Треба ли навивачите на ПАОК да изедат ќотек?

  • Креатор на темата Креатор на темата cige
  • Време на започнување Време на започнување
C

cige

Гостин
Грчки навивачи доаѓаат во Скопје за да го бодрат Партизан против МЗТ!


Група од неколку десетици навивачи на грчкиот тим ПАОК, која има изразено антимакедонски ставови и која минатото лето извади транспарент „Македонија е грчка" на средба од женски фудбал што се играше во Струмица, се очекува да допатува во Скопје и да го бодри белградски Партизан на мечот од АБА-лигата против МЗТ што ќе се одигра задутре во салата „Борис Трајковски", објавуваат српските медиуми.

Фановите на тимот од Солун треба да им бидат помош на популарните „гробари“, чие присуство исто така се очекува на саботната дерби-пресметка, која е од исклучителна важност за црно-белите, кои водат грчевита битка за пласман на фајналфор-турнирот од регионалното натпреварување.
Во таборот на МЗТ Скопје засега немаат никаква најава за некакво организирано присуство на навивачката група на Партизан, но се очекува да нема никаков проблем околу приемот и сместувањето на следбениците на српскиот тим. Причина за тоа се релативно блиските односи на домашната навивачка група „Фемили“ и фановите на црно-белите, кои им овозможија да бидат присутни на првиот меч помеѓу овие два тима минатата година во белградски „Пионир“.
Но, сега само останува да се види каква ќе биде реакцијата на македонските навивачи на најавеното присуство на следбениците на ПАОК, кои се збратимени со поддржувачите на Партизан, кое во најмала рака може да предизвика навивачка војна на улиците на Скопје.

Задутрешниот дуел од претпоследното коло од АБА-лигата засега не е прогласен од висок ризик, барем такви се информациите од Министерството за внатрешни работи (МВР). Од полицијата добивме информација дека се максимално подготвени за тоа што ги очекува во сабота, но дека засега немаат добиено барање за засилено присуство на припадниците на МВР во „Борис Трајковски“. Воедно, органите за ред и мир потенцираат дека припадниците на навивачката група „гробари“ без никакви проблеми може да дојде во Скопје, секако ако при тоа не наруши некои од законските акти на Македонија.
 
Збратимени навивачи се?

Па често има Комити на стадион кога игра Шалке, научете малце за збратимени навивачи.
 
ами како кој би еба..на граница не ги пушташ и готово
зошто да дозволиш хоштаплери и дивјаци да уништуваат сала и градот
мочковци партизан ќе го бодреле та и тие дивјаците од север...забрани му и готово
 
Абе минчорлузи ај таму глејте си свои натпревари.Во кошарка нема "македонски" тимови па и таму да се мешате.
 
Збратимени навивачи се?

Па често има Комити на стадион кога игра Шалке, научете малце за збратимени навивачи.

Има разлика тоа. Сигурно нема Борусија Дортмунд проблеми државни со Македонија. :D
 
Има разлика тоа. Сигурно нема Борусија Дортмунд проблеми државни со Македонија. :D
Абе пак ако си се збратимени ко што прочитав негде , не гледам зошто ова треба да е осудувано, таква им е "политиката". Тоа шо имаме спорови е друго.
 
Абе пак ако си се збратимени ко што прочитав негде , не гледам зошто ова треба да е осудувано, таква им е "политиката". Тоа шо имаме спорови е друго.

Да, де. Саркастично беше тоа. :)
 
Комити беа пуштени у Атина, така да би било педерски да не ги пуштат Паокарите у Скопје.

И сигурно нема на кајгана да се спремаат напади :)
 
Инаку, не ми смета мене лично, нека дојдат, нека навиваат, но ако се дојдени со намера да ги вадат транспарентите, треба истите веднаш да им бидат одземени и избркани од сала, а не ко во Струмица што ги оставија како сакаат и што сакаат да вадат.

Комити беа пуштени у Атина, така да би било педерски да не ги пуштат Паокарите у Скопје.

И сигурно нема на кајгана да се спремаат напади :)

А бе нека дојдат, но ако ги вадат транспарентите што сите овде ги знаеме какви се, тогаш треба да бидат избркани од сала, не гледам зошто само би предизвикувале тензии...
 
Не е истата ситуација, да не се лажеме.

Инаку, не ми смета мене лично, нека дојдат, нека навиваат, но ако се дојдени со намера да ги вадат транспарентите, треба истите веднаш да им бидат одземени и избркани од сала, а не ко во Струмица што ги оставија како сакаат и што сакаат да вадат.
Не е оправдување тоа не е истата ситуација, збратимени фанови се, еве и РедСтарФан ти вели дека Комити ги пуштиле таму да си навиваат. Навивачка култура е тоа.

А за транспаранти организациите делуваат само за големите сили.
 
Не е оправдување тоа не е истата ситуација, збратимени фанови се, еве и РедСтарФан ти вели дека Комити ги пуштиле таму да си навиваат. Навивачка култура е тоа.
Навивачка култура им беше она кога во Струмица извадија: Macedonia is Greek?
А истото македонска група да го направи е окарактеризирано како сељаци без мозок?
Не е истата ситуација значи, ај сега да не се правиме наивни.
Реков, нека дојдат, јас не сум против да им се забрани доаѓањето воопшто, нека дојдат, само при најмал знак на провокација, да си бидат изнесени од сала и крај на приказна. Тоа што се збратимени навивачи (без навреда спрема навивачите на Партизан, ова не се однесува на нив) не значи дека сред Скопје може да вадат транспаренти кои се навредувачки спрема нас и со цел да не испровоцираат.
Не реков никаде дека треба да им се забрани доаѓањето, напротив, секој има право да дојде.
И да се разбереме - апсолутно сум против тепања и слични глупости и насилства, да не ме разберете погрешно.
 
Навивачка култура им беше она кога во Струмица извадија: Macedonia is Greek?
А истото македонска група да го направи е окарактеризирано како сељаци без мозок?
Не е истата ситуација значи, ај сега да не се правиме наивни.
Реков, нека дојдат, јас не сум против да им се забрани доаѓањето воопшто, нека дојдат, само при најмал знак на провокација, да си бидат изнесени од сала и крај на приказна. Тоа што се збратимени навивачи (без навреда спрема навивачите на Партизан, ова не се однесува на нив) не значи дека сред Скопје може да вадат транспаренти кои се навредувачки спрема нас и со цел да не испровоцираат.
Не реков никаде дека треба да им се забрани доаѓањето, напротив, секој има право да дојде.
Под навивачка култура сакаше да ти каже дека е брука ако не ги испоштуваат браќата ако играат на 200 км од нив. А ако дојдат, транспаренти навредливи ќе им бидат одземени на врата, освен ако не ги прошверцаат.

За болдот, не, ќе бидат окарактеризирани како национални херои. Од кога тоа во Македонија се осудува излив на национализам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom