.Sky.
Заменик министер без титула
- Член од
- 15 февруари 2013
- Мислења
- 6.857
- Поени од реакции
- 7.241
- Локација
- На Венера
- Веб-сајт
- www.facebook.com
Титаник повторно ќе плови: австралиски тајкун ги открил плановите за совршената реплика на проколнатиот брод – само со многу повеќе чамци за спасување.
Еден австралиски милијардер ги открил деталните планови за новиот Титаник - многу побезбеден од оригиналот, вели дизајнерот на бродот.
Титаник 2 „ќе биде апсолутно најбезбедниот брод во светот“, вели Марку Канерва од финската фирма што стои зад репликата. Меѓутоа, тоа не значи дека е „непотонлив“, вели рударскиот милијардер Клајв Палмер. „Сѐ може да потоне ако направите дупка во него“, вели тој. Меѓутоа, ако се случи тоа, бродот има доволно чамци за спасување и сплавови за 3.500 луѓе.
Тоа е повеќе од 2.435 патници и 900 члена на екипажот. Првиот Титаник имал чамци за спасување доволни само за една третина од оние што биле на бродот.
Од другите аспекти, сепак, новиот брод ќе биде неверојатно сличен на оригиналот. На една свеченост во Њујорк, која почнала со инструменталната верзија на „My Heart Will Go On“ од Селин Дион, Палмер открил некои од карактеристиките, пишува Дејли мејл:
• Со 270 метри, Титаник 2 ќе биде само 8 сантиметри подолг од својот претходник; тој ќе тежи 55.800 метрички тони за разлика од оригиналниот - 53.210. Направен од композитен челик наместо од дрво, трупот на бродот ќе биде посилен од претходниот.
• Максималната брзина на двата брода е иста: 24 јазли.
• За повторно да се оживее оригиналното искуство, на бродот нема да има телевизори ниту Интернет, а на патниците - повторно поделени во три класи - ќе им биде понудена облека од периодот на оригиналниот Титаник.
• Нема да има високотехнолошка сала за вежбање. Во согласност со оригиналот, макетата содржи опрема за вежбање во стилот на почетокот на 20 век, како вреќа за бокс и апарат за веслање.
• Како и оригиналот, новиот брод ќе има турски бањи, два „Милионерски апартмани“ и Кафе Паризиен.
• Веќе 40.000 луѓе се пријавиле за билети; 16 од нив понудиле „помеѓу 750.000 и 1 милион долари за да бидат дел од првото патување“, вели Палмер.
А тоа прво патување е закажано за крајот на 2016 година.
Видеа кликни тука
Според мене интересна идеја што на некој тајкун му текнало да го направи титаник 2 дел се надевам дека ова ќе премине во официјален проект за изградба негова и останува само да видиме што ќе се случи дали титаник 2 ќе го разбие малерот