- Член од
- 5 август 2007
- Мислења
- 3.622
- Поени од реакции
- 2.699
Се ова што кажуваш е во точно,само што ова е како треба.А како треба,и како е во реалност,поготово кога си заљубен/а е многу различно.Шансите мојот дечко да ме извара се еднакви со шансите да ја извара дечко и комшиката, значи нема „не е како другите“. Како статистичка можност постои подеднакво. Се што може да му се случи на некој друг, може да (и најверојатно ќе) ми се случи и мене.
Прашање на личен избор е колку доверба ќе си дозволиме да имаме во партнерот, а тоа во идеални количини би било ни премалку ни премногу. Не треба да одиме во ниедна од екстремите, значи ни да бидеме беспричински сомничави, ни да му веруваме безрезервно. Треба да се има доверба во партнерот, која по правило треба да оди под рака со љубовта, ама секогаш со доза резерва и спремни на најлошото, зошто во ништо не можеме да сме сигурни, а и љубовта е променлива категорија.
Малце оф ке забегам,ама дали имаш заприметено дека кога си во врска и не си заљубена е многу полесно да го натераш партнерот да се заљуби во тебе.


