C
cige
Гостин
Грчки навивачи доаѓаат во Скопје за да го бодрат Партизан против МЗТ!
Група од неколку десетици навивачи на грчкиот тим ПАОК, која има изразено антимакедонски ставови и која минатото лето извади транспарент „Македонија е грчка" на средба од женски фудбал што се играше во Струмица, се очекува да допатува во Скопје и да го бодри белградски Партизан на мечот од АБА-лигата против МЗТ што ќе се одигра задутре во салата „Борис Трајковски", објавуваат српските медиуми.
Фановите на тимот од Солун треба да им бидат помош на популарните „гробари“, чие присуство исто така се очекува на саботната дерби-пресметка, која е од исклучителна важност за црно-белите, кои водат грчевита битка за пласман на фајналфор-турнирот од регионалното натпреварување.
Во таборот на МЗТ Скопје засега немаат никаква најава за некакво организирано присуство на навивачката група на Партизан, но се очекува да нема никаков проблем околу приемот и сместувањето на следбениците на српскиот тим. Причина за тоа се релативно блиските односи на домашната навивачка група „Фемили“ и фановите на црно-белите, кои им овозможија да бидат присутни на првиот меч помеѓу овие два тима минатата година во белградски „Пионир“.
Но, сега само останува да се види каква ќе биде реакцијата на македонските навивачи на најавеното присуство на следбениците на ПАОК, кои се збратимени со поддржувачите на Партизан, кое во најмала рака може да предизвика навивачка војна на улиците на Скопје.
Задутрешниот дуел од претпоследното коло од АБА-лигата засега не е прогласен од висок ризик, барем такви се информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР). Од полицијата добивме информација дека се максимално подготвени за тоа што ги очекува во сабота, но дека засега немаат добиено барање за засилено присуство на припадниците на МВР во „Борис Трајковски“. Воедно, органите за ред и мир потенцираат дека припадниците на навивачката група „гробари“ без никакви проблеми може да дојде во Скопје, секако ако при тоа не наруши некои од законските акти на Македонија.