Тодор Александров

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин$
  • Време на започнување Време на започнување
А ВАНЧО МИХАЈЛОВ БЕ ЦИНЦО??

Ванчо Михајлов е исто како Александров и јас ги сместувам во ист кош а дали за тебе Александров е поприфатлив тоа си е твое и не ти се мешам :pipi:

Јон Михаилу:pos2:.Поголема лага немам прочитано значи тој што не ви се допаѓа е Влав па и името му ги изменувате .
да те поучам Михаилу како Ароманско презиме не постои.
Михајлов тој се презива .
 
А ВАНЧО МИХАЈЛОВ БЕ ЦИНЦО??
Ванчо Михајлов не е влав,
не е роден у Ново Село штипско
ниту пак има било какви врски со Македонија.
Он е бугарски играч уфрлен за да ги истепа прогресивните и македонски настроени членови во бугарското движење (меѓудругото долги години спонзорирано од државната бугарска каса)- ВМРО.
Родум е веројатно од Силистра,
ама тоа никој со сигурност не знае и не може да тврди.

И ти многу добро знаеш дека ова е вака.

Никој и никогаш не спомнал,
ниту пак памти дете по име Иван (Ванче) Михајлов,
кое што се родило,
идело у школо и.т.н. во штипско.
 
Знае се дека после един от атентите србските власти арестуват татко му и брат му именно в Ново Село.Тоа за Силистра за прв п'т го слушам.За мене нема с'мнение дека е родом от Ново Село.За историчарите с'што.:smir:
 
Убиствата и атентатите на Тодор Александров во времето од 1918-1924 год.
Јовче Ангелески, Кичево
Деновиве имав прилика да ја прочитам извонредната публикација „Предавствата и атентатите во македонската историја“ чии автори се Виолета Ачкоска и Никола Жежов, во издание на издавачката куќа „Макавеј“, Скопје 2004 година.

Покрај плејадата истакнати македонски револуционери и војводи (за кое ќе стане збор подолу во мојот текст) на истата страница - 215 за убиството - стои дека по налог на Тодор Александров е извршен атентат на истакнатиот македонски револуционер Ѓорче Петров, на 28 јуни 1921 година, еден од идеолозите на ТМРО, учесник на Илинденското востание и, покрај Гоце Делчев и Даме Груев, една од најмаркантните личности на македонското револуционерно движење.

Атанас Лозанчев, еден од тројцата членови на Главниот штаб на Илинденското востание, меѓу другото, ќе рече: „Тодор Александров уби повеќе луѓе отколку што загинаа во Илинденското востание, се претпоставува дека се над 40“. Бидејќи просторот не дозволува да се набројат сите убиени, еве само дел од нив: браќата Борис, Кирил и Димитар Костовски од село Кочариново, Коста Сандев од село Зараево-Солунско, Никола Сарев од Хисарлак, Сотир Лазаров и Јанчо Хајдушки од Горна Џумаја, Игнат Николов од Цариброд, Ташко Малев, Јордан Клинчаров и Атанас Георгиев од Горна Џумаја, Иван и Георги Савов од Ќустендил и стотина други македонски револуционери и војводи (види стр. 236 и 237) од гореспомнатата публикација.

И Тодор Александров, а подоцна и Ванчо Михајлов, секогаш се декларирале дека не се Македонци, дека Македонците се Блгари, дека не постои македонски јази, туку дека тој е дијалект на бугарскиот. Точно е тоа дека се бореле за автономна и обединета Македонија - ама таа да биде во прегратките на мајка Блгарија.

И на крајот сум ја прошетал речиси цела Народна Република Бугарија, ве прашувам зошто во сите поголеми градови најголемите и најглавните улици ги носат секаде имињата на Тодор Александров и Ванчо Михајлов, затоа што се Македонци или затоа што за цело време пропагирале и дејствувале како големи благонадежни Блгари.

ивор: Утрински весник
 
ADVISOR: Авторот на овој текст е „малку“ збунет како и членот што го постирал овој текст - измешале баби и жаби. Не верувам дека не знае дека и имињата Македонија , Гоце Делчев , Сандански, Даме Груев ... освен што се имиња на големи улици, се имиња и на плоштади и градови.

Според неговата логика и тие би требало да се благонадежни бугари и Македонија би била бугарска.

Некој нека му каже на тој новинар дека е тотално дезориентиран и не знам зошто некој би постирал вакви „докази“ за националноста на Михајлов и Александров. Последната реченица е трагикомична.
 
Авторот на овој текст е „малку“ збунет како и членот што го постирал овој текст - измешале баби и жаби. Не верувам дека не знае дека и имињата Македонија , Гоце Делчев , Сандански, Даме Груев ..... освен што се имиња на големи улици, се имиња и на плоштади и градови. Според неговата логика и тие би требало да се Благонадежни блгари и Македонија би била блгарска. Некој нека му каже на тој новинар дека е тотално дезориентиран и не знам зошто некој би постирал вакви „докази“ за националноста на Михајлов и Александров. Последната реченица е трагикомична.


„Предавствата и атентатите во македонската историја“ чии автори се Виолета Ачкоска и Никола Жежов

примарно е цитирана оваа книга:smir:.
А што мислиш ти за ликвидациите од Александров?
 
Брат извини ама ова ти беше жален обид да се извадиш. Автор на текстот во утрински и на последната реченица е Јовче Ангелески, Кичево:

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=CC895CA93B952F4DA54179D3F9B93D31

Има цитирано сосема малку од книгата (мојот коментар воопшто не беше за тие делови ) на историчарите а самиот си прави заклучоци кои ти проба неумесно да ги искористиш.

За атентатите не сум доволно запознаен (всушност не ме заинтересирало нешто посебно) за да коментирам. Ама логиката дека биле Бугари затоа што имало улици во Бугарија од нив беше ненадминлива. :LOL: Т

оа беше индиректно давање на бугарски карактер и на другите наши револуционери, што не верувам дека му била намерата на авторот на текстот бидејќи се гледа дека не му е толку развиен интелектот.
 
Убиствата и атентатите на Тодор Александров во времето од 1918-1924 год.
Јовче Ангелески, Кичево
Деновиве имав прилика да ја прочитам извонредната публикација „Предавствата и атентатите во македонската историја“ чии автори се Виолета Ачкоска и Никола Жежов, во издание на издавачката куќа „Макавеј“, Скопје 2004 година.

Покрај плејадата истакнати македонски револуционери и војводи (за кое ќе стане збор подолу во мојот текст) на истата страница - 215 за убиството - стои дека по налог на Тодор Александров е извршен атентат на истакнатиот македонски револуционер Ѓорче Петров, на 28 јуни 1921 година, еден од идеолозите на ТМРО, учесник на Илинденското востание и, покрај Гоце Делчев и Даме Груев, една од најмаркантните личности на македонското револуционерно движење.

Атанас Лозанчев, еден од тројцата членови на Главниот штаб на Илинденското востание, меѓу другото, ќе рече: „Тодор Александров уби повеќе луѓе отколку што загинаа во Илинденското востание, се претпоставува дека се над 40“. Бидејќи просторот не дозволува да се набројат сите убиени, еве само дел од нив: браќата Борис, Кирил и Димитар Костовски од село Кочариново, Коста Сандев од село Зараево-Солунско, Никола Сарев од Хисарлак, Сотир Лазаров и Јанчо Хајдушки од Горна Џумаја, Игнат Николов од Цариброд, Ташко Малев, Јордан Клинчаров и Атанас Георгиев од Горна Џумаја, Иван и Георги Савов од Ќустендил и стотина други македонски револуционери и војводи (види стр. 236 и 237) од гореспомнатата публикација.

И Тодор Александров, а подоцна и Ванчо Михајлов, секогаш се декларирале дека не се Македонци, дека Македонците се Блгари, дека не постои македонски јази, туку дека тој е дијалект на бугарскиот. Точно е тоа дека се бореле за автономна и обединета Македонија - ама таа да биде во прегратките на мајка Блгарија.

И на крајот сум ја прошетал речиси цела Народна Република Бугарија, ве прашувам зошто во сите поголеми градови најголемите и најглавните улици ги носат секаде имињата на Тодор Александров и Ванчо Михајлов, затоа што се Македонци или затоа што за цело време пропагирале и дејствувале како големи благонадежни Блгари.

ивор: Утрински весник
затоа што структурите кои и ден ден денс роварат во Македонија, чии предци беа на власт во периодот 45+ им го сервираа на Бугарите, всушност истите тие деца на Темпо користее фрагменти од нашата историја се со цел да се покажат и докажат дека ете всушност тие на некој начин се продолжението на исконскиот идеал на Македонецот за независна држава, во кои методи Надвојводата ))))) Тодор не им одговараше, неговиот лик и дело е константо цели 50 години деградиран.

Според академик Катарџиев, потпишувањето на познатиот Мајски манифест во Виена е најголем дострел во револуционерната аквивност на Тодор Александров во 1924 година со кого е постигнат договор за обединување на левите и десните македонски револуционерни сили. Манифестот е потпишан по преговорите што ги имал Александров со претставници на тогашниот Советски Сојуз и со Коминтерната. Тогаш е потпишана и посебна декларација според која иднината на Македонија повеќе не се поврзува со Бугарија, туку во една наполно самостојна држава, обединета во нејзините етнички граници, која би можела да се обезбеди во рамките на една балканска федерација.


 
И самиот Александров набргу ќе сфати каква голема грешка направил со тоа што го потпишал манифестот. Затоа ќе прави сè текстот на Манифестот да не дојде до јавноста. Во една пригода на својот истомисленик Александар Протогеров ќе му се исповеда: Кога ги читав, се накострешив. Големи пакости ќе се направат со нивното публикување, не само на борбена Македонија, но и на целото бугарско племе... Ќе помислиме како да ја поправиме таа наша грешка.
 
И самиот Александров набргу ќе сфати каква голема грешка направил со тоа што го потпишал манифестот. Затоа ќе прави сè текстот на Манифестот да не дојде до јавноста. Во една пригода на својот истомисленик Александар Протогеров ќе му се исповеда: Кога ги читав, се накострешив. Големи пакости ќе се направат со нивното публикување, не само на борбена Македонија, но и на целото бугарско племе... Ќе помислиме како да ја поправиме таа наша грешка.

Закон на Разбојник

Рајко Даскалов, кој со Стамболиски водеше жестока кампања против Македонската Револуционерна Организација, беше убиен минатото лето во Прага, каде што претходно бил Бугарски Министер. Неговиот убиец, Николов, после беше осуден, ослободен и одново притворен. Тој одново беше притворен врз основа дека бил агент на Тодор Александров, водачот на Револуционерите. Оваа серија на случаи го поттикна интересот за активностите на Македонците.

Сегашниот водач на Револуционерите е Тодор Александров, кого само што го посетив. Какви и да се мислењата за праведноста или неправедноста на каузата што тој ја брани и начините што ги употребува, тој и неговата организација одредуваат една интересна студија. Доживотно верен на вероисповедот “Македонија на Македонците” и Комита, Александров го презеде во 1919 година водството на револуционерното движење. Претходно живееше во Софија, ама беше апсен и затворен од Стамболиски. Со посредство на неговите пријатели избега од затвор и премина во Македонија, каде сеуште живее живот што треба да се види па да се поверува. Одлучувајќи се да организира револуционерно движење против Србите и Грците, кои со Мировниот Договор го добија поголемиот дел од Македонија, Александров го реорганизира стариот Македонски Комитет што постоеше во Турското, во 1893. Во исполнувањето на оваа задача тој нужно постана “разбојник” и цена од над 2000 долари беше ставена на неговата глава од Српските власти.

Тој живее номадски живот, посветен на создавањето на автономна Македонија. Секогаш пешки и секогаш по ноќе, Александров патува низ Македонија, но без влегување во големите градови како Солун или Битола. Преку зима живее во некое скромно селско куќарче а во летниот период спие надвор. Денски “мирува”, никогаш не останувајќи повекје од два или три дена во исто место. Пратен е од мала група верни другари. Главната преокупација на оваа група е да не влезат во судар со српските или грчките власти, но да ги посетуваат и да ги набљудуваат разните комитети кои во последниве три години имаат изникнато во скоро секое гратче и село.


Роден Борец

На поканата да го посетам Александров, признавам дека најпрво помислив за мојата лична безбедност. Во минатото Македонија има добиено репутација за бандитство и беззаконитост за којашто Револуционерната Организација можеби изгледала наклонета да ја развива. Но точно спротивното е во случајов. Со моторно возило, коњ и пешки преминав неколку стотини километри преку дива и планинска земја. Насекаде напредно селско население кажуваше дека кражбата и криминалот се нешта од минатото. Сепак сезоната и условите за патување ме натераа да здивнам воздишка на олеснување кога едно замаглено утро курирот, кој за време на целото патување беше апсолутно рамнодушен, шепотна “Сега ќе го видите Старио”.

Минута покасно го сретнав Александров - висок, јако граден 42-ве годишен маж, облечен во темно кафеава униформа, со белези на Организацијата. Со цврсти очи и усни, кои во разговор можат да бидат весели, но во одмор се многу строги, полна воена опрема, која што ретко ја вади од себе, пушка потпрена на ѕидот и Александров почна да ми раскажува зошто вака го живее неговиот живот. Тој има само една идеја, а тоа е евентуалната прокламација на автономна Македонија, со свој главен град Солун. Тој изјавува дека народот нема да одобри да биде владеан од Србите, Грците, Бугарите и затоа што првите две држави одбиле да му дадат на народот слобода во говорот или религијата, само вооружена борба ќе им донесе на Македонците тоа што посакуваат. Во врска со неговото располагање со муниција и луѓе, тој рече дека пошто целта на Македонците не е да одземат територија, туку да им го направат животот на властите невозможлив, повремени напади се нивниот начин на борба. Така не им била потребна било каква артилерија. Пешадиски би ја воделе борбата & ако планински коњи можи да се употребат по потреба. Тие беа добро снабдени со пушки бомби и амуниција, пошто последните неколку војни доведоа до наоружување на секој селанин.


Оружје и војска

Во врска со јачината на неговите сили, Александров вели дека само во Македонија можи да мобилизира 150,000 луѓе. Но нагласи дека голем дел од овие луѓе сега биле цивили и дека само неколку илјади Комити сега биле во воена состојба. Тој не спомна за Македонци надвор од границите, но се очекува во случај на востание повеќе илјади кои сега живеат во Бугарија ќе се приклучат на неговите бои. Запрашан за можната дата за револуција, одговори дека состојбите не биле доволно згодни. Со ова подразбирам дека Организацијата сеуште ги нема направено сите подготовки. Освен ова разбрав дека поголеми резерви на оружје и муниција ќе биле собрани. Александров продолжи да раскажува дека тој се надева Хрватите, Словенците и Црногорците евентуално ќе ги отфрлат законските со незаконски начини против Србија, можеби тогаш ќе има заедничко востание.

На прашањето дали компромис не е можен меѓу Организацијата и властите, тој одговори дека многу Срби сега населени во Македонија видоа дека сегашната ситуација е крајно неподнослива, но партијата на Пашиќ, главниот државник во Србија, изгледала непопустлива во нејзиното посакување да ја поништи Македонија. Но, тој објасни, “Турција проба да не поништи во безбројни години, ама не успеа и е важно да се запамти дека тогаш значителното турско население беше против Револуционерната Организација. Сега Турците се со нас и јас безпрекорно ви кажувам дека сме посилни од кога и да било претходно.” Александров призна дека има односи со Турција, но лесно се гледа дека не става многу доверба во надворешна помош. Неговото е Македонско движење, кое тој се надева да го здружи со другите народи кои сега се дел од Триуналното Кралство. Истовремено тој искажа волја од Организацијата да се покори на било која независна испитувачка мисија за ситуацијата во Македонија, од Големите Сили, Лигата на Нациите или група од независни журналисти. Додатно рече, ако не се успее да се добие автономија, Организацијата ќе го добредојде ставањето на Македонија под покровителство на Голема Сила, првенствено Англија.

За односите на Организацијата со Бугарија, се радуваше на падот на Стамболиски и неговите пратеници, кои, со цел да створат Федералистичко Македонско движење, беа првата Бугарска влада што отворено жестоко се спротистави на аспирациите на Македонскиот народ. Ги опиша Македонските Федералисти како група од две или три стотини луѓе платени од Србија, кои немаат влијание или важност. Нагласи дека македонското движење во никој случај не е упрвувано од Софија и категорично одби дека бил во Бугарија или да учествувал во Јунскиот “цоуп д’Етат”.

Зборувајќи за смртта на Стамболиски, ја одби идејата дека неговата Организација е одговорна за неа, но додаде дека е можно неговата смрт била извршена од еден или повеќе Македонци кои имале жалби против него. Од друга страна, призна дека убиството на Даскалов, кого го опиша како демагог на демагозите, било работа на Организацијата. Во врска со ова ми покажа протестно писмо што Организацијата го адресирала до Чехославачката влада околу новото апсење на Николов, убиецот. Александров смета дека штом Николов бил еднаш ослободен од Чешкиот Правен Суд, немало случај против него, но бидејќи Српскиот печат завзел толку непријателски и претечки став, така што Чесите “нашле” причини за неговиот повторен притвор.
 
Закон и Морали

Александров после се обрна на начинот со кој неговата Организација е одржувана и нејзините односи со цивилното население. Никој од неговите војници се платени. Наоружани се и облечени од Организацијата, а населението им дава бесплатно храна и престој. Народот плаќа прогресивен данок на заработка, кој е наменет само за купување на оружје и облека. На луѓето им е од полза да ја подржуваат Организацијата, бидејќи, како што Александров нагласи, “мнозинството од посиромашното население потполно не ја познава борбата за слобода, но сите знаат каде лежат нивните интереси”. Бидејќи Организацијата им носи големи придобивки. Има свои законски служби, на кои, така Александров кажува, луѓето им се жалат наместо на Српските или Грчките законски судови. Има и многу строг закон за моралноста на своето членство и иморалност во акција или говор е тешко казнета.

Освен репресирањето на сите врсти криминал, Организацијата направи реформи кои водат кон воопшто подобрување на животот. Има земено интерес во семејниот живот и го има прекинато системот со кој машките ги одбираа девојките кои им се допаѓаа, после земајќи ги за сопруги. Сега секоја девојка е слободна да си одбери сопруг кого го сака. Односите меѓу вработувачот и вработениот се наблудувани од Организацијата и пред извесно време важно прашање во тутунската индустрија беше регулирано. Во еден регион беше откриено дека откупувачите им плаќале на производителите70 лева за килограм, кадешто вистинската цена била 120 лева. Организацијата интервенира и им запрети на откупувачите, резултирајќи во поволна откупна цена и обештетените селани постанаа нејзините верни партизани.

Поседувањето на земја е исто така средено. Ако поседувачот посака да ја продаде својата земја, Организцијата инсистира на нејзината поделба меѓу селаните што работаат на неа, со номинална цена. Овие примери од активностите на Организацијата докажуваат дека убиствата и планирањето на револуции не и го одземаат целосно времето. Заснована на демократски принципи, Организацијата не зависи само од подршката на селаните. Побогатите класи го ценат нејзиното постоење, бидејќи претходно тешко се осмелуваа да патуваат, толкав беше ризикот да сретнат наоружани бандити. Сега ова е средено, и Александров наведува дека, со, како што изгледа е со голема доза на праведност, “Организацијата е населението, а населението Организацијата”.


Смртната казна

Толку многу се има кажано за силата на Организацијата да отстрани било која личност или личности кои се непријатели на нејзините стремежи, така што беше со голем интерес кога го читав листот на тие што беа осудени на смрт. Неколку веќе беа и убиени и Александров ме убедуваше дека редот и на другите сигурно ќе им дојде. Начинот употребен е ист како и во другите тајни општества. На човекот со должноста за извршување на убиството му е дадено одредено време за да ја заврши задачата. Ако не успее, тој самиот ќе биде убиен. Смртната казна обично следува после најмалку едно писмо со предупред, но во посебни случаи е извршена веднаш. Македонците по природа се таенствени, резултат од макотрпниот живот што го проживеале, но сепак е необично што никогаш не промашуваат да ја извршат својата одмазда. Можеби нивниот успех е во исклучителната форма на идеализмот кој го поттикнува членството на Организацијата. Секој поединец има задача и потпишувањето на смртна казна од Тодор Александров е сигналот за целата машинерија да проработи. Наредби, дури и најобичните, секогаш се предаваат преку рака. Редовен синџир на курири се протега преку Македонија денес. Бев сведок на делувањето на еден синџир и видов колку е прекрасно ефикасен. Секој курир има свој терен и пошто е од регионот низ кој патува, сите дупки му се познати. Понекогаш смртната казна, како во случајот со Даскалов, треба да се изврши во странство. Тогаш неофицијалните претставници кои Организацијата ги има во Софија, Цариград, Будимпешта и други Европски градови, се повикуваат да ја одиграат својата улога. Организацијата е фактички огромен октопод кој ги има разгрането своите краци преку повеќето од Југо-источна Европа. Стремежот на Александров е да еден ден таа има официјално акредитирани претставници во секоја европска држава. Сепак, дури и денес постои фактор во Револуционерната Организација кој ни голема ни мала Европска Сила можи да го запостави.

Зимскиот ден наидуваше при крај и дојде време да го напуштам Александров. Вечера од кокошка и ориз и да се полее, чај од липа, ни беа ставени пред нас. Александров јаде малу и набрзо ја фати својата омилена поза, седејќи со скрстени нозе, со главата навалена назад, очите полузатворени и рацете истегнати напред кон огнот. Мрачна суровост наидува на неговото лице и да се види таков е да се однеси со себе незаборавлив впечаток од извонреден човек. Целата посета изгледаше како сон. Можно ли беше да таква Организација постои во дваесеттиот век? Набрзо бев вратен кон вистината со самото излегување од куќата. Паѓаше снег и комитска група беше построена за смотра. Нејзиниот водач се одликувал во недамнешен судир против властите и Александров во кус говор го награди со Орден за Заслуга. Комитите, сите млади мажи, шест стапала и повеќе високи, го поздравија својот водач и после тивко си заминаа во строј. Неколку минути покасно напуштив со мојот не малку значителен телохранител. Александров ме испрати и истовремено тргна на 20-километарски пат до друго селце да го продолжи својот проповед “Македонија на Македонците”.
 
Ново Село, кое е едно од најстарите маала, и за време на турското владеање било единствен дел од Штип каде живееле Македонци, додека во останатиот дел од Штип живееле претежно Турци, Власи и Евреи, градот Штип брои 43.625 жители од кои 38.323 (87,85%) се Македонци. Во 1820 година, Штип имал 5,000 жители, а во 1850, 20,000 жители.[2]

Читајте и едуцирајте се, а не да бидете Влахофоби.
 
Што добија во Ниш Александров и Протугеров?Кој го нарача ибиството на Ѓорче Петров?Кој го изврши масакрот во Валандово?
дајте одговор а не ме маслосувајте што бил.:nenene::nenene:
 
ова го најдов на кајгана

Провери во централата на Државна Сигурност, од таму е нарачано тоа интервjу со Јоан Михаилу, а.к.а. Ванчо Михајлов, цинцар од Москополе. За оние што не знаат, и жена му на Михалиу, Мелпомена Крнчу, е етничка цинцарка (подоцна бугаризирана во Менча Карничева).

Ете така од етнички цинцар се станува "Бугар", декларативно, за пари и власт...
laugh.gif


Слично е и со Ксенофонт Дзиндзифи (Раjко Жинзифов) по потекло од москополските цинцари. Тоj прво се декларирал како Грк, но подоцна станал платен руски агент да шири пропаганда дека Македонија е бугарска земја.

Слично е и со уште еден македонски предавник, Киро Глигоров, коj е еден штипските цинцари од Ново Село, и е некаков далечен роднина на Ванчо Михајлов. Жена му Киро, Нада, е ќерка на Стојан Мишев, цинцар од Охрид, коj прво бил бугараш, па после Србите го плаќале повеќе и станал српски војвода.

Интересно е што наjголемиот дел од цинцарите се од град Гопеш до Битола. Порано градот бил голем, чисто цицарски и град, а сега нема ниту еден жител. Сите се иселени по Бугарија или Србија, а најинтересно е што оние од Бугарија сите се прават Бугари, а оние од Србија пак најголеми Срби. А потеклото им е од Москополис, влашки град со 200.000 власи од Албанија кој го уништил Али Паша Јанински во 1780 г. и тие се преселиле во јужен Епир, Тесалија или Македонија. Најголем дел дошле во Пелистер кај Битола, Крушево, Штип и Овче Поле и Кочани.
#22
 
Што добија во Ниш Александров и Протугеров?Кој го нарача ибиството на Ѓорче Петров?Кој го изврши масакрот во Валандово?
дајте одговор а не ме маслосувајте што бил.:nenene::nenene:

имаш документ дека Александров го нарачал?
а Ѓорче што бил тоа време? не бил министер за внатрешни работи на Бугарија?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom