Тоа е тоа!

  • Креатор на темата Креатор на темата Black Rose
  • Време на започнување Време на започнување

Black Rose

дете на цвеќето
Член од
12 февруари 2007
Мислења
1.972
Поени од реакции
38
Колку им обрнуваме внимание на моментите кои ни причинуваат задоволство и не прават среќни? Умееме ли да ги препознаеме и да се задоволиме со нив? Ви поминала ли некогаш низ глава помислата дека "Тоа е тоа, вистинското место и време". Сте почувствувале ли дека сте токму онаму каде што би требало да бидете, правејќи го она што сакате да го правите?

Моменти на потполна исполнетост и задоволство..... Сте ги имале? Опишете некој таков момент, како сте се чувствувале, каде сте биле, сами или со некој.....

И да уште нешто :)

Знаете дека тое е тоа додека трае или тек по некое време?
 
сум почувствувала такви моменти и сум ги препознала...и бидејки во тие моменти среката и задоволството биле големи и ме попречувале во размислувањето на др банални работи,не сум ни размислувала колку ке траат таквите мигови.само помислувам колку сум срекна нишо др не било важно:pipi:
 
Колку им обрнуваме внимание на моментите кои ни причинуваат задоволство и не прават среќни? Умееме ли да ги препознаеме и да се задоволиме со нив? Ви поминала ли некогаш низ глава помислата дека "Тоа е Сте почувствувале ли дека сте токму онаму каде што би требало да бидете, правејќи го она што сакате да го правите?

Моменти на потполна исполнетост и задоволство..... Сте ги имале? Опишете некој таков момент, како сте се чувствувале, каде сте биле, сами или со некој.....

И да уште нешто :)

Знаете дека тое е тоа додека трае или тек по некое време?

Секој имал такви моменти и секој ќе ги има во иднина...тие моменти доаѓаат спонтано и мислам дека треба максимално да се соживееме со нив и да заборавиме на се друго во тие моменти...а инаку ти си причината што од неодамна почнав да добивам такви моменти или подруго кажано "Тоа е тоа, вистинското место и време".....точно тоа за кое што предтоа сум размислувал и сум имал желба да ми се оствари токму со тебе и стварно им обрнувам внимание тоа се моменти како шо веќе кажа со потполна исполнетост и задоволство....:back:
 
Сум имал такви моменти, но обично ги распознавам покасно, од голема среќа дури и се забораваш, дури после сфакаш шо се случило и зошто си толку срекен, тоа е тоа .. значи треба да уживаме во секој ден на животот со други зборови сииз д деј. :smir:
 
Колку им обрнуваме внимание на моментите кои ни причинуваат задоволство и не прават среќни? Умееме ли да ги препознаеме и да се задоволиме со нив? Ви поминала ли некогаш низ глава помислата дека "Тоа е тоа, вистинското место и време". Сте почувствувале ли дека сте токму онаму каде што би требало да бидете, правејќи го она што сакате да го правите?

Моменти на потполна исполнетост и задоволство..... Сте ги имале? Опишете некој таков момент, како сте се чувствувале, каде сте биле, сами или со некој.....

И да уште нешто :)

Знаете дека тое е тоа додека трае или тек по некое време?

да сум имал моменти на потполна среќа и моменти кога сум викал тоа е тоа. Тоа е кога сум јас и личноста која најмногу ја сакам, секогаш кога сум сам со неа ми е таков момент момент на исполнетост, момент кога се чуствувам најсреќен на цел свет, и кога не мислам ама воопшто на ништо туку само уживам во таквиот момент. А да знаам дека е тоа додека трае
 
Никогаш не сум се прашувала во некој момент дали “тој е тој“ , зашто може да се случи додека јас мислам- моментот да помине.

Секогаш правам тоа што сакам и тоа што мислам дека треба да го направам во моментот кога ќе ми се пружи шанса да го направам.
Многу пати ми се случило да избрзам со некоја одлука, ама поминало веќе- не сум безгрешна, јебига.
Плус, многу сум нетрпелива и секогаш првата можност што ми се пружа ја искористувам.
 
Искрено, "тоа е тоа" имам доживаено 3-4 пати во животот...Само за жал, тоа чувство не може нас луѓето да не задоволи комплетно и да останеме да живееме само со тоа задоволствo...
Продолжуваме во потрага по нови "тоа е тоа" моменти:)
 
Сум имала такви моменти ама некогаш некои погрешно ги перципирам или ги испуштам...и после мноу се каам...ама дури после свајкам дека дошол тој момент али јбг веке поминал.....Се надевам дека друг пат ке отворам порано очи ...:toe:
 
~*~

Колку им обрнуваме внимание на моментите кои ни причинуваат задоволство и не прават среќни? Умееме ли да ги препознаеме и да се задоволиме со нив? Ви поминала ли некогаш низ глава помислата дека "Тоа е тоа, вистинското место и време". Сте почувствувале ли дека сте токму онаму каде што би требало да бидете, правејќи го она што сакате да го правите?

Моменти на потполна исполнетост и задоволство..... Сте ги имале? Опишете некој таков момент, како сте се чувствувале, каде сте биле, сами или со некој.....

И да уште нешто :)

Знаете дека тое е тоа додека трае или тек по некое време?

Нормално дека имам, само кај мене проблемот е дека сите тие моменти на душевен мир ги доживувам постојано со различни личности, на различно место и време ... веројатно ми се како one time thing.
Додека кога станува збор за мене лично, потполно сама, најзадоволна сум.Си готвам, си прередувам, си правам кафенце и пушејќи го цигарот слушам релаксирачка музика.

Тие моменти ми помагаат да останам позитивна и да продолжам да живеам.:gitarce:
 
Да, сум ги доживеала тие некои моменти, некогаш знам во моментот дека тоа е тоа некогаш по некое си разлислувања сфаќам. Почесто ми се случува покасно д увидам, пошто песимистички гледам на работите и страв ми е целосно да се впуштам во моментот мислејќи дека сум најсреќната во истиот. Знаете -радоста е чувствителна како капка роса додека се смее, веќе умира-, така да покасно увидувам на работите, и понекогаш многу ми е криво што така гледам на работите, кои после не можат да се вратат.
 
Мхм, свесен сум како при локална анестезија. Уживам во секој миг. Затоа и многу брзо ми поминува среќата. Бидејќи се во универзумот е во рамнотежа, а јас моите среќни мигови ги трошам максимално уште додека се случуваат, потоа ми остануваат само рачки од тапани, од трите подолгото или шипинки... :bip:
 
Секогаш кога сум до него,тоа е тоа.Се е убаво и немам замерки.Но кога сум далеку од него се случуваат работи кој ме вадат од такт и ја уништуваат помислата дека тоа е тоа..се чувствувам исполнето покрај него:pipi:
 
Ваквите моменти се застапени во мојот живот, само што проблемот е тоа што траат премногу кратко...баш кога ке си помислам-тоа е тоа-времето како да почнува да лета...но најважно е дека сеќавањето засекогаш ке го имам на сите тие прекрасни моменти.
 
Се случува додека си седам едноставно да ми пролета мисла „да,ова е тоа,вистински луѓе околу мене или јас на вистинското место - сеедно,срекна сум“!
 
Сум имал вакви моменти но периодично и со кратко траење!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom