Трансфери на македонски фудбалери во странство

  • Креатор на темата Креатор на темата Гижо
  • Време на започнување Време на започнување
Tetovcanecot Goran Stankovski od Rabotnicki Kometal ke prejde ili vo Vardar ili vo germanija 2-ra liga!!!
 
гешоски не потпиша договор со горица (најверојатно не нашле заеднички јазик со раководството на горица околу финансиите:pos2:) ееееее златни дрва недоделкани. сиротиов никако да направи трансфер во странство
 
Жиниор ников и Александрв од литекс во Пелистер
Илир Елмазовски од Победа Во Пелситер
Менде Степаовски од Работнички во Пелистер
 
Александар Бајевски од Ференцварош во новиотт белгиски прволигаш Мехелен
Влатко Данилов од клуб во Грција во клуб во Казахстан
 
Александар Бајевски од Ференцварош во новиотт белгиски прволигаш Мехелен
Влатко Данилов од клуб во Грција во клуб во Казахстан

бајо во ференцварош играше пред 2-3 години, после тоа отиде во лечна (полска), а последниве 6 месеци играше во катар
 
бајо во ференцварош играше пред 2-3 години, после тоа отиде во лечна (полска), а последниве 6 месеци играше во катар

А да моја грешка, Ференцварош беше префрлен во трета, четврта лига заради финански проблеми и бајевски си отиде:smir:
 
А за трансфера на Тасевски в Левски, зашто ништо не пишувате
 
Уште еден во Локерен


Во наредните две години Ертан Демири ќе го носи дресот со бреој 11 во тимот на Локерен. Довчерашниот фудбалер на Работнички К. вчера откако успешно ги мина долгите и исцрпувачки лекарски прегледи го стави потписот за новиот клуб по што го имаше и првиот тренинг со фудбалерите на Локерен.

"Среќен сум што се исполни мојата најголема желба. Долго време посакував да направам трамнсфер надвор од Македонија и ете сега му успеа. Многу сум им благодарен на моите менаџери Дејан Вељковиќ и Драган Силјаноски. Двајцата се најзаслужни за моето доаѓање тука во Локерен", изјави Демири веднаш по промоцијата за тимот во кој настапуваа Горан Мазнов и Бобан Јанчевски.
89A4872C7ED37B43AFD2DAC0111F2B6D.JPG


"Демири е одличен тимски играч. Игра со срце и го има насекаде по теренот. Многу е корисен и ќе се уверите во тоа. Можеби не е Аршавин, Чави или некој друг познат фудбалер но сметам дека Демири за нас ќе биде големо засилување", беа зборовите на познатиот белгиски тренер Џорџ Лекенс за неговиот нов фудбалер.

Барем засега ниту од Работнички а ниту самиот фудбалер не сакаа да коментираат околу условите под кои се прави трансферот на Демири во Белгија. Дознаваме дека цифрата е помала од онаа на Неџипи кој пред неколку недели замина во Лирс. Неофицијално станува збор за 300.000 евра кои Работнички (Вардар), ќе ги заработи од продажбата на фудбалерот кој спопред сите најави ќе биде во списокот на селекторот Среќко Катанец за следните предизвици на националниот тим.


_______________________

Петров во Грција

Македонскиот репрезентативец Роберт Петров кариерата ќе ја продолжи во тимот на Пансериакос од Грција. Тој вчера беше на преговори со екипата од Сер која во новата сезона ќе настапува во најсилната лига кај нашиот јужен сосед.

"Во сабота треба да се реализира трансферот и да се потпише договорот на две години", изјавува Петров за "Македонски Спорт"

Левиот бек до неделата тренираше со ЦСКА Софија кога и му истекоа обрските кон шампионот во Бугарија.

"По 6 години минати во Бугарија дојде времето да се смени земјата. Се надевам дека по две години во Грција ќе има нов предизвик во некој поголем клуб. Пансериакос е амбициозна екипа која се надева дека долго ќе се задржи во елитната лига на Грција", коментира Петров кој со Локо Пловдив и ЦСКА Софија освои по една шампионска титула во Бугарија.

Стандардниот наш репрезентативец треба да биде големо засилување за Пансериакос, а дека фудбалерот се враќа во топ форма покажа и неговиот настап за Македонија на тест дуелот со Полска, на кој одигра одлично на неговата позиција. Петров во минатата сезона имаше многу малери исполнети со паузи и повреди.
Sport.com.mk
 
Ристик потпишал договор за 1.000,000$ за шампионот на Ј.Кореја Поханг Стилерс.
 
Ристик потпишал договор за 1.000,000$ за шампионот на Ј.Кореја Поханг Стилерс.

еве подетално:

Ристиќ потпиша за Поханг Стилерс

aleksandar_ristic_koreja.jpg

”Откако Поханг ја исплати отштетата од 1.000.000 долари немаше никаков проблем да ставам потпис на двеиполгодшен договор со шампионот. Чонбук сега е минато за мене” ни изјави голгетерот.
И дефинитивно од вчера Стевица Ристиќ е нов член на Поханг Стилерс (официјалниот сајт на клубот вчера ја потврди веста). Десетина дена се најавуваше овој голем трансфер на нашиот репрезентативен напаѓач, но затоа вчера и дефинитивно беше реализиран. Ристиќ стави потпис на двеиполгодишниот договор со актуелниот шампион на Јужна Кореја. Можеби звучи чудно со оглед на тоа дека во тек е првенството на оваа земја, но таму такви се прописите. Играч од клуб во клуб може да направи трансфер кога ќе посака.
Така, сега Чонбук го загуби својот најдобар напаѓач (минатата сезона беше прв стрелец со 13 голови) а Похан Стилерс доби екстра голгетер.
“Долго време, веќе неколку месеци Поханг инсистираше да потпишав за нив. Но Чонбук не беше баш расположен да ме пушти. Сепак откако 'стилерси' ја исплатија бараната отштета од 1.000.000 долари а јас потоа се договорив за личните услови не постоеше никаков проблем да потпишам за мојот нов клуб. Интересно е тоа што денеска ќе го играм последниот меч за Чонбук против Гуенгам, а од понеделник се селам во тимот на Поханг од истоимениот град. Тогаш ќе биде и официјалната промоција. За цифрите не бида сакал да говорам во детали, но морам да напомнам дека во Поханг ќе земам три пати повеќе отколку во Чонбук. Тренер во новиот тим е Бразилецот Серџо Рикардо Де Павиа Фариас, а во нападот друштво ќе ми прави исто така Бразилецот Денилсон” ни изјави вчера во телефонскиот разговор Стевица Ристиќ.
На крај кога сме кај Поханг Стилерс да кажеме и тоа дека пред неколку години за овој клуб успешно настапуваше Горан Петрески - Чунга
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom