И самиот Александров набргу ќе сфати каква голема грешка направил со тоа што го потпишал манифестот. Затоа ќе прави сè текстот на Манифестот да не дојде до јавноста. Во една пригода на својот истомисленик
Александар Протогеров ќе му се исповеда:
Кога ги читав, се накострешив. Големи пакости ќе се направат со нивното публикување, не само на борбена Македонија, но и на целото бугарско племе... Ќе помислиме како да ја поправиме таа наша грешка.
Закон на Разбојник
Рајко Даскалов, кој со Стамболиски водеше жестока кампања против Македонската Револуционерна Организација, беше убиен минатото лето во Прага, каде што претходно бил Бугарски Министер. Неговиот убиец, Николов, после беше осуден, ослободен и одново притворен. Тој одново беше притворен врз основа дека бил агент на Тодор Александров, водачот на Револуционерите. Оваа серија на случаи го поттикна интересот за активностите на Македонците.
Сегашниот водач на Револуционерите е Тодор Александров, кого само што го посетив. Какви и да се мислењата за праведноста или неправедноста на каузата што тој ја брани и начините што ги употребува, тој и неговата организација одредуваат една интересна студија. Доживотно верен на вероисповедот “Македонија на Македонците” и Комита, Александров го презеде во 1919 година водството на револуционерното движење. Претходно живееше во Софија, ама беше апсен и затворен од Стамболиски. Со посредство на неговите пријатели избега од затвор и премина во Македонија, каде сеуште живее живот што треба да се види па да се поверува. Одлучувајќи се да организира револуционерно движење против Србите и Грците, кои со Мировниот Договор го добија поголемиот дел од Македонија, Александров го реорганизира стариот Македонски Комитет што постоеше во Турското, во 1893. Во исполнувањето на оваа задача тој нужно постана “разбојник” и цена од над 2000 долари беше ставена на неговата глава од Српските власти.
Тој живее номадски живот, посветен на создавањето на автономна Македонија. Секогаш пешки и секогаш по ноќе, Александров патува низ Македонија, но без влегување во големите градови како Солун или Битола. Преку зима живее во некое скромно селско куќарче а во летниот период спие надвор. Денски “мирува”, никогаш не останувајќи повекје од два или три дена во исто место. Пратен е од мала група верни другари. Главната преокупација на оваа група е да не влезат во судар со српските или грчките власти, но да ги посетуваат и да ги набљудуваат разните комитети кои во последниве три години имаат изникнато во скоро секое гратче и село.
Роден Борец
На поканата да го посетам Александров, признавам дека најпрво помислив за мојата лична безбедност. Во минатото Македонија има добиено репутација за бандитство и беззаконитост за којашто Револуционерната Организација можеби изгледала наклонета да ја развива. Но точно спротивното е во случајов. Со моторно возило, коњ и пешки преминав неколку стотини километри преку дива и планинска земја. Насекаде напредно селско население кажуваше дека кражбата и криминалот се нешта од минатото. Сепак сезоната и условите за патување ме натераа да здивнам воздишка на олеснување кога едно замаглено утро курирот, кој за време на целото патување беше апсолутно рамнодушен, шепотна “Сега ќе го видите Старио”.
Минута покасно го сретнав Александров - висок, јако граден 42-ве годишен маж, облечен во темно кафеава униформа, со белези на Организацијата. Со цврсти очи и усни, кои во разговор можат да бидат весели, но во одмор се многу строги, полна воена опрема, која што ретко ја вади од себе, пушка потпрена на ѕидот и Александров почна да ми раскажува зошто вака го живее неговиот живот. Тој има само една идеја, а тоа е евентуалната прокламација на автономна Македонија, со свој главен град Солун. Тој изјавува дека народот нема да одобри да биде владеан од Србите, Грците, Бугарите и затоа што првите две држави одбиле да му дадат на народот слобода во говорот или религијата, само вооружена борба ќе им донесе на Македонците тоа што посакуваат. Во врска со неговото располагање со муниција и луѓе, тој рече дека пошто целта на Македонците не е да одземат територија, туку да им го направат животот на властите невозможлив, повремени напади се нивниот начин на борба. Така не им била потребна било каква артилерија. Пешадиски би ја воделе борбата & ако планински коњи можи да се употребат по потреба. Тие беа добро снабдени со пушки бомби и амуниција, пошто последните неколку војни доведоа до наоружување на секој селанин.
Оружје и војска
Во врска со јачината на неговите сили, Александров вели дека само во Македонија можи да мобилизира 150,000 луѓе. Но нагласи дека голем дел од овие луѓе сега биле цивили и дека само неколку илјади Комити сега биле во воена состојба. Тој не спомна за Македонци надвор од границите, но се очекува во случај на востание повеќе илјади кои сега живеат во Бугарија ќе се приклучат на неговите бои. Запрашан за можната дата за револуција, одговори дека состојбите не биле доволно згодни. Со ова подразбирам дека Организацијата сеуште ги нема направено сите подготовки. Освен ова разбрав дека поголеми резерви на оружје и муниција ќе биле собрани. Александров продолжи да раскажува дека тој се надева Хрватите, Словенците и Црногорците евентуално ќе ги отфрлат законските со незаконски начини против Србија, можеби тогаш ќе има заедничко востание.
На прашањето дали компромис не е можен меѓу Организацијата и властите, тој одговори дека многу Срби сега населени во Македонија видоа дека сегашната ситуација е крајно неподнослива, но партијата на Пашиќ, главниот државник во Србија, изгледала непопустлива во нејзиното посакување да ја поништи Македонија. Но, тој објасни, “Турција проба да не поништи во безбројни години, ама не успеа и е важно да се запамти дека тогаш значителното турско население беше против Револуционерната Организација. Сега Турците се со нас и јас безпрекорно ви кажувам дека сме посилни од кога и да било претходно.” Александров призна дека има односи со Турција, но лесно се гледа дека не става многу доверба во надворешна помош. Неговото е Македонско движење, кое тој се надева да го здружи со другите народи кои сега се дел од Триуналното Кралство. Истовремено тој искажа волја од Организацијата да се покори на било која независна испитувачка мисија за ситуацијата во Македонија, од Големите Сили, Лигата на Нациите или група од независни журналисти. Додатно рече, ако не се успее да се добие автономија, Организацијата ќе го добредојде ставањето на Македонија под покровителство на Голема Сила, првенствено Англија.
За односите на Организацијата со Бугарија, се радуваше на падот на Стамболиски и неговите пратеници, кои, со цел да створат Федералистичко Македонско движење, беа првата Бугарска влада што отворено жестоко се спротистави на аспирациите на Македонскиот народ. Ги опиша Македонските Федералисти како група од две или три стотини луѓе платени од Србија, кои немаат влијание или важност. Нагласи дека македонското движење во никој случај не е упрвувано од Софија и категорично одби дека бил во Бугарија или да учествувал во Јунскиот “цоуп д’Етат”.
Зборувајќи за смртта на Стамболиски, ја одби идејата дека неговата Организација е одговорна за неа, но додаде дека е можно неговата смрт била извршена од еден или повеќе Македонци кои имале жалби против него. Од друга страна, призна дека убиството на Даскалов, кого го опиша како демагог на демагозите, било работа на Организацијата. Во врска со ова ми покажа протестно писмо што Организацијата го адресирала до Чехославачката влада околу новото апсење на Николов, убиецот. Александров смета дека штом Николов бил еднаш ослободен од Чешкиот Правен Суд, немало случај против него, но бидејќи Српскиот печат завзел толку непријателски и претечки став, така што Чесите “нашле” причини за неговиот повторен притвор.