Треба да направиме муабет...

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Треба да правиме муабет.
Следниот ден порака од партнерот:Еј мислам дека избрзавме и дека не те сакам, сакам да раскиниме. А незнам зошто воопшто се користи оваа фраза? Посекако ти прајш муабет кога и да се видиш со него.. не ми е јасно шо толку најавување и подготовки?
 
Реченицава до сега ја имам кажано три пати, и тоа секогаш било за прекинување на врска. Едноставно се’ друго кое ќе се јави како проблем во врска се решава сосема спонтано.
Оваа реченица до сега ја имам искористено само во тој контекст.
Но исто така, не само кога станува збор за љубовна врска, ја имам и користено кога сум требал да павам навистина многу сериозен муабет со одредена личност.
Сепак сметам дека некаде понатаму во животов во однос на врските, оваа реченица ќе ја искористам и само како факт со кој ќе посочам на некој поголем проблем кој кога ќе се реши ќе претставува само матно минато.
 
па ја користам често и никогаш немам раскинато со тааа реценица
 
Зашто (речиси) секогаш кога ќе се спомне оваа реченица од страна на партнерот/ката,другата страна мисли дека станува збор за раскинување?

Сум забележала кај многу луѓе кои ќе ја слушнат оваа реченица веднаш помислуваат дека партнерот ќе им раскине.

Дали навистина оваа реченица секогаш претставува вовед за прекинување на врската?

Колку често ја користите оваа реченица и дали само кога сакате да раскинете или кога сакате да потенцирате нешто битно поврзано со врската?

Првото прашање ќе го одговорам директно.
Во нашето поднебје - Македонија сеуште постојат вредности на несигурност и баш поради сево ова се носи оној одговор - ако тој/таа бара да разговара со мене веднаш доаѓа до раскин. Страв од тоа дека некого губиме.

2. Дали ова секогаш води претставува вовед кон раскин? Хммм пак ќе се навратам кон она што го реков погоре. Во најмногу случаи да. Но секогаш зависи од личноста како се поставува и како другата тоа го прифаќа. Познавам личности кои досега 100пати разговарале и никогаш не ја поставиле врската во прашање (барем така се изјасниле).

3. Морам да признам дека првиот пат кога ја имам чуено оваа реченица ме има наведено кон раскинување на врската. Но не мора да значи тоа така. Искреноста во врската ми е една од главние стожери па секогаш кога имам јас некој проблем кој сакам да го изјаснам пред девојка ми ја употребувам оваа реченица,
 
не ја користам таа реченица кога сакам да раскинам туку да потенцирам за некои работи во врската што не ми се допаѓаат и сакам да се променат
 
Ова е една од речениците шо најногу мразам да ги слушнам.
Или па недај боже да ми рече, `ама ајде попосле ке ти кажам` е тоа е веке :)) out of control.
 
Имав еден бивши што имаше уплав од реченицава. Јас му викам дај да напраиме муабет и он одма ми се правда и ми вика не сакам да раскинеме (сирот тој). И секој пат кога јас сакав со него да зборам за разни мали ситници кои не ми се допаѓаат во врската, а ни на крај памет не ми дошло раскинување тој се однесуваше така и помислуваше дека сакам да раскинеме, па и другите 90% (нормално сите се однесувале различно, немаат сите уплав од реченицава, да не помислите дека сум бабарога или го потценувам машкиот род:pos2:). Изгледа најчесто ние девојките оваа реченица ја употребуваме или за раскинување или за смирување, па заради тоа и машкиот пол - барем до сега секогаш оваа реченица ги наведувала на едно т.е. на раскинување. Јас баш не ја практикувам реченицава за тоа, туку напротив луѓе сме муабет на секој му е потребно. Оваа реченица ја имам потенцирано и во случаи кога приметувам дека нешто се случува со партнерот (тажен, среќен, бла, бла) и сакам да знам што му е па му се обраќам со таа реченица.
 
после 2 години и 3 месеца врска дочекав и мене да ми ги кажат овие зборови :tapp:
побара пауза од мене и ми ги рече зборовите....ќе се видиме ќе правиме муабет за нас....зошто вака ме измачува ни ја незнам...:tapp:
 
Само ќе кажам дека кога ке се спомене таа реченица срцето ми се стега :toe:
 
Мене па и не ме плаши реченицава зашто никој никогаш не ми раскинал со неа :pos:

Абе цароој ми се бившиве, знаа како да раскина затоа сега немам трауме од реченицава :pos:
 
Никогаш не сум ја искористил , никогаш не ја искористиле на мене ... Гад дем , мора да сум фрик ...
А страв .. не ми предизвиква .. посшто обично врските ми траат некое време одкако знам дека се завршени де факто заправо би ме израдвало да го чујам муабетов .:vozbud::kesa:
 
Зависи на кој начин ќе се каже тоа или со кој тон.Иначе кај повеќето кога ќе се каже тоа се помислува на тоа,а незнам зашто.
 
Колку ми е филмска реченицава, тоа чудо едно.:)
Tи го кажуваат ова, срце ти лупа 500 на саат, си праиш филмови, си враќаш филм за месец уназад...
Ептен јако:)
И крајот секако е или океј или неокеј...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom