„Топки“ со Филе на Кајгана! (http://kajgana.com/topki)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Пола емисии му беа со корисни и интересни информации за Реал, да не беа толку ограничени "фановите" барем ќе научеа нешто за клубот што го подржуваат. Инаку, одлична вест - ТВ немам гледано подолго време а емисијава има квалитетна содржина што вреди да се гледа. За коментарите на темава:

1345047451002.jpg
 
Дур сум жив ќе памтам како ја заврши расплакан емисијата во 2010 после ремунтадата, човекот немаше ни доблест да признае пораз, ја прекина емисијата.
Колку ви се исплаќа потегов незнам, ама да гледам анализи на играта на барса не ме интересира, ја театарот го сакам во театар не на фудбалски терен.
 
Незнам дали добро се сеќавам(или халуцинирам), но Филе беше едно време активен на форумов и памтам се искара со навивачи некои,чинам на јунајтед...нешо ги извреѓа и се откажа од форумов...
 
Добро е да има новитети на порталот :) (y)
--------------------------------------------------------------------------------------------
Acid, колку е вреден трансферот на Филе? :rolleyes:
Филе ја отече со Барселона инаку.
Јавно го молам Acid да не го носи Латас, Јанко, Ефтов, Миленко :D
 
Џабе кењате, пак сите ќе го гледате/читате.
 
Само не дозволувајте да бара Кајгана да се прекрсти во Аргентина, Лацио, Барса, Меси, Моу Камп...
 
Факт е дека Филе е субјективен и е загорен фан на Барса и Лацио. Ама кој ја гледал ланската сезона на Топки на Алфа ќе знае дека Филе 80% збореше и правеше анализи и статистики за повеќето клубови не само за Барса. Во време кога ТВ просторот кај нас е контаминиран со смрдени турски серии без никакво спортско новинарство и анализи, ова е најпозитивна работа што искочи. А и ок е да има јадачки и спротиставени ставови, така ќе биде и поинтересно за следење. :)
Некој пиша дека Филе бил и член на Кајгана, се надевам дека пак ќе се врати и ќе пишува па да се спротиставиме со аргументи, критики и пофалби.
--- надополнето: 23 август 2012 во 15:49 ---
Сега уште Васко Ефтов ви фали...
Жена и фудбал не зезај.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom