Ада, би требало да продолжиш цитатот, што го даде од писмото на Александров до Александар Димитров, а во него подоле пишува:
Сте помислиле, се гледа, дека сте го уредиле наполно внатрешното управување на Бугарија и ги сметате границите на Царството за тесни за својот полициски талент, или ги сметате српската полиција и војска за неспособни или недоволни да се справат сами со своите внатрешни непријатели, па се јавувате Вие – кој знае за какви интереси – со своите органи во услуга на „братска“ Србија – на Србија на Пашич и Александар, која што ги згази договорите со Бугарија од 1913 година и го заграби подло срцето на бугарска Македонија, кога во 1919 година го задржа заграбеното и ј ги одзеде на Бугарија Струмица, Цариброд, Босилеград и др. бугарски покраини и се надвисна над престолнината на Царството речиси на пушчен истрел! ... со намера покасно да заграби до реката Искар или да излезе на Црно Море, горејќи ги сите бугарски книги и уништувајќи ја бугарската интелегенција....
Друг цитат од истото писмо:
Но што се однесува до Вашите обиди да праќате чети во Македонија, кои што ќе бидат во служба на нејзините поробувачи, јас не можам да ги одминам молкум и го сметав за свој долг да Ви го упатам ова писмо. Се разбира, јас не си правам илузија, дека Вие и Вашите другари ќе се вразумите и ќе престанете да ги правите тие лудории, трошковите за тоа ќе ги плаќа бугарскиот народ, плаќајќи ги скапо Вашите „подвизи“ кај Добро-поле, Радомир и Владаја, - а го испраќам ова писмо, за да се осветли свесниот дел од бугарското општество за новите „подвизи“, кои што му ги готвите.