Какви трачеви и лечења на фрустрации? Малку детско размислување зар не?
Темата е најдосадни форумџии, не мора некој да те мрази или да е љубоморен за да те наведе во неговата листа. Затоа не знам зошто толку се возбуди и зошто воопшто мислиш дека некој всушност е преокуиран со тебе. Ова е јавен форум, секој може да ги прочита твоите мислења и негово е дали ќе му се допаднат или не. Со тоа, секој има право да го искаже своето мислење за твоите постови. Едноставно.
Не значи дека те провоцира или бара конфронтација, можеби стварно си досаден.
П.С. За цитираното... Немам налетано на твоите мислења, ако имам не се сеќавам, ама не си помислил дека вакво силеџиско однесување на виртуелен простор (internet tough guy е терминот) е една од причините зошто те нарекле досаден? Ете, размисли за тоа...
А темава стана премногу сериозна за ЧДА, се плашам ќе ја заклучат. Штета, одлична тема... Навистина припаѓа на подфорумот СЕИР и игри.