Селтик-Јувентус -1x , 1.90 коефицент
Во Шкотска не можеш да победиш лесно, го осети и Барселона тоа многу добро. Атмосферата ќе биде пеколна, Селтик ќе игра цврсто, така што сигурен сум дека Јувентус не победува во Глазгов.
Валенсија-ПСЖ - 1
Иако мислам дека ПСЖ ќе помине понатаму, нема да ја добие Валенсија од причина што не им одговара многу баш тој брз шпански фудбал, а и Валенсија на домашен терен е стварно добра и го има потребното искуство во ЛШ, за разлика од Французиве.
Реал-Манчестер -1
Субјективно мое мислење. Не оправам многу. Кој сака нека ме слуша.
Шахтјор-Дортмунд - 2
Шахтјор е малце преценет. Главните мотори во екипа беа Фернандињо и Вилиан. Вториов си замина во Анжи, така што остави празнина во среден ред, иако го доведоа Тајсор од Металист.
Клоп е доволно паметен, бар така мислам, да сфати дека сега е Фернандињо тој шо ги влече конците, да залепи фластер на него и скоро пола работа е завршена.
Ако игра Борусија онака како што игра и ако имаат ден Гетце и Ројс, победата е прилично сигурна.
Тоа е за текмиве во ЛШ, ја го изиграв тикетов, па ќе видиме вечер и утре што и како ќе биде. Среќно!