Тој/Таа не е како другите?!

  • Креатор на темата Креатор на темата Eliza
  • Време на започнување Време на започнување
Шансите мојот дечко да ме извара се еднакви со шансите да ја извара дечко и комшиката, значи нема „не е како другите“. Како статистичка можност постои подеднакво. Се што може да му се случи на некој друг, може да (и најверојатно ќе) ми се случи и мене.

Прашање на личен избор е колку доверба ќе си дозволиме да имаме во партнерот, а тоа во идеални количини би било ни премалку ни премногу. Не треба да одиме во ниедна од екстремите, значи ни да бидеме беспричински сомничави, ни да му веруваме безрезервно. Треба да се има доверба во партнерот, која по правило треба да оди под рака со љубовта, ама секогаш со доза резерва и спремни на најлошото, зошто во ништо не можеме да сме сигурни, а и љубовта е променлива категорија.
Се ова што кажуваш е во точно,само што ова е како треба.А како треба,и како е во реалност,поготово кога си заљубен/а е многу различно.
Малце оф ке забегам,ама дали имаш заприметено дека кога си во врска и не си заљубена е многу полесно да го натераш партнерот да се заљуби во тебе.
 
Не сум сигурна дека ти го разбирам прашањево.
Зошто воопшто би го ТЕРАЛА партнерот да се заљуби во мене, не треба тоа спонтано да си дојде и по негова волја?:)
 
Не,не, не мислев да го тераш,од друг аспект ти зборувам...тоа да,ке си дојди по негова воља,но заради твоите постапки кои ги правиш.А кога трезвено размислуваш,полесно е да ги правиш вистинските постапки,отколку кога ке бидеш заљубен...Ме разбираш што сакам да ти кажам?:):smir:
 
Се ова што кажуваш е во точно,само што ова е како треба.А како треба,и како е во реалност,поготово кога си заљубен/а е многу различно.
Малце оф ке забегам,ама дали имаш заприметено дека кога си во врска и не си заљубена е многу полесно да го натераш партнерот да се заљуби во тебе.

Психологија чиста, така функционира човечкиот мозок. Го “брка“ она кое осеќа дека го нема, потсвесно еден момент почнува да се чувствува како заљубен. Да натераш некој да се зауби во тебе е лесно на хартија. Тешко е да се издржи тој ритам, треба да се биде по малку злобен, ако не и по многу. :)
Сепак, заљубување, е стварно дискутабилно... јас верувам (и така функционирам) дека вистинска љубов има кога двајцата се сакаат, и засакувам силно кога гледам дека ме љубат.

Он топик:
Таа не е како другите, ја кажуваме сите... сакаме да веруваме во тоа, во спротива би го поминале денот на телефон и со безбедносни камери, следејќи го партнерот во чекор. Без таа реченица, врската е бесмислена.
 
Zosto?Bidejki ti imas mnogu ubavo mislenje izgradeno za nego,te pravi srekna i taka natamu,i koga ke razberis,ne deka ne veruvas,tuku NE SAKAS da veruvas.....

Он топик:
Таа не е како другите, ја кажуваме сите... сакаме да веруваме во тоа, во спротива би го поминале денот на телефон и со безбедносни камери, следејќи го партнерот во чекор. Без таа реченица, врската е бесмислена.
Исто мислиме,а мислам и дека во право сме:smir:
 
Шансите мојот дечко да ме извара се еднакви со шансите да ја извара дечко и комшиката, значи нема „не е како другите“. Како статистичка можност постои подеднакво. Се што може да му се случи на некој друг, може да (и најверојатно ќе) ми се случи и мене.

Прашање на личен избор е колку доверба ќе си дозволиме да имаме во партнерот, а тоа во идеални количини би било ни премалку ни премногу. Не треба да одиме во ниедна од екстремите, значи ни да бидеме беспричински сомничави, ни да му веруваме безрезервно. Треба да се има доверба во партнерот, која по правило треба да оди под рака со љубовта, ама секогаш со доза резерва и спремни на најлошото, зошто во ништо не можеме да сме сигурни, а и љубовта е променлива категорија.

+1. Премногу доверба не е на арно (зборувам од искуство).
 
е тоа драга лејди, зависи од гените шо си ги носиме, некои се полиберални некои поконзервативни...и така...:smir:

ПС. боже, шо поише растеш, се по убава си...пу пу машала...:back:

Гените се само една цигла во градбата. :wink:
П.С.Фала!
 
Сепак, заљубување, е стварно дискутабилно... јас верувам (и така функционирам) дека вистинска љубов има кога двајцата се сакаат, и засакувам силно кога гледам дека ме љубат.

Се согласувам со болдираново:pipi:
Кога ќе почувствуваш дека некој те сака(знам дека сега се поставува прашањето од кај знаеш дека некој те сака?)едноставно тоа се чувствува, кога ти го сакаш и имате меѓусебно разбирање тогаш веќе зборуваме за љубов.
Да тој е тој, тој е поинаков....Врската е релативна работа. За мене без љубов ништо не вреди, па така ни врска без љубов не вреди. Штом сум во врска со некого тоа значи дека го сакам и со сакањето ја добива и мојата доверба.Но секогаш постојат две сили во свеста на секого од нас едната која не теши и убедува дека нема да се случи ништо, а другата е стравот од тоа да не се случи изневерувањето.Се додека ги одржуваме во рамнотежа врската е стабилна.Тој ме сака, јас го сакам, силите се во рамнотежа тогаш стварно тој е различен од другите:pipi:
 
Убав наслов ама мислев за нешто друго се зборува. Енивеј никогаш не сум кажала такво нешто, зашто секогаш во мене постои доза несигурност во партнерот колку и тој мене да ме обожава хех. Сите ние можеме да изглумиме, па од кај да знам каков бил во претходниот живот кога не бил со мене, може пак да му се вратат истите навики и размислувања. Колку и да си по 24 саати со некого тој пак ќе изнајде начин да направи нешто, а ти да не приметиш. Затоа дај му слобода нека лета, верувај нема да посака ништо. Неможам да тврдам дека е светец, од кај да знам што прави кога не сме заедно, а искрено ич не се замарам. Сите сме исти на некој начин, на сите ни е слатко забранетото овошје колку и да не смееме да го јадеме, така да против тоа неможеш.
Да,доколку ние би се замарале со животот на партнерите кога не се до нас не би имале свој.

Шансите мојот дечко да ме извара се еднакви со шансите да ја извара дечко и комшиката, значи нема „не е како другите“. Како статистичка можност постои подеднакво. Се што може да му се случи на некој друг, може да (и најверојатно ќе) ми се случи и мене.

Прашање на личен избор е колку доверба ќе си дозволиме да имаме во партнерот, а тоа во идеални количини би било ни премалку ни премногу. Не треба да одиме во ниедна од екстремите, значи ни да бидеме беспричински сомничави, ни да му веруваме безрезервно. Треба да се има доверба во партнерот, која по правило треба да оди под рака со љубовта, ама секогаш со доза резерва и спремни на најлошото, зошто во ништо не можеме да сме сигурни, а и љубовта е променлива категорија.

Да,кога си спремен на ударот помалку боли.
 
Никогаш како прво и основно не правам генерализации од типот : Сите машки изневеруваат, сите се такви, сите се вакви, па кога влегувам во врска, влегувам ослободена од стереотипи и уживам со човекот и во моментите со него. Исто така не се осврнувам на претходните мои искуства, затоа што секој човек - различна приказна. Никогаш не ми ни паѓа на памет дека партнерот би ме изневерил, бидејќи во него имам 100% доверба. Не влегувам во врска додека не сум сигурна дека можам да имам доверба во него.
 
Не сакам да генерализирам, и стојам зад фактот дека не се сите машки исти како што викаат. Постојат исклучоци, а се додека постои барем еден единствен исклучок, не може да се генерализира и да се каже онаа позната реплика сите машки се исти. Во животот сум сретнала секакви: од најголеми кретени, па до најромантични типови. За жал тој што беше мојот „не е како другите“,јас го испуштив зашто во тој момент бев однесена по еден што „е како другите“...останавме другари...но сепак сакам така да остане и среќна сум поради тоа што имам таков другар...многу добар другар...
 
тоа што љубовта е слепа некој / некоја знае многу добро да го искористи :sneaky:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom