.

Иначе да бидам искрен Гик делот на Кајгана сајтот ги има најдобрите статии.
 
Acid, чоекот ти даде конструктивна критика. Добар дел од вашите статии не се за овој дел од светот интересни...
Мислам дека подобро би ти било да се договориш со некои блогери да пишуваат статии или да средите нешто да ги објавуваш нивните.
 
http://www.press24.mk/i-si-en-en-so-storija-za-skandalot-na-shekerinska-i-dajners

Уште еден спин од најбедна врста. Нормално, веста, копипастирана од збор до збор е објавена во уште неколку „пајажински портали“ како овој (на нивната пајажина Велија може вода да им носи) секако регистрирани на иста адреса со исти газда.
 
CNN iReport, не CNN. Ова им е платформа за граѓанско новинарство, и јас може да испратам било каков текст и да биде објавен. Булшит.
 
http://www.press24.mk/i-si-en-en-so-storija-za-skandalot-na-shekerinska-i-dajners

Уште еден спин од најбедна врста. Нормално, веста, копипастирана од збор до збор е објавена во уште неколку „пајажински портали“ како овој (на нивната пајажина Велија може вода да им носи) секако регистрирани на иста адреса со исти газда.


:tapp::tapp::facepalm::facepalm:
 
http://tocka.com.mk/4/118364/cacko-otkri-zosto-k-15-veke-gi-nema-na-malite-ekrani
Можеби не е ова за оваа тема ама нема друга тема за медиуми како што приметив. Бубо Каров збори за притисокот што го имаат медиумите и за стравот да не кажат нешто што не треба.
 
Од колумната на Венко- Mедиумкритети:

"Краток коментар: колумната е напишана пред 14 години и малку скратена. Немаше потреба да се наведуваат имињата на сите личности од нашиот јавен живот што тогаш имале двоен или троен идентитет, во зависност од медиумот што ги портретира. Читателот сам нека процени дали нашата генерална медиумска политика е променета. Јас само знам дека за овие 14 години бев и сдсмовец и вмровец, еднаш амбасадор во најава, еднаш иден министер за култура (без да знам), еднаш претседател на нова партија (која никогаш не се појави, се разбира), а еднаш дури и Голем Мајстор на Големата масонска ложа на Македонија, сѐ додека во јавноста сам не се обелодени господинот Живко Груевски како носител на таа функција. Е па, размислувајте каде сме"


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=2101475098&id=13&prilog=0&setIzdanie=23097
 
http://www.sitel.com.mk/mk/video-do...ma-nuzhda-vo-dvorot-na-univerzitetot-sv-kiril
Да го снимиш ова и да го објавиш на тв. Срамота. Да видам нив ако ги фати зорт кај ќе најдат тоалет во Скопје.

Секое кафуле колку што знам има вц, плус на факултетот слободно можеш да влезеш и имаш тоалети колку што ти душа сака, така да не е оправдување ова.
 
Секое кафуле колку што знам има вц, плус на факултетот слободно можеш да влезеш и имаш тоалети колку што ти душа сака, така да не е оправдување ова.
Добро и да не е оправдување ова што го направила ама па сител ова на вести да го дадат. Не е малце тоа глупо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom