@mitrevojvodata
На сите препорачувам, со давање на поднесоци, што подолго да го одолговлекуваат судењето. Но ако те судат препорачувам во завршниот збор да кажеш дека: Точноста на фактурите не е докажана и дека членот 66 не важи, а членот 53 не се однесуваа за тебе.
Подоле имаш текст на завршен збор. Можеш да ги прочиташ на самото судење, или да го дадеш напишан на самото судење, или да кажеш дека завршен збор ќе дадеш писмено во рок три дена.
Еве како би гласел тој завршен збор:
......................................
Број на предметот ( бројот на Вашиот предмет )
ДО ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ 2 – СКОПЈЕ
ТУЖИТЕЛ: Снабдување центар ДООЕЛ , Скопје
ТУЖЕН: ( Ваше име и презиме и адреса ), Скопје
ВРЕДНОСТ: ( вредност од Вашиот предмет ) денари
ПРЕДМЕТ: Долг
ПОДНЕСОК број 14 ОД ТУЖЕНИОТ – ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ
Во овој Поднесок број 14 дава завршен збор.
Останувам на наводите изнесени во Приговорот и Поднесоците и уште додавам:
1.За точноста на Фактурите кои Тужителот ги достави не е доставен ниту еден доказ дека се точни, ниту дека се точни податоците наведени во нив. Според член 21 од Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија тие суми треба да се еднакви, а не се. Ова е очигледен доказ дека Тужителот мами.
2. Членот 66 од Правилата нема правно дејство уште од 01. 10. 2012, што го утврди Уставниот суд на Република Македонија во точка 14 од Решението У.бр. 125/2012, донесено на 22. 05. 2013.
3. Членот 53 став 2 од Правилата, воопшто не се однесува на мене, туку на тие кои се опишани во став 1 од членот 53 – тие кои се исклучуваат според овие Правила. Јас сум исклучен пред донесувањето на овие Правила. Според Уставот законите и прописите немаат повратно дејство
Затоа барам Судот да пресуди во моја корист
Во Скопје,05. 03. 2014 Тужен, ( Ваше име и презиме )