Еве уште еден поднесок, тоа е поднесок број 11
...........................................................
Број на предметот ( бројот на Вашиот предмет )
ДО ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ 2 – СКОПЈЕ
ТУЖИТЕЛ: Снабдување центар ДООЕЛ , Скопје
ТУЖЕН: ( Ваше име и презиме и адреса ), Скопје
ВРЕДНОСТ: ( вредност од Вашиот предмет ) денари
ПРЕДМЕТ: Долг
ПОДНЕСОК број 11 ОД ТУЖЕНИОТ
Со овој Поднесок број 11, Тужениот, се повикува на член 205 став 1 од ЗПП и како релевантни докази предлага да се изведат: ( Доказ 1 ) Регистрационен лист со кој Тужителот Снабдување со топлина Балкан Енерџи, ДООЕЛ , Скопје е регистриран во Централниот регистар; ( Доказ 2 ) Напис објавен во Утрински весник на 30.11. 2012; ( Доказ 3 ) Напис објавен во Утрински весник на 05. 12. 2012; и ( Долаз 4 ) Напис објавен во Утрински весник на 01.01. 2013;
Образложение:
За предложениот Доказ 1
Овој Доказ е исправа – Регистрационен лист кој Централниот регистар го издал, при регистрацијата на Тужителот Снабдување со топлина Балкан Енерџи, ДООЕЛ , Скопје. Од него може да се Тужителот е регистриран во Централниот регистар на 28. 11. 2012; дека се работи за претпријатие во приватна сопственост; дека е основан со домашен капитал од 5000 евра; дека дејноста му е снабдување со пареа и климатизација
За предложениот Доказ 2
Овој Доказ е напис од дневен весник во кој се известува дека Топлификација ќе ги врати лиценците бидејќи нема доволно капитал. Имено, Топлификација тврди дека наводно и биле потребни 25 милиони евра за обавување на дејноста но таа ги немала. Во написот може да се прочита: „ ( цитат ) „За грејната сезона 2011-2012 година износот на потребниот обртен капитал достигна 25 милиони евра што беше далеку над можностите на ’Топлификација‘. Поради тоа, за таа грејна сезона се користеше заем од ЕЛЕМ и МЕПСО во висина од 4 милиони евра со камата од 9 отсто годишно и рок на враќање, август 2012 година. Овој заем според договорените услови беше вратен“, велат од компанијата.
Од таму додаваат дека бидејќи вратената лиценца во август 2011 година и по повеќе од една година не беше одземена, компанијата решила повторно да ги врати сите три лиценци за да овозможи кој било заинтересиран субјект за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија да конкурира за која било од трите дејности. ( завршен цитат )
Од овој текст е видливо дека проблемот се состои во тоа што Топлификација нема 25 милиона евра колку наводно и биле потребни за работењето.
Следниот напис е исто од дневен весник но од 05. 12. 2012. Тоа е Доказот 3
За предложениот Доказ 3
На 05. 12. 2014, значи неполна недела од кога Топлификација соопшти дека нема 25 милиони евра и дека ги враќа лиценците е е објавено дека е најдена таква фирма. Во написот може да се прочита и дека директорот на Топлификација избегнал да одговори на прашањата на новинарите: „ ( цитат )Една фирма била заинтересирана да го преземе бизнисот на „Топлификација“ за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Фирмата вчера уште еднаш соопшти дека не е во состојба да обезбеди финансии за да може да им гарантира на скопјани дека ќе имаат топли домови во текот на целата грејна сезона. ......Што точно се случува во компанијата, нејзиниот прв човек Димитар Хаџимишев вчера избегна да одговори. По присуството на презентацијата на „Енергетскиот биланс“ во Стопанската комора на Македонија, иако вети дека ќе одговори на прашањата на новинарите за „Топлификација“, тој едноставно ги заобиколи камерите и си замина.
За финансиските проблеми „Топлификација“, во соопштението кое вчера беше објавено на Македонска берза, вината ја гледа во одлуките на Регулаторната комисија за енергетика, донесени во изминатите неколку години. Како резултат на тие одлуки компанијата не можела рентабилно да работи, поради што во повеќе наврати се задолжувала кај банките. Досега успеала да ги врати само каматите, а не и главниците на заемите. Поради тоа, во актуелната сезона „Топлификација“ не може да гарантира дека ќе обезбеди 25 милиони евра, како обртни средства потребни за функционирање на бизнисот.
„Топлификација“ во соопштението информира дека заинтересираната фирма се очекува да се јави на јавниот повик кој на 28 ноември го распиша Регулаторната комисија откако акционерското друштво ја врати лиценцата и системот и фирмите ќерки ги понуди под закуп. Компанијата им ги нуди на закупците и вработените кои се стручни и обучени за работа во дејноста, се' со цел новата компанија да ги исполни и специфичните барања на јавниот повик за поседување основни средства и за располагање со стручен кадар за извршување на регулираните дејности. ( завршен цитат )
За предложениот Доказ 4.
Како се заврши овој хоштаплерај се виде дури на почеток на следниот месец, јануари 2013, кога Тужителот Снабдување со топлина Балкан Енерџи, ДООЕЛ , Скопје.
Во Доказот 4 може, кој преставува напис од дневен весник од 01. 01. 2013 да се прочита: „ ( цитат ): Се остварија претпоставките за тоа која компанија од оваа година ќе го води бизнисот со парното. „Балкан Енерџи груп“ од денеска е носителот на трите лиценци за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. „’Топлификација’ потпиша договор за закуп на основните средства неопходни за вршење на дејноста производство на топлина со новиот носител на лиценца, ’Балкан Енерџи Груп’ “ , објави завчера Регулаторната комисија за енергетика. Согласно договорот за закуп, новиот носител на лиценца има обврска да инвестира во основните средства износ на годишната амортизација, со цел нивната вредност да не се намалува.
Исто така, новиот носител на лиценца на „Топлификација“ ќе и' плаќа закупнина во висина на одобрениот принос на капитал за оваа дејност, кој во согласност со постојните акти на Регулаторна, изнесува околу 1 милион евра на годишно ниво. Согласно договорот за преземање на вработените, новиот сопственик на лиценца е обврзан да ги преземе и сите вработени од фирмите на „Топлификација“. Според деловниот план на „Топлификација“ во наредните три години се очекува позитивен биланс на успех. И тоа, во 2013 година добивката да изнесува околу 700.000 евра, во 2014 година околу 2,2 милиони евра и во 2015 година - 2,6 милиони евра. Позитивниот нето готовински тек во 2013 година се очекува да биде околу 10,4 милиони евра, во 2014 година околу 4,3 милиони евра и во 2015 година 3,1 милиони евра. Ваквите резултати во наредните три години ќе овозможат намалување на задолжувањето на „Топлификација“ во висина од околу 17,6 милиони евра. ( завршен цитат )“
Ете така – Бидејќи на Топлификација наводно и недостасувааше капитал од 25 милиони евра, лиценците се одстапени на претпријатие со капитал од 5 илјади евра.
За одбраната на Тужениот е многу битно да се изведат овие докази, бидејќи со нив се докажува дека на 01. 10. 2012, кога заврши правното дејство на одредбите на член 66 од Правилата за снабдување со топлинска енергија, Тужителот воопшто не бил регистриран. Односно дека тој сосема неосновано се повикува на одредбите на член 66
Конкретно се докажува дека Тужителот е регистриран на 28. 11. 2012, а лиценца добил дури на 01. 01. 2013, година
Листа на прилози: Доказите 1, 2, 3 и 4 – опишани во текстот
Во Скопје,08. 12. 2014 Тужен, ( Ваше име и презиме )
........................................
Решението за регистрација е во датотека а написите од весниците сами симнете ги од овие адреси:
http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=058BEB3BB9D1F34BA37F3FF8243F69EB
http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=FC44A2099BC04A47A10828568AFCED84
http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=D54670B2CA6E0D43A748F18CAEAF455F
...............................
Уште еднаш:
Не се впуштајте во расправа - само со поднесоци одлагајте