борникот „Македонските бегалци во Полска 1948 - 1975 година“ е вонредно дело, кое содржи многу документи за егзодусот на Македонците од Грција и за добриот прием во Полска, беше истакнато на вчерашната промоција во Скопје.Во делото чиј автор е Петре Наковски, поранешен македонски амбасадор во Полска, се претставени неколку стотици оригинални документи врзани за приемот и престојот на македонските и на грчките бегалци од Граѓанската војна што се водеше во Грција. Во тој период најмалку околу 55.000 луѓе од грчко и македонско потекло, од кои 28.000 беа деца и младинци, беа иселени од Грција. од нив околу 12.000, меѓу кои 3.590 малолетни деца, пристигнаа во Полска. Зборникот е заедничко издание на државните архиви на Македонија и на Полска.Полската влада му посвети посебно внимание на воспитувањето и образованието на македонските деца. За нивните потреби беа отворани македонски училишта и се публикуваа учебници, литература и весници на македонски народен јазик - изјави Зоран Тодоровски, директор на Архивот на Македонија. Славомир Радоњ, директор на Државните архиви во Полска, потенцира дека присуството на Македонците во Полска оставило трајни траги.Овој зборник содржи информации за многу важни настани. Фасцинира податокот дека токму во Полска се создавани основи за учење на македонскиот јазик и на македонската литература, паралелно со публикувањето на училишните учебници, кои потоа се испраќани и во другите земји - рече тој.
Дневник
Дневник