Комита Ултрас
Модератор
Веќе најдов една тема со ист наслов во литература и јазик. Но, таа нема везе со оваа тема па ако мислите дека треба да се спои спојте ја.
Најпрво да напоменам дека типографија е многу поразлично од фонт. Едноставно кажано, фонтот е дизајн на букви и карактери, додека типографијата е вид креативност за креативно да се изменат фонтовите односно одредени карактери и глифови. Графичарите не ретко успеваат да пронајдат карактер на интересни места. Не станува збор само за промената на распоред, големина, дебелината и кернингот...туку целосно нов концепт на дизајн, типографски дизајн. Едно е да дизајнираш фонт, а сосем друго типографија. Типографија може да креира и цртач на графити или стрип цртач, но за да дизајнираш фонт од нула е друга работа. Сега да преминеме на главното...
Тие што не се дизајнери можеби нема да сватат но дизајнерите веројатно кога ќе им се спомне Кока Кола или Федекс им значи нешто така? Обичните луѓе прво ќе им асоцира на нивните услуги и на штетната Кока-Кола, но на дизајнерот би требало да му асоцираат перфектно дизајнираните логоа. И двете горе наведени земени како пример имаат одлично дизајнирани логоа, и затоа скоро и да не постои човек на планетава кој не го знае логоата, посебно она на Кока Кола.
Друго заедничко е што и двете имаат типографски логоа, значи фонтот игра главна улога. Сигурно сте забележале дека голем број познати компании користат слични или исти фонтови за логоа. Тоа е затоа што има одприлика десетина фонтови кои се најчесто користени во графичкиот дизајн и се омилени на повеќе дизајнери. Тие се и највлијателни а со тоа и најквалитетни. Еве ја листата:
1. Trajan
Доста влијателен серифен фонт. Дизајнот е инспириран од гравурите кој биле на Трајан (споменик во Рим) и по тоа го добил и името во 1989 година.
2. Frutiger
Прв пат се појавил на меѓународниот аеродром во Париз како основна форма за патоказите и знаците. Овој фонт е дизајниран од Адријан Фрутигер и до ден денешен широко распостранет. Во последно време и во веб дизајнот, посебно за големи наслови или слогани. Има и своја серифна форма и други варијации од истиот.
3. Univers
Исто така дизајниран од Адријан Фрутигер и има доста сличности со Хелветика. Првата замисла била фонт кој ќе може лесно да се чита и од многу далеку. Затоа споредбено со други има по малку поиздолжена форма, барем на прв поглед одблиску. Може да се забележи на аеродромот во Франкфурт, Swiss International Air Lines и Deutshce Bank.
За другите утре ќе напишам подолг пост зошто се сепак поважни.