Типографија

Комита Ултрас

Модератор
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.785
Поени од реакции
30.417
Локација
Скопје
Веќе најдов една тема со ист наслов во литература и јазик. Но, таа нема везе со оваа тема па ако мислите дека треба да се спои спојте ја.

Најпрво да напоменам дека типографија е многу поразлично од фонт. Едноставно кажано, фонтот е дизајн на букви и карактери, додека типографијата е вид креативност за креативно да се изменат фонтовите односно одредени карактери и глифови. Графичарите не ретко успеваат да пронајдат карактер на интересни места. Не станува збор само за промената на распоред, големина, дебелината и кернингот...туку целосно нов концепт на дизајн, типографски дизајн. Едно е да дизајнираш фонт, а сосем друго типографија. Типографија може да креира и цртач на графити или стрип цртач, но за да дизајнираш фонт од нула е друга работа. Сега да преминеме на главното...


Тие што не се дизајнери можеби нема да сватат но дизајнерите веројатно кога ќе им се спомне Кока Кола или Федекс им значи нешто така? Обичните луѓе прво ќе им асоцира на нивните услуги и на штетната Кока-Кола, но на дизајнерот би требало да му асоцираат перфектно дизајнираните логоа. И двете горе наведени земени како пример имаат одлично дизајнирани логоа, и затоа скоро и да не постои човек на планетава кој не го знае логоата, посебно она на Кока Кола.
Друго заедничко е што и двете имаат типографски логоа, значи фонтот игра главна улога. Сигурно сте забележале дека голем број познати компании користат слични или исти фонтови за логоа. Тоа е затоа што има одприлика десетина фонтови кои се најчесто користени во графичкиот дизајн и се омилени на повеќе дизајнери. Тие се и највлијателни а со тоа и најквалитетни. Еве ја листата:


1. Trajan
Доста влијателен серифен фонт. Дизајнот е инспириран од гравурите кој биле на Трајан (споменик во Рим) и по тоа го добил и името во 1989 година.
2. Frutiger
Прв пат се појавил на меѓународниот аеродром во Париз како основна форма за патоказите и знаците. Овој фонт е дизајниран од Адријан Фрутигер и до ден денешен широко распостранет. Во последно време и во веб дизајнот, посебно за големи наслови или слогани. Има и своја серифна форма и други варијации од истиот.
3. Univers
Исто така дизајниран од Адријан Фрутигер и има доста сличности со Хелветика. Првата замисла била фонт кој ќе може лесно да се чита и од многу далеку. Затоа споредбено со други има по малку поиздолжена форма, барем на прв поглед одблиску. Може да се забележи на аеродромот во Франкфурт, Swiss International Air Lines и Deutshce Bank.

За другите утре ќе напишам подолг пост зошто се сепак поважни.
 
18nm.jpg

33mg.jpg


Иако во денешно време ова се врзува најчесто со дигиталниот свет, типографијата постои уште од времето кога човекот го запишал првиот симбол или знак.
Типографијата или пишувањето играло и сеуште игра голема улога во нашето општество и начинот на комуникација.
Старите цивилизации имале доста развиени правила на пишување и почитување на знакот.
Со развојот и мешањето на цивилизациите, се развива и типографијата и начинот на комуникација.
Гутенберг несомнено најмногу придонесува за механизацијата и глобализацијата на типографијата.
Се појавуваат многу луѓе кои креираат фонтови, ги подобруваат и усовршуваат, некои како times roman воопшто не се променети од своето појавување, не вбројувајќи ја овде нивната дигитализација.

Ме интересира дали некој има познавање од Типографија и дали се познаваат нивните правила, карактеристики и правилна употреба? Дали типографијата во Македонија е развиена или сеуште заспана?

Би било добро ако има некој што се бави со типографија и фонтографија.

49ty.jpg



-------------------
oригинално од humanoid
 
Како што реков еве уште некој...
1. Helvetica
Без сомнение најкористениот и најомилениот фонт меѓу дизајнерите до денес. Овој санс серифен фонт е дизајниран од Макс Мајдингер и Едуард Хофман. Хелветиката ја има на речиси сите светски јазици, од грчкин хинду до јапонски. Дел од најголемите светски компании ја користат хелветика како дел од нивните логоа и и маркетинг кампања. Ќе напоменеме само неколку како AT&T, Microsoft, Toyota и многу други.

2. Futura
Футура е уште еден санс серифен фонт кој на големо се користи во графичкиот дизајн. Посебно за истакнување на наслови, слогани и слично бидејќи е дизајниран исклучиво од правилни геометриски форми. За прв пат се појавил во 1927. Има повеќе верзии на истиот од кои најпознати се Futura Black, Futura Display, Futura Condensed и др.

3. Garamond
Гарамонд е многу стар фонт. Се верува дека првичната верзија била направена од францускиот крал Францис I во 1540. Од тогаш претпрел многу измени и има варијации, но серифите останале. Денес помодерна верзија и распостранета е Adobe Garamond. Се користи во весници, списанија, а и во книгите на Хари Потер е дифолтен фонт.

4. Myriad
Специјално дизајниран фонт за Адобе во деведесетите години на минатиот век од Керол Томбли и Роберт Слимбах. Значи го има на сите пакувања и на сите производи на Адобе, на нивни реклами, официјални документи...значи нешто како корпоративен фонт. Има доста варијации.

5. Gill Sans
Прв пат се појавува во Англија во 1928. Драфтот е дизајниран и поставен од Даглас Клевердон а подоцна финиширан од Ерик Џил. Широко распостранет фонт, во некои земји официјален фонт на знаците во метроата и регистарските таблички поради неговата одлична читливост.

6. DIN
DIN е скратеница од Deutsches Institut fur Normung (Германски Институт за Стандардизација). Современ и модерен фонт. Многу компании го користат во својот корпоративен идентитет како адидас на пример.

7. Franklin Gothic
Сан серифен фонт дизајниран од Морис ФУлер Бентон. Фонт кој е три во едно: моќен, дебел и доминантен. Затоа најмногу се користи во реклами, постери, билборди и друг вид на медиуми.
 
Back
На врв Bottom