Top Gear

колку епизоди има од новата сезона искочено?
Ниту една , сеа за божиќ ке има Патагонија специјал во два дела ,па после во февруари мислам ке почне новата сезона , најверојатно пак со малку епизоди 6-8
 
Ајде Season 22 :zloo:

За мене TG е многу повеќе од само тв шоу, или емисија за коли... Такви лудаци не се раѓаат уште еднаш, изгледано ми е буквално се од првата епизода навака, дури и емисиите надвор од TG на тројцата... и барем јас никогаш не сум бил ни најмалку разочаран. Океј сеа, првите две сезони сеуште 'се бараа' со форматот на емисијата, ама се навака е... :vozbud:

Patagonia special... Хм, имаше некои добри моменти, приказната за таткото на Кларксон и Поршето, Лотусот на Меј кој ги запрепасти сите, at the Mustang business as usual :pos: Butch Cassidy беше освежување...
Феноменални глетки, музиката е секогаш ама буквално секогаш погодена...
Али тоа што не ја завршија целта некако ми беше meeh, дури и јас кој се крсти во Кларксон мислам дека намерно беше Поршето избрано заради регистрацијата со цел да се напрај некоја фора ама реакцијата на Аргентинците... Претерана во секој случај.

http://www.topgear.com/uk/photos/series-22-top-gear-preview-2015-1-2

Редно е за една сезона со повеќе од 5-6 епизоди јас мислам :)
 
Секогаш кога е ббц во прашање продукцијата е фантастична. Не сум чест гледач на топ гиар ама ги пратам повремено. Повеќе поради хуморот и по нешто поради колите.
Овај пат гледав поради фантастичната камера на ббц и насловот патагонија. За сликата не згрешив. Глетките беа фантастични. Ама Плотот ми беше малку безвезе. Како намерно да правеја глупости за да заглават. Разбирам дека мораат да направат нешто за да биди интересно ама мене ми беше бледо.
 
Баш штета!

Има ли некој што е обожавател? Гледавте вчера епизодата, не беше лоша како за прва епизода од 22 сезона.

Сепак имало и далеку далеку подобри епизоди, како и да е очекувам доста интересни работи во оваа сезона.
 
Добра беше епизодата, очекувам наредната да биде лудница, ќе тераат крави во австралија со бентли, нисан и бмв.
Иначе за темава, јас кога се зачленив на форумов меѓу првите ствари што барав беше Top Gear тема, но не успеав да најдам, не знам шо беше проблемот,како и да е, заслужува повеќе од неколку страни, сигурен сум дека има многу членови кој се фанови на серијава.
 
Уствари ете што е проблемот , треба да е во друг подфорум темава , не во телевизии и емисии. Треба некој да ја префрли во Автомобилизам и мотоциклизам ,не знам кој е модератор таму
 
Season 22? Oh boy... 10 eпизоди ќе има оваа :roker: шо е дупло повеќе од претходната сезона.
 
Уствари ете што е проблемот , треба да е во друг подфорум темава , не во телевизии и емисии. Треба некој да ја префрли во Автомобилизам и мотоциклизам ,не знам кој е модератор таму
Никако!
Тука каj плачковците нека си седи :D
 
И јас ги гледам редовно, ама се работи за емисија и не серија, затоа и нема толку коментари. Друго е кога се коментираат серии, посебно некоја драма што привлекува огромно внимание.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom