Tips & tricks за заминување од Македонија (работа, визи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Meh
  • Време на започнување Време на започнување

Meh

Член од
15 април 2012
Мислења
1.341
Поени од реакции
2.211
Почитувани членови,

со оглед на тоа што на многу места низ форумот има политички превирања и секакви други муабети место есенцијалното - што ако некој што сака да си отиде од државава и процедури (заедно со работни места и совети за истото), време е за таква тема - совети и начини за заминување од Македонија, за сите заинтересирани (работни места и муабети за истото или визи).

Политичките превирања зачувајте си ги за во другите теми. Сите слични мислења - delete!
 
Последно уредено:
Канада 2015 експрес ентри визи. ај ако некој е запознат со ова нека дај некоја информација. Јас разбрав дека ќе примале 285.000 имигранти.
 
Тука за инфо, тука за сајт.

Стартува од 01.01.2015. До тогаш пратете го вториот сајт.[DOUBLEPOST=1415134878][/DOUBLEPOST]
до каде стигна работата.... жално, премногу жално.

Тоа е тоа. :(
 
Добро има 100 теми за работа во странство каде се дискутира за вакви прашања: за Германија, Британија, Скандинавија, Канада итн итн, не сфаќам што има потреба на уште една тема и какви „генерални“ tips and tricks очекуваш тука да се дискутираат. Ако имаш прашање за процедурата или совети за работа во конкретна држава или некого го интересира конкретно нешто да праша, има цел куп теми за такви прашања за секоја земја, незнам што фали сега уште една тема.
 
чекај сеа ти си бегаш или му помагаш на другиве да си одат :facepalm:
 
ај да го скршиме мразот;)
Јас би ви препорачал најпрво да се испробате со некаква - сезонска работа, да видите дали сте воопшто за иселување или сте големи носталгичари - па пола година надвор, пола во МК или пак сте луѓе со корен, кои не можат да издржат надвор и остануваат дома па какви и да им се условите односно неусловите - барем ќе сте начисто
можете да се испробате еве да речеме овде каде знаењето на француски и не е воопшто ко приоритет- доволно ви е англиски и цепајте 5-6 месеци на едно од најпрестижните места во ФР - Куршевел (Courchevel)
постојано имаат потреба од работници- без разлика дали е сезона (од 15 декември до 1 мај) или не- така да има големи шанси да ве ангажираат
Имате неколку плусови и неколку минуси за да појдете во Куршевел
првите се:
Сезоната секако е подобра ,имате можност за одлична заработка, и работа и забава, посета на разни дискотеки, ресторани, барови, кино, спектакли, голема раздвиженост, скијање, можност да се запознаете со куп интересни луѓе, претприемачи, олигарси, па дури и познати ѕвезди .потоа ко плус -имате чист воздух и можност да јадете еколошки чисти производи од местното производство, за 5 месеци сте повторно слободни во изборот- дали ќе се враќате или ќе продолжите. Бесплатен транспорт и во зимска и во летна сезона - имате бесплатни автобуси до блиските градови. Повисока плата - за разлика од останатиот дел на ФРанција. можност за одлични бакшиши - плус една плата месечно, бесплатен смештај, храна и плус имате разни карти со попусти во бутиците, баровите....
еве сега само некое линкче оти морам да прекинам;) , продолжетокот веројатно утре
http://mairie-courchevel.mycvtheque.com
официјалниот сајт на градоначалникот на Куршевел каде имате доста интересни понуди за работа, испратете мотивац.писмо
а овде од локаните работодавачи http://www.mairie-courchevel.com/
http://fr.fashionjobs.com/. - и барајте за
Courchevel
 
Џабе праите вакви теми. Нашите си помагаат. Јас бев у Швицарска 5 месеца. Сега и ми средија за работна виза. 3 месеца ќе работам и после ќе уживам.
Кога вашите ќе го направат тоа иди пиши.[DOUBLEPOST=1415268414][/DOUBLEPOST]
Канада 2015 експрес ентри визи. ај ако некој е запознат со ова нека дај некоја информација. Јас разбрав дека ќе примале 285.000 имигранти.

Ако успееш да конкурираш на ултра образованите Азијати, Индијци, Пакистанци, Бангладешани и слично. Они се со дипломи кои им се признаени во Канада.
 
Џабе праите вакви теми. Нашите си помагаат. Јас бев у Швицарска 5 месеца. Сега и ми средија за работна виза. 3 месеца ќе работам и после ќе уживам.
Кога вашите ќе го направат тоа иди пиши.

Искрено, во право си. Но нека стои темава, можеби и ќе се докаже спротивното.
 
Не се докажало у последните 100 години и нема ни сега ни во наредните 100.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh
Со термини како tips & tricks ништо не правиме.
 
ај да го скршиме мразот;)
Јас би ви препорачал најпрво да се испробате со некаква - сезонска работа, да видите дали сте воопшто за иселување или сте големи носталгичари - па пола година надвор, пола во МК или пак сте луѓе со корен, кои не можат да издржат надвор и остануваат дома па какви и да им се условите односно неусловите - барем ќе сте начисто
можете да се испробате еве да речеме овде каде знаењето на француски и не е воопшто ко приоритет- доволно ви е англиски и цепајте 5-6 месеци на едно од најпрестижните места во ФР - Куршевел (Courchevel)
постојано имаат потреба од работници- без разлика дали е сезона (од 15 декември до 1 мај) или не- така да има големи шанси да ве ангажираат
Имате неколку плусови и неколку минуси за да појдете во Куршевел
првите се:
Сезоната секако е подобра ,имате можност за одлична заработка, и работа и забава, посета на разни дискотеки, ресторани, барови, кино, спектакли, голема раздвиженост, скијање, можност да се запознаете со куп интересни луѓе, претприемачи, олигарси, па дури и познати ѕвезди .потоа ко плус -имате чист воздух и можност да јадете еколошки чисти производи од местното производство, за 5 месеци сте повторно слободни во изборот- дали ќе се враќате или ќе продолжите. Бесплатен транспорт и во зимска и во летна сезона - имате бесплатни автобуси до блиските градови. Повисока плата - за разлика од останатиот дел на ФРанција. можност за одлични бакшиши - плус една плата месечно, бесплатен смештај, храна и плус имате разни карти со попусти во бутиците, баровите....
еве сега само некое линкче оти морам да прекинам;) , продолжетокот веројатно утре
http://mairie-courchevel.mycvtheque.com
официјалниот сајт на градоначалникот на Куршевел каде имате доста интересни понуди за работа, испратете мотивац.писмо
а овде од локаните работодавачи http://www.mairie-courchevel.com/
http://fr.fashionjobs.com/. - и барајте за
Courchevel
Де вториот дел ако сакаш напиши го :)
 
Џабе праите вакви теми. Нашите си помагаат. Јас бев у Швицарска 5 месеца. Сега и ми средија за работна виза. 3 месеца ќе работам и после ќе уживам.
Кога вашите ќе го направат тоа иди пиши.[DOUBLEPOST=1415268414][/DOUBLEPOST]

Ако успееш да конкурираш на ултра образованите Азијати, Индијци, Пакистанци, Бангладешани и слично. Они се со дипломи кои им се признаени во Канада.
Bugar daj ne truj i tuka lugje, brkaj rabota tamo po drugi forumi
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom