Треба ли да плаќаме партиципација?

  • Креатор на темата Креатор на темата Madrid
  • Време на започнување Време на започнување
Нормално дека треба да се плаќа пратиципација.. само директорите да не ги стават сите пари во џеб!
 
muhahahaaaa...јас нишо не плаќам
 
Плативме ние 1200 денари, а бесплатно нели че беше... Сеа демек парите че ни ги вратаа :tapp:
 
Јас кога бев да се запишувам за 3 година не ми побараа пари и прашав дали треба за партиципација и ми рече ако требат накнадно ќе ни кажат. Е сеа чим е изгласено закон за да не се плаќа нема да им платат и да ми барат.

А во случај да ме избркат од училиште ќе ја направам голема, ќе одам во министерството за образование ќе се жалам.

Со тебе сум брат :vozbud:

вај д веј, кај нас кога беа уписите сите си платија партиципација, а во други школи не плаќаа... :toe:
 
на нас казаа дека ке ги вратат парите и денес кога отидов да прашам што како нешто викаа и се расправавме изгледа несакат да ни ги вратат парите и затоа ако не ги врататке ги пријавам во министерство затоа што тие мора да ни ги вратат така е донесен закон:toe:
 
Не треба бе да се плаќа партиципација, другарче се запишувал у каубојското на 1 сеп зш беше на полагање и го вратиле, му кажале да плати партиципација 800 или 1200 ден не разбрав баш. Не смее никој пари да ви бара.. Ч)
 
Во склоп на ова еве една вест која охрабрува:

СО ЗАДОЛЖИТЕЛНОТО СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ
Нема партиципацијата за новите средношколци

site=mkvecer&targetsite=mkvecer&AdSize=468x60&PagePos=2

bullet-crven.gif

Вести

Учениците од прва година средно образование нема да плаќаат партиципација во училиштето каде што се запишале. Но, износот до 1.200 денари, колку што се плаќаше досега, и натаму останува обврска за учениците од останатите години во средните училишта

Учениците од прва година средно образование нема да плаќаат партиципација во училиштето каде што се запишале, бидејќи од годинава стартува задолжителното средно образование. Но, износот до 1.200 денари колку што се плаќаше досега и натаму останува обврска за учениците од останатите години во средните училишта затоа што тие учат по стариот закон. Тоа значи и дека ако ученик од втора, трета или четврта година се откаже од училиштето, нема ниту тој, ниту неговите родители да бидат казнети.
- Задолжителното средно образование важи за генерацијата 2007/2008 која се запишува во средните училишта. Според новите законски одредби оние што од септември ќе почнат прва година нема да имаат трошоци за превоз, за сместување во училишен дом и нема да плаќаат за партиципација. Од наредната учебна година, учениците ќе добиваат и бесплатни учебници, велат во Министерството за образование.
Министерот за образование Перо Стојановски апелираше до директорите на училиштата и училишните одбори да не им наплатуваат партиципација на средношколците од прва година.
Партиципацијата што училиштата ја наплатуваат од учениците се користи за подобрување на наставата. Советот на родителите одлучува за што ќе се користат тие средства, а училишниот одбор ја потврдува одлуката. Но, ако се има во предвид позамашната сума што училиштата ја собираат по овој основ, многумина од учениците и родителите се прашуваат каде одат тие пари. Директори на школите, пак, велат ако се земат предвид сите потреби за одржување на едно училиште, сумата воопшто не е голема.
- Парите од партиципацијата ги искористуваме буквално за се што е потребно за одржување на училиштата. Овде влегува одржувањето на хигиената, дезинфекција, бојосување, одржувањето на парното, компјутерите, дел е наменет за натпревари на учениците. Од тие пари се наплатува и пукната цевка или скршен прозорец... Што значи ако се земе предвид тековно одржување на едно училиште, тие пари се и малку, вели Драган Арсовски, директор на скопската гимназија "Р.Ј.Корчагин".
Директорот на Уметничкото училиште во Скопје "Лазар Личеноски", Ицко Петрески, каде партиципацијата е 1.500 денари, вели дека парите од партиципацијата ги искористуваат за набавка на потрошни материјали, како што се платна, четки, алатки што ги користат учениците, а притоа сметка му поднесуваат на училишниот одбор.

Извор: Вечер
 
По правило,,треба да се плаќа партиципација,,но кај нас проблемот што парите не одат на потребното место...Кај нас,,во медицина,,кај што завршив,,редовно си плаќавме партиципација,,но за секакви ситници кои ни беа потребни за изведување на наставата па и за едни обични тестови моравме да плаќаме дополнително..Тогаш,,се прашувам,,каде одат парите од партиципацијата? Нели тие се наменети за тоа?
И секако,,во денешниов случај,,кога веќе средното е задолжително,,би требало да биде како и во основно--значи,,да не се плаќа партиципација..Сепак..порано беше по наша желба и секако си плаќаш за да се запишеш,,но сега дефинитивно не би требало да биде така!!!!
 
Во склоп на ова еве една вест која охрабрува:

СО ЗАДОЛЖИТЕЛНОТО СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ
Нема партиципацијата за новите средношколци

site=mkvecer&targetsite=mkvecer&AdSize=468x60&PagePos=2

bullet-crven.gif

Вести

СО ЗАДОЛЖИТЕЛНОТО СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ
Нема партиципацијата за новите средношколци
Учениците од прва година средно образование нема да плаќаат партиципација во училиштето каде што се запишале. Но, износот до 1.200 денари, колку што се плаќаше досега, и натаму останува обврска за учениците од останатите години во средните училишта

Учениците од прва година средно образование нема да плаќаат партиципација во училиштето каде што се запишале, бидејќи од годинава стартува задолжителното средно образование. Но, износот до 1.200 денари колку што се плаќаше досега и натаму останува обврска за учениците од останатите години во средните училишта затоа што тие учат по стариот закон. Тоа значи и дека ако ученик од втора, трета или четврта година се откаже од училиштето, нема ниту тој, ниту неговите родители да бидат казнети.
- Задолжителното средно образование важи за генерацијата 2007/2008 која се запишува во средните училишта. Според новите законски одредби оние што од септември ќе почнат прва година нема да имаат трошоци за превоз, за сместување во училишен дом и нема да плаќаат за партиципација. Од наредната учебна година, учениците ќе добиваат и бесплатни учебници, велат во Министерството за образование.
Министерот за образование Перо Стојановски апелираше до директорите на училиштата и училишните одбори да не им наплатуваат партиципација на средношколците од прва година.
Партиципацијата што училиштата ја наплатуваат од учениците се користи за подобрување на наставата. Советот на родителите одлучува за што ќе се користат тие средства, а училишниот одбор ја потврдува одлуката. Но, ако се има во предвид позамашната сума што училиштата ја собираат по овој основ, многумина од учениците и родителите се прашуваат каде одат тие пари. Директори на школите, пак, велат ако се земат предвид сите потреби за одржување на едно училиште, сумата воопшто не е голема.
- Парите од партиципацијата ги искористуваме буквално за се што е потребно за одржување на училиштата. Овде влегува одржувањето на хигиената, дезинфекција, бојосување, одржувањето на парното, компјутерите, дел е наменет за натпревари на учениците. Од тие пари се наплатува и пукната цевка или скршен прозорец... Што значи ако се земе предвид тековно одржување на едно училиште, тие пари се и малку, вели Драган Арсовски, директор на скопската гимназија "Р.Ј.Корчагин".
Директорот на Уметничкото училиште во Скопје "Лазар Личеноски", Ицко Петрески, каде партиципацијата е 1.500 денари, вели дека парите од партиципацијата ги искористуваат за набавка на потрошни материјали, како што се платна, четки, алатки што ги користат учениците, а притоа сметка му поднесуваат на училишниот одбор.

Извор: Вечер
Да не мислеше 2008/2009?
Иначе да се вртам на темава.Вчера класната дојде во класот и ни кажа дека имаме поздрав од директорот и дека треба да платиме партиципација од 1500 ден.а со се пријава,уплатица,таксена марка итн.ме фати 1593ден.:pipi:
 
тоа не е правилно дечки партиципација не треба да се плака а тој што зема пари кој ти знае каде одат тие пари :nesvest:
 
Секаде различна сума на пример кај нас 1500 и плус 150 за обезбедување па таксени марки се на се 1800 денари и после било задолжително и БЕСПЛАТНО.... И поважна им е уплатницата отколку другите документи.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom