Ако дадат ХД ресивери (со снимање) на есен, тек тогаш ќе се префрлам, моите сакаат да снимаат, сите серии ги запратиле, катастрофа. На Тотал ТВ сакав да се префрлам пошо купивме телевизор LG LED 42" so Full HD, со сите работи па сега малце ми е глупо да гледам на SD резолуција. А да ми беше доволно длабок џебот, немаше да се мислам, ќе земев DreamBox HD 8000 (500 и кусур евра) и најквалитетен шеринг годишно (над 150 евра) и ќе гледам ко човек над 8000 канали, од кои преку 600 на HD, 80% од HD каналите на 1080i резолуција, епа сега пресметај ти, плус на тој ѕвер од ресивер ( DreamBox HD8000 ), нема што нема да правиш, да ставаш надворешен хард диск, на него снимаш содржини, снимаш на вградениот хард диск на дримбоксот, да враќаш назад, ова она, уживање.... ама уживањето се плаќа поскапо